Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Моралните вредности ставени на испит

Вкупната состојба во општеството не е розова, но дали станува збор за феномен на општествена деградација?

Светлана Унковска

Што го натерало младиот капетан да застрани во криминалот ограбувајќи банки иако имал перспектива во градењето кариера во Армијата? Зошто тоа го прави човек што по завршена Воена академија и со стекнат чин, кому егзистенцијата не му била загрозена и имал можност да напредува во животот, се впушта во коцкање и потоа во разбојништво?

Ако се има предвид дека само пред неколку месеци двајца гардисти од редовите на АРМ се судрија со законот, од кои едниот осомничен за убиство, а другиот повторно за разбојништво на банки, се наметнува дилема дали како општество полека деградираме на полето на општествените и на моралните вредности. Јасмин Лесковица, еден од обезбедувањето на претседателот Ѓорге Иванов, беше осомничен за убиство, а неговиот колега, гардистот Салихамед Саид, за грабеж на Уни банка.

Експертите се внимателни во дефинирањето на тоа дали ваквите случаи претставуваат феномен што треба да го вклучи алармот дека етичките норми се спуштаат до критично ниво.

Од Генералштабот велат дека ваквите случаи му нанесуваат голема штета на угледот со кој АРМ се здоби во изминативе 18 години, не само на домашен, туку и на меѓународен план. Тие додаваат дека и покрај тоа што работат на подигнувањето на редот и на дисциплината меѓу нив, сепак, не можат да влијаат на тоа како поединците ќе се однесуваат во приватниот живот.

„Капетанот има чисто досие и во АРМ и во полицијата и не може да му најдеме никаква раска во досието. Кои се мотивите за ваквото негово однесување не можам да коментирам, бидејќи за ниеден од нив не знаеме што прави надвор од работното време и што му се случува во приватниот живот. Ова се поединечни случаи што се осудени од страна на сите припадници во Армијата“, вели Мирче Ѓорговски, портпарол на ГШ на АРМ.

Сепак, фактот дека не станува збор за вработен во некоја обична фирма, туку за институција каде што лицата, во согласност со Законот за служба во Армијата, претходно треба да поминат комплетна процедура за проверка на кадрите, не само систематски, туку и психолошки тестови и каде што задолжително се бара уверение за неосудуваност, што подразбира дека тие и во текот на службата треба да бидат под постојан надзор.

„Нема да останеме со скрстени ра��е, командантите во касарните се надлежни за зајакнување на редот и дисциплината. Дефинитивно ќе го зголемиме и надгледувањето на вработените и ќе се разговара со нив, иако и досега се одржуваа состаноци на воените колективи и единици, тоа се редовни мерки што и досега се преземале“, истакнува Ѓорговски.

Според професорот Илија Ацески, постои можност дека станува збор за двојна личност што претпладне е на висока позиција во одредена институција, а попладне се занимава со криминална дејност. Вкупната состојба во општеството не ни е розова, но дали станува збор за феномен на општествена деградација?

„Два-три случаи можат да бидат сигнал дека нешто се случува, но тоа станува феномен кога има многу поголеми размери. Може да се говори дека некои механизми во системот на тие институции попуштиле или едноставно не функционираат и тука треба да се обрне внимание. Генерално, во Македонија постои пад на системот на вредности во општеството што загрижува и кога тие стандарди се спуштени се губат и нормите на однесување во него“, вели професор Ацески. Во голема мера, додава тој, општествените вредности се веќе изгубени во транзицискиот период, кога навреме не сфативме дека со пропаѓањето на тој систем настануваат радикални промени и во самите институции, а правилата што важеа порано се изгубија.

За Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања не може да се генерализира дека станува збор за пад на моралните вредности поради тоа што некој западнал во долгови и избрал криминален начин за да се извлече. Таа смета дека не се потребни толку нови форми, туку постојана контрола во одредени периоди, зашто човек може триесет години да работи и три пати да се смени.

„Покрај сите проверки и контроли имало случаи во Армијата и во полицијата, како и во други институции, да има и убијци, и крадци, и силеџии. Треба да се проверуваат дали лицата што стапуваат во такви служби имаат криминални досиеја, но, исто така, не мора да значи дека некој со чисто досие нема да направи ништо понатаму. Сигурно биле на психолошки тестови, но не покажале знаци за нешто, сепак, може да се воведе зајакната контрола ако некој постојано се задолжува во Министерството и некому треба да му биде сигнал дека тука нешто не е в ред“, вели Симовска. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 3199 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 20.05.2010 03:46:36
rezultatot na oblozhuvalnicite poleka pochnuva da gi dade svoite rezultati, da znaete deka vo idnina ke ima se poveke sluchaji kade lugeto ke pochnat da pravat gluposti, i ovoj chovek koj shto bil naviknat vo oblozhuvalnicite na vakov nachin sakal da gi prikrie svoite dolgovi, bidejki kockata e bolest i te pravi zavisna, ako ne se pochne da se kontrolirat>zatvarat oblozhuvalnicite vo idnina ke imame mnogu rastureni semejstva,samoubistva,plachki ........zhal mi e za chovekot komu izgleda kockata go donela do ovj stepen
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 20.05.2010 04:38:27
A,be ARM nikogas nisto ne pokaza za poslednive 8 godini ,nadvor ,mislam zapadno od Gjorce Petrov pa se do Debar.Zemaa plati za badiala!A i Tie vo Avgaqnistan -avanturisti,a kogaj ce gi najde nesreca-smrt placat vo makedonija,A ,BE JAS NE VE ISPRATIV TAMU. Za mene poarni ce bevte ,da ste vo; Teovo,Gostivar,Kicevo,Debar,Struga ,vo Skopje ,zosto Skopje e saldisano.i vo Skopska Crna Gora!
Од: Borkata
Датум: 20.05.2010 05:24:47
Siromastijata ne tera na ovie gluposti. Koga nema pari doma, site se karaat i stanvaat polosi luge. Taka e segde! Ne e samo vo vojskata - vo sekoja sfera na Mk, lugeto stanuvaat polosi i po osteteni. Nema mesto za moralni vrednosti koga ti grchi stomakot od glad!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.05.2010 07:17:15
Додека владее непотизмот и партизирање на институциите на државата не можеме ништо подобро да очекуваме. Државата на тој начин ни се разградува - па што и да тврди било кој.
Од: Ljupco od Melburn
Датум: 20.05.2010 07:59:45
Pricinata za postapkite e ocigledna - toj bil pod vlijanie na kockanjeto. Na Zapadot ova e okarakterizirano kako bolest - zavisnost. Takvite lugje ne se vozdrzuvaat od bilo kakvi postapki da dojdat do pari...
Од: РОБ
Датум: 20.05.2010 08:50:34
На дечкото му излетале нозете од јорганот па сакал да го продолжи јорганот.Живот на висока нога не е предодредено на сите,тие се малку а и не дозволуват секој да е како нив, тие работат поорганизирано и делат а ако работиш соло-те апсат. Најверојатно од порано како тинејџер имал добар семеен буџет па сега секнало а и се проширил список на пороците.Се на се честитки до МВР.
Од: ARM
Датум: 20.05.2010 09:16:30
Точни се констатациите на двајцата професори, секој може да погреши или да се смени под одредени услови или влијанија. Ме чуди фактот кој беше изнесен во натписите дека тој должел околу 5000 евра на ГШ за земени аконтации. Како е тоа можно. По кој основ можат од благајна да му дадат аконтација и во предвиден рок да не ја врати. Што сториле надлежните ако биле информирани. Овде има елементи за кривична одговорност, злоупотреба на овластувањата. Не се ценат само сликањата на НГШ и патувањата, него и целокупната работа, функционир��ње и состојба во единиците и установите на АРМ. Не сакаат од МО и АРМ да признаат дека сите примени со врски и ургенции или се неспособни или се со настрани однесувања па затоа се интервенира да се примат надвор од предвидени процедури. Тоа е болката на нашето општество. Непочитување процедура за прием, за унапредување, за наградување, казнување и сл. Се функционира на база на „пријател - мој човек“. Безбедносните проверки се вршат формално за тие луге......
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.05.2010 09:55:03
Така е кога се примаат по национален клуч и деца на видни индивидуи во општеството.Првите двајца гардисти се примени по правичната застапеност а при тоа без никаков критериум.Капетанот е син на декан,така барем објавија медиумите,значи имаме ,,наше дете,,.Секаде во светот во армиите се прават интервјуа со аспирантите,да се процени психолошкиот профил на истите.По се изгледа тука тоа не се прави па ни се инсталираат во безбедносните структури криминогени елементи.
Од: Moris
Датум: 20.05.2010 10:00:30
Ete kako ne muvaat ovie od Armijata. A kako e izvrsena selekcija na oficerot da bide primen na Voena Akademija i da gi pomine site testov ili tatko mu Rose ja vrsel selekcijata. Kade e tuka semejstvoto, vospituvanjeto i slicno. Najverojatno mnogu ocekuvale od coekot. Inaku so seta pocit kon profesijata oficer izgleda deka nasata armija stanuva zarazena od losi vrednosti. Toa e storeno zaradi loso liderstvo vo armijata koe se bazira na nepotizam, licni relacii i protekcija. Decata na oficerite vraboteni vo armijata napreduvaat ekspresno zaradi nivnite tatkovci, drugi zaradi partiska pripadnost i tie odat vo stranstvo , praat kariera, dobivaat ubavi rabotni mesta i taka nataka. Loso liderstvo i toa e. Treba promeni pocesti da se smenat generalite koi i taka se JNA kadada odat vo penzija nekoj polkovnik da e nacalnik na generalstab i da se isfrlat site penzionirani oficeri od MO na RM angazirani kako sovetnici. Taka personalot ke se sredi i ke se svrti kon vrednostite i sistem na kariera.
Од: A.A.
Датум: 20.05.2010 12:00:27
Полн е градот (и државата) со вакви насилници, кои се вработени во полицијата или армијата или во агенции за обезбедување, удараат рекет, никој ништо не им може. По цел ден се коцкаат, јадат стекови и ориз и одат во теретана, па потоа ќе се начукаат и се тепаат по кафеани бркаат спонзоруши (курви). Овие веќе станаа типизирани ликови во Македонија. Време е некој да стави крај на овој талог од луѓе, без морал и етика, тешка простачана!
Од: Карокан-гамбит
Датум: 20.05.2010 14:19:40
АА,а кој да стави крај на овој талог без етика и морал,кога ист таков талог без етика и морал,го сместил овој талог на место каде не му е местото!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Просветлениот Фелих зборува како тоа се прави во светот,со тестови и интервјуа,со медицински прегледи за физичкиот и менталниот склоп на личноста за дадената позиција. Па и тука се прави истото,само што главното и основно внимание е партиската припадност,а особено партиското позиционирање.Со други зборови колку бил кадарен да испр��ти вулгаризми и навреди кон политичкиот опонент. Во народот велат=научи го кучето да дави во соседното стадо,тоа само ќе почне да дави и од твоето=!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Никола
Датум: 20.05.2010 14:35:43
Нема што да се чудиме тоа е плод на капитализмот и се повеке ке го има додека има многу богати створени на криминален начин. Има луге што пробат и они да станат на ист начин богати по криминален пат. Тоа во социализмот го немаше бидејки лугето ги откриваа и ги пријавуваа на тогашна полиција, а сега лугето немаат поверение во капиталистичката власт и не им помагаат бидејки во многу случаи и самата е вмешана. Таквите работи криминалот ќе се реши кога ќе дојде социалистичко општествено уредување.

Најди! во Утрински
Втора страница
Прашањето со името било како слон во соба
Вербатим
Среќни тутунари