Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Втора страница

Поглед

Среќни тутунари

Нина Нинеска-Фиданоска

Колку малку му треба на просечниот Македонец за да стане среќен. И веднаш дијаметрално да го смени својот став по одредено прашање. Тутунарите деновиве го докажаа тоа и на дело откако во два дена едноподруго дадоа толку спротивставени изјави што човек, просто, не можеше да поверува дали станува збор за истите луѓе, дали живеат во истата држава и дали зборуваат за истата Влада.

Првата сцена беше онаа во која револтирани од доцнењето на ветените пари, овие земјоделци фрлаа со дрвја и камења врз властите, бидејќи не успеале навреме да им ги исплатат ветените 60 денари по килограм тутун од ланската реколта.

Па слушнавме серија поплаки, во смисла дека Владата со нив си игра пинг-понг и секојдневно им ја одолжува исплатата, дека тие немале пари веќе ни за да преживеат, дека не можеле да си купат ѓубриво, нивите им останале неизорани, дека оваа држава не се грижела за земјоделството... и низа слични лелекања, од кои ќе помислите дека овие луѓе се толку несреќни и измачени, што просто солзи ви доаѓаат на очите.

А утредента откако осамна новиот ден и на тутунарските конта легнаа дел од државните парички, сето тоа зачинето со средба со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, веднаш се усреќија тутунарските лица. Настрана нивните насмевки, уште поинтересни или почудни беа изјавите од кои ќе се помисли дека Македонија сега станала рај за производителите на тутун, дека тоа било исплатлив бизнис, а нивното задоволство максимално. Па дури и ја споменаа 2005 година, демек тогаш цените биле очајни и немало стимулации, а сега се' било убаво и идилично во оваа гранка!!!

И така до следното доцнење на субвенциите...


#
Статијата е прочитана 1318 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 20.05.2010 00:27:25
Македонија е земја на циркузанти.Затоа и животот ке го поминеме во циркузантскиот жатор.Многу пати спомнуваното,дека со прост народ се има привидно јака држава.Тутунарите падна уште на еден коцкарски блеф.Ова година некои ке се офајдат за ланската реколта на тутун.За овогодишната,живи да бидеме па ке видиме.Но некои неможе да свтат ,дека направената дупка во буџетот ,ке ја осетат и тие што незнаат што е тутун.Сеуште обичниот граганин неможе да ги свати илузионистичките способности на ова влада.Некој ке каже дека ова е љубомора.Кога ке сватат,касно ке биде за сите.
Од: debrestanec
Датум: 20.05.2010 00:45:23
Zini zemjo i goltnime ,koga nikoj ne znae da si go ceni svojot trud osven aramiite. Ova cekanje vo red podseca na ponizenost i slabost na covekot koj proleal tulku pot kolku sto predal kilogrami tutun.
Од: marjan.pp
Датум: 20.05.2010 01:55:00
znaci: daj te mu rabota na ovoj narod i malku pari nema da misli na politika
Од: Blue fighter: Nikotinska idila
Датум: 20.05.2010 02:08:54
Megju Vladata i tutunarite,razbira se.Po donesuvanjeto na Zakonot protiv pusenje i zgolemenata propaganda za zastita na zdravjeto i cista zivotna sredina,Vladata im pokazuva na tutunarite deka se vodat od ekonomskata logika sto e obratnoproporcionalna na zalozbite da se namali proizvodstvoto i upotrebata na tutun so prezemenite merki.No,koj li sega kje sitnicari do tolku? Red plukanje,red falbi,a neizostaven del da se dodvorat i pokazat kako dosledni poddrzuvaci na portokaloviot mix e sporedbata so opoziciskite godini na vladeenje sto tutunarite mora da go spomnata za nasmevka na liceto na Grujo&comp.Do slednite subvencii isplateni so novo zadolzuvanje koe treba da go vrakjaat drugi i da mislat kako da ja popolnat dupkata sto e kako vulkanot na Island napravena od rasturikukjite od (kontra)revolucionernata partija.Mizerija na duhot i coveckoto dostoinstvo izleze pred ocite na site denes,koga tvorcite na macniot proizvod se naslikaa kaka kameleoni.Egoto na premierot vazno e zadovoleno.
Од: maki
Датум: 20.05.2010 02:35:03
FAKT: Vladata go ispolni i ova. Tutunarite ke kupat gubrivo i ke nasadat nov kvaliteten tutun. Makedonija poleka stanuva raj za tutunarite. FAKT: Vo 2005 cenite navistina bea ocajni i nemase subvencii, a nemase ni ekonomska kriza, ni grdenje na spomenici. Bi bilo posteno tutunarite ova da ne go zaboravat ako sakaat da imaat idnina.
Од: Nikotinska idila
Датум: 20.05.2010 07:54:47
Ovaa " nikotinska idila" nema dolgo da trae, bidejci e irealna i nelogicna. Koga kaj nas , a isekade niz svetot, a posebno vo EU se donesuvaat strogi zakoni za zabrana na pusenjeto i istoto se posmatra kako tezok porok, da se istovremeno stimulira proizvodstvoto na tutun i delat stimulacii so pari zadolzeni vo stranstvo e navistina bez logika. Toa e isto kako vo Kolubija da se delat stimulacii za proizv. na koka ili vo Avganistan za hasis, bidejci istite nosele dobri paari.Koga ce pocnat pristapnite pregovori za vlez vo EU , Mk ce bide prisilena da donese merki i a ogranicuvanje na proizvodstvoto na tutun, a delenjeto subvenci ce bide dalecen son. No sega se potrebni glasovi za odrzuvanje na vlast i visoki rejtinzi, pa ce se zamaat stranski zaemi i ce se delat subvencii bez nikakvi logiki.Vprocem ovaa Vlast i se odrzuva na glasovite od taa populacija.A koj ce gi vraca parite? E toa e vece drugo prasanje.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.05.2010 08:28:26
Каде уште се чека во редови освен кај нас?.
Од: marjan
Датум: 20.05.2010 08:57:08
Nesrekno izbrana tema. Mora da se potrudite poveke za da vo sektorot zemjodelie najdete nezadovolni. A taa sporedba so prethodniot perid i cinizmot apsolutno ne vi odat vo prilog. Pozdrav
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.05.2010 09:46:42
Отиде темата за разглабање по вода,а тоа дека земјата божем станала рај за тутунарите па богами нее далеку од вистината.Од оној пекол виножитен своевремено кога откупот беше во висина на субвенцијата сегашна а денешнава откупна цена од околу 4 евра за кгр.нормална е радоста.Сосема ја разбирам пак виножитната злоба,во недостаток на кредибилитет само тоа им останува, Тие се градски деца и се бават со многу висока политика,што знаат тие за земјоделие.
Од: јас
Датум: 20.05.2010 10:23:33
Секогаш постојат коњи за парада...Во сите тие тутнари кои стрпливо чекаа за пари , ќе се најде некој кој тоа чекање ќе го оправда и ќе посака да се изгребе кај оние кои ги смета за повисоко од него ( министер и компанија).. Но вистината , каде е во случајов?! Денес , 20ти мај , се’ уште гледам редици пред Тутунска банка во Прилеп.. Значи лага е дека сите ги добија ветените пари !!
Од: Goran
Датум: 20.05.2010 10:43:32
Do trpe Pa ova godina tutunarite zedoja pari ,kolku za site godini od vladeenje na SDSM.A to so se prosti(so gi vregas lugeto)treba vo SDSM da prasas zosto e toa taka?70 godini vladeenje uspejaa da stvorat takva obrazovana nacija kakva so e(60% so osnovno i nedovrseno osnovno obracovanie i samo 6,5% visoko obrazovani i.t.n)i sega se,se vraka kako bumerang . I ako sakas da plukas tolku ,barem odberi nekoja druga tema kaj so realno ima osnova za plukanje.
Од: kire
Датум: 20.05.2010 13:04:46
Golema e lagata koja se objavuva po mediumite bideki subvenciite za tutunot se pushteni selektivno, odnosno isplatena e premijata samo za mal del od tutunarite za da nema revolt i toa ako se od ist kombinat pari za site NEMA.

Најди! во Утрински
Втора страница
Моралните вредности ставени на испит
Прашањето со името било како слон во соба
Вербатим