Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Анализа

Македонски Состојби

Кичот врвен приоритет на власта!

Манчо Митевски

Антиквизацијата и „Скопје 2014“ станаа врвен приоритет за сметка на економијата

Како може вие, новинарите, седејќи во кафулињата на улица „Македонија“ да знаете што мисли народот. Ние знаеме, бидејќи сме постојано со народот на средби, трибини, поставувања камен-темелници - знаат да кажат првите луѓе на власта. Но, во својата опиеност од самите себе и од моќта на власта, веројатно, не ни помислуваат дека тоа што тие го гледаат и го слушаат не е реална слика, бидејќи на тие манифестации доаѓаат само приврзаници на власта и вработени во институциите. Тоа се оние 25 отсто што гласаат на избори за нив, односно исто толку од анкетираните во испитувањата на јавното мислење. Она што владетелите го занемаруваат е огромниот дел од околу 75 отсто граѓани што или не гласаат или гласаат за други партии на изборите. Не помислиле на оние 50 отсто неопределени и 25 отсто што се определуваат за други партии, што е приближно на оние што се определени за владејачката партија во рејтинг-истражувањата. Тука е и незаобиколното стаклено ѕвоно на кабинетите (селектирани и само позитивни информации), дополнето со медиумските платеници на власта, кои го хранат егото на лидерот со пофалби што тој сака да ги слуша.

Така, сивите реални состојби во земјата, добро измиени и нашминкани, стануваат розови, а владејачката врхушка со својата машинерија ги пласира во јавноста. И, што е најлошо власта со текот на времето почна и сама да верува во шминката! Потоа, лажните перцепции на стварноста лесно создаваат несоодветни приоритети, кои се резултат на микс на личните и партиските со државните интереси, при што се остваруваат првите за сметка на вторите. Кичот, во поширока смисла, односно сфатен како нешто неквалитетно, несериозно, непотребно, надвор од разумот и можностите, под нивото на мнозинското поимање на граѓаните, несоодветно на општите состојби во државата и општеството, поради изместените перцепции на власта, станува основа, камен-темелник на нејзините приоритети. Значи, власта остварува кич - е логичниот заклучок кога низ оваа призма се анализираат нејзините врвни приоритети. Докази и илустрации за ваквата констатација има милион. Ќе набележам само неколку најважни и најочигледни.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ги добија изборите во 2006 година со својата програма во која доминираа ветувањата за економијата или попрецизно - намалувањето на невработеноста и на сиромаштијата и подобар живот на граѓаните со инвестициски бум и заживување на македонското стопанство. Дури се излезе со стратегија за двегодишен мораториум на политиките и на меѓунационалните прашања. Врз таа основа беа правени и владините коалиции и со партиите на Албанците, прво со ДПА, а потоа со ДУИ. Приоритет беа и НАТО и ЕУ-интеграциите. Кога ќе се направи пресек - во каков стадиум на остварување се овие круцијални приоритети, за жал, може да се констатира дека се многу полоши отколку кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2006 година.

Затоа, пак, други приоритети, што немаа врска со пошироките интереси на граѓаните и на државата, станаа примарни. Во 2008 година по дебаклот во Букурешт, Груевски наместо да го реши проблемот со името, кој се постави како услов за НАТО, приоритетот прием го замени со чисто партиски приоритет - предвремени избори за да добие уште поголемо мнозинство во парламентот и, наводно, одврзани раце за реформи. Тие реформи по убедливата победа се претворија во дисконтинуитет на процесите, партизација на институциите и вмроизација на општеството. Се постави бескомпромисен приоритет - името не го даваме наместо да се направи консензус со другите политички субјекти и да се определи заедничка државна стратегија и преговарачка позиција. Се отфрлаа сите можности за компромис, а како комплетно врзување на рацете беше определбата во партиската програма народот на референдум да одлучи за името. Сега власта ретерира со поголтнување. Прво се залагаше за двојната формула, па почна да плаче за референцата, а само прашање на време е кога ќе биде поборник на додавка на името.

Потоа од некои темни визби и од некои замрачени умови произлезе нов приоритет - антиквизација, односно барање на националните корени и нов идентитет подлабоко од оние што ги имаме. На антиквизацијата како врвен приоритет и' се додаде уште еден аргумент: изградбата на спомениците, мостовите, фонтаните, катните гаражи, зградите за партизираните институции - наедно биле и капитални инвестиции со кои ќе се придвижело македонското стопанство во услови на криза!? А, кога сме кај кризата, додека за другите земји приоритет и начин за справување со неа, беа евтините кредити од ММФ, нашата „мудра“ власт бегаше од оваа институција. Со тезата дека сами ќе се справиме со кризата, насекаде се задолжуваше под многу неповолни услови и не им плаќаше на домашните фирми што работеа на нејзини проекти, така што долговите што ги направи ќе ги отплаќаат многу идни генерации. Да биде апсурдот поголем, одеднаш, откако скапо се задолжи насекаде и му создаде огромни проблеми на стопанството, реши да склучи аранжман со ММФ!

Конечно, тезата - подобро да се гради нешто отколку ништо се покажа како блеф, односно дека власта повеќе ја интересираат приоритети што оставаат моментален впечаток наместо приоритети што ќе решаваат сегашни проблеми и ќе останат наследство на генерации. Значи, ��а Владата се најзначајни училишните сали, селските игралишта, тениските терени, административните згради, спомениците, лавовите... Јас не мислам дека некои од нив не се незначајни, но приоритет на сегашноста и на иднината треба да бидат санациите на постојните и изградба на нови болници, училишта, старски домови, патишта, пруги, централи...

Кога ќе се види сево ова, веднаш се поставува прашањето - зошто пропаднаа првичните приоритети на власта: економија, вработеност, подобар живот, инвестиции, прием во НАТО и во ЕУ? Објаснувањето е многу едноставно: Владата има двојни приоритети. Едните се јавни, напишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Преродба во 100 чекори“, кои служат за фрлање прав в очи на правоверното членство и на граѓаните, бидејќи не се остваруваат. Вторите се тајни и се вадат пред јавноста како свршен чин: вмроизација на државните институции и на македонското општество и антиквизација на македонската историја и идентитет. Се остваруваат само овие два приоритета, бидејќи се во функција приоритетот над приоритетите - останување на власт на владејачката врхушка и нејзино богатење.

Сево ова веќе сериозно ги руинира програмските и особено прагматичните приоритети на актуелната власт, кои и онака во својата супстанција се проблематични, бидејќи се контроверзни, базирани врз партиски и лични интереси и врз некои неосмислени проекти. По четири години од доаѓањето на актуелната политичка групација на власт, односно по половина од продолжениот мандат на предвремените избори поради неисполнетите ветувања и поради трендот на континуиран пад на довербата и рејтингот, власта веќе почнува да го губи и легитимитетот, што налага наскоро ново одмерување на силите на избори.


#
Статијата е прочитана 1525 пати.

Испрати коментар

Од: miki
Датум: 16.10.2010 12:17:51
eh sreken sum sto posle 3 godini vie novinarite pocnavte ama bas OBJEKTIVNO I REALNO da pisuvate...se sekavam vo 2007 po vesnicite nemase nitu edna kolumna nitu eden tekst za glupostite i farbanjeto koe go praese vladata....ama ako...so toa sto ne pisuvavte togas im davavte hrabrost da se glupiraat use poise za da sega ko bumerang im se vraka...arno vikat starite....samo taka druze...vie novinarite ako ne im gi rasvetlite zamatenite umovi na vmrovcite, a i na drugite, veruvajte vo ovaa drzava i nema koj!
Од: ...
Датум: 16.10.2010 12:29:45
КИЧ е преблаг збор за да го опише тоа што реално се сучува во оваа “луда куќа“.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.10.2010 12:41:44
Пак каснење со коментари,помина Скопје 2014 сега е во мода лустрацијата и тоа како да се одбранат кодошите од,,нашиот сокак.Инаку авторот ништо не пишува за панданот на Скопје 2014 викан Струмица 2014.Па не пишува за срамењето на опозицијата за од својот охридски градоначалник да протежира братучеди за урбанизирање плацеви.Па мораа таму да гласаат воздржано од срам.
Од: Сергеј
Датум: 16.10.2010 13:42:15
Прашањето со кое премалку се занимаваат „експертите“ а уште помалку „обичните“ е: од која причина на Груевски му е потребна таа налудничава „антиквизација“, кога единственото нешто кое се постигнува со неа е само давање повод на Грција и понатака да кажува дека тоа е доказ за узурпаторското расположение на „северниот сосед“?! Претседателот Иванов на почетокот на својот чемерен мандат кажа дека атиквизацијата е „нешто меѓу пркос и инает“ кон Грција, ама испадна дека тоа е терање вода на грчката воденица. Па, кој во оваа држава е грчки „платеник“, опозицијата или премиерот?! Секој нека ја искористи логиката.( http://otpor.log.ph/ )
Од: nenad
Датум: 16.10.2010 14:32:46
Кичот е естетски идеал на комунизмот ( Милан Кундера). А ова сега е полошо и од комунизмот!
Од: tihi
Датум: 16.10.2010 14:43:23
Antikvizacija ,Skopje 2014 .Antikvizacija ,Skopje 2014 ,Antikvizacija ,Skopje 2014.Povtoruvanjeto e majka na znaenjeto. Antikvizacija Skopje 2014 .Antikvizacija Skopje 2014. Bre ova Arapive so piramidive mi se praat golemi Egipkjani ,kako ne im e sram. Izgleda deka deluva.
Од: Феличита
Датум: 16.10.2010 15:11:14
Среќко бега од спомениците како ѓавол од крст!
Од: Трпе
Датум: 16.10.2010 16:45:11
Кога некој е сиромав со идеи а и училиштето го има завршено со препишување, што му останува друго освен да копира лажни производи.А имат и некоја случајна интересна идеа, како да ја намалат невработеноста.И старо и младо запишуват на факултет или ги праќат на дообука за тесари,садоперачи или келнери во странство.
Од: zoki
Датум: 16.10.2010 16:54:59
Feliks a sto ne napises ti za Sutka 2014 ili Sopiste 2014.
Од: Stojko
Датум: 17.10.2010 13:43:24
Znaci znaev! Koga go vidov naslovot, znaev deka feliks ke se javi. Porano imam napisano na koi klucni zborovi e dresiran. Veke stanuva monoton.
Од: Миле - Охрид
Датум: 17.10.2010 15:38:52
Додека постои опозиција што има единствена точка во својата програма, а тоа е: Прифаќање на грчките шовинистички уцени како единствено решение за сите проблеми во државава, Владата ќе ја има целосната поддршка. Може комотно да владее. Македонците никогаш нема ( во демократска постапка) да дозволат на власт да дојдат луѓе кои ја оцрнуваат, девалвираат, дестабилизираат својата дежава, со цел таа да се обезличи и како таква да исчезне од картата на светот. Македонија и Македонците ќе опстојат и покрај вашите деструктивни дејствувања. Доколку, пак, се јави опозиција кој уште посилно ќе застане во одбрана на правото на македонскиот народ да постои, тогаш таа ќе добие аргументи подршка за критика на сите слабости што ги има оваа Влада.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.10.2010 19:37:55
Воопшто не е закаснет текстот на авторот,затоа што Кичерајот секојдневно се доградува,во илјадници чекорчиња.Во архитектурата имаме псеудобарок!Во уметноста,кај кичфигурините кои тие ги нарекуваат скулптури,имаме појава на Најцрн псеудосоцреализам со свои корени во Ташкент!Ликовно-архитектонски Ужас кој се нарекува преродба (всушност,малоумна ренесанса)!(www.ajvandoktor.blogspot.com)
Од: ivana
Датум: 18.10.2010 08:45:04
Narode makedonski vmro-ovcive dojdoa na vlast samo da gi sredat site raboti vo makedonija i da izgradat se sto ne trebese da se izgradi vo skopje i posiroko i da se isperat narodnite pari da gi vrabotat nepismenite pajtasi i da stavat kraj na bilo kakov razvoj na Makedonija ,sega e veke kasno ,da se ispravi se ova sto go unakazaa po niven nezakonski terk.

Најди! во Утрински
Анализа






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy