Хороскоп
ОВЕН
Идеален ден за се' што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите односите се нарушени, потрудете се да не бидете вие тоа лице што ќе ги поправа. Без оглед на успехот треба да се биде реален во проценатa.
БИК
Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение и здравите резони, заблагодарете им се на партнерот и на пријателите - тие сесрдно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто.
БЛИЗНАЦИ
Многу Близнаци ќе бидат поврзани со јавниот живот. Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата или во занимавањето со спорт.
РАК
Убавиот период продолжува. Посебно ве радува богатиот емотивен живот. Но, што е многу, многу е. Прашајте се дали можеби претерувате со изливи на нежност и отвореност кон саканото лице. Реагирајте уште утре, поради тоа може да паднете во немилост. Разум или чувства? Најдобро е некоја златна средина.
ЛАВ
Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди, исто така, постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.
ДЕВИЦА
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците, предизвикани од вашата нервоза и пречувствителност. Доколку не сакате да правите шеги на своја сметка, немојте тоа да им го правите и на другите. Ќе имате можности за патување, било да станува збор за работа, или за одмор, а се знае дека тоа најмногу го сакате.
ТЕРЕЗИЈА
Пречувствителни сте на надворешните удари, а особено сте неспособни да го увидите својот степен на одговорност. Не ги обвинувајте ��ругите за своите неуспеси. Размислете за тоа колку самите сте одговорни за нив. Најлесно е да им ја префрлите одговорноста на другите, но со тоа ништо нема да постигнете.
СКОРПИЈА
Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие, по правило, носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се', ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, во смисла на бегство од пропаднатата врска, или помирување со маните на партнерот.
СТРЕЛЕЦ
Се' е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Овните, кои единствено во ваше друштво не се непријатни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се' уште имате нерешени проблеми, почекајте уште неколку дена за да ја донесете конечната одлука.
ЈАРЕЦ
Бидејки се' држите во себе, можете да си го загрозите здравјето. Не се обѕрнувајте на околината. Таа не е вредна за вашето внимание, туку свртете се кон оние работи што ви претставуваат задоволство. Само така ќе ја надминете кризата во денот. Емоциите, речиси секогаш лажат, разумот никогаш.
ВОДОЛИЈА
Избегнувајте возбуди и насилство. Проблем на денот е мрзеливоста, која делумно ви ја отежнува реализацијата на една важна задача. Се советува до средината на ноември да не вложувате пари, не почнувајте работи, туку завршувајте ги. Можни се полесни здравствени проблеми.
РИБИ
Занимавањето со разни работи и спорт ви помага да се чувствувате фантастично. И натаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и со сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и за финансиски вложувања.
|