Што прават денеска
Искра Шукарова
кореографка
Ден исполнет со обврски и со задоволство. Вечерва во МКЦ од 20,30 часот е отворањето на третото издание на фестивалот на современ танц „Локомоушн“, на чија организација во последниов период бев многу посветена. Вечерва имаме две претстави - од Словенија и од Швајцарија. Во рамките на фестивалот во МБУЦ се одржува и работилница за драматиката во танцот.
Ванчо Димовски
ракометар во РК „Металург“
Релативно релаксиран ден без големи обврски, освен тренингот во 12 ч. Остатокот од денот му го посветувам на семејството и времето тече според инспирација. В недела, пак, веќе е поангажиран денот - со патување во Битола, каде што го играме првенствениот меч со „Пелистер“.
Сашо Тасевски
актер
Претпладнето ми е целосно исполнето со децата и со нивните желби, со оглед на тоа што останувам единствен родител во домот. Кога ќе се врати сопругата, можам да се посветам малку на себе, т.е. на работа врз новиот роман. Вечер имам проба на монодрамата што ја подготвувам, според текст на Борче Гроздановски, а во режија на Ристе Алексовски. |