Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

ПАП-реклама

Јасмина Јовановска

Со двегодишната реклама за ПАП-тест, заврши и превентивата за жените еднаш годишно бесплатно да одат на гинеколошки преглед. Сега,државата ќе дава пари жените да прават бесплатен ПАП-тест секоја четврта година. Ако жените сакаат порано да се проверат, ќе мора да платат од свој џеб, партиципација или целосен преглед.

И со кампањата за бесплатен ПАП-тест не беа опфатени тие за кои беше наменета - неосигурените жени. Многу не помогна ни тоа што ПАП-тестот беше бесплатен. Ако бесплатната акција не помогна да ја пробуди свеста кај жените за ракот на матката, како тогаш државата сега кога се плаќа, да ги натера жените да се појават во гинеколошките ординации.Додека траеше акцијата на сите страни, се трубеше колку е важно да се прави еднаш годишно ПАП-тест. За да дојдат на преглед, жените се заплашуваа дека ракот на грлото на матката коси. Се' беше наменски, требаше да се потрошат парите и да се покаже колку е успешна акцијата и дека Владата нешто работи и во сферата на заштита на жената.

Но, ракот коси и сега, а жените на бесплатен тест може само на секоја четврта година. Како тогаш државата планира жените да ги заштити од ракот на репродуктивните органи. Дали и во превентивата, Владата најде начин за нејзината популистичка политика?

Здравствените власти се правдаат дека бесплатниот ПАП-тест еднаш годишно не е медицински издржан. Зошто тогаш на жените не им беше речено дека ова е кампања, и во нормални услови не треба толку често да се прегледуваат. Министерството за здравство се повикува на препораката СЗО дека ПАП-тест треба да се прави на четири години. Па, СЗО и за многу други работи препорачува, па не ја слушаме секогаш. Зошто мора и сега. Или снема пари, па сега ќе се повикуваме на СЗО.


#
Статијата е прочитана 1497 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 30.11.2010 12:38:51
Јасмина уште малце овие ПРЕРОДБЕНИЦИВЕ ќе донесат закон на секои 4 ЧЕТИРИ години пациентите одат да вадат заб.Дали боли или не мора да си издржаш.Така им текнало на ВЛАДАТА.
Од: deli
Датум: 30.11.2010 12:46:43
Temata e mnogu važna, no sakam ovde da kažam drugo: umešnosta na novinarot e, da napiše "kratko i jasno" toa što saka da kaže - iako priznavam, deka ne e vozmožno toa za site temi... Demek, pofalba za kratok, jasen i seopfaten text. Pozdrav
Од: јас
Датум: 30.11.2010 16:07:49
И досегашните „бесплатни “ тестови ВООПШТО НЕ БЕА БЕСПЛАТНИ !! Од страна на приватните, матични гинеколози беа наплаќани 500 ден.ако сами си го носите примерокот во Клинички на испитување , или 1000 денари , ако го однесат од кај гинекологот...
Од: kole
Датум: 30.11.2010 18:09:01
A koj veli deka dosega bile besplatni...........ste bile li kaj privaten ginekolog, pa da vidite kako ke ve odere...........
Од: Doktor
Датум: 30.11.2010 21:41:37
PAP test se preporacuva za site zeni postari od 18 godini ednas godisno. I togas, lazno negativni resultati se okolu 20%. Prodolzuvanjeto na periodot megju testiranjata e od finansijski pricini, ali se zgolemuva rizikot od lazno negativen rezultat. Koj ne veruva neka klikne na www.bioscicon.com da se educira.

Најди! во Утрински
Втора страница
Самобендисаните од Б1 телевизија
Вербатим
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars