Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Тенорот Благој Нацоски го разврза „македонскиот јазол“ со новинарот на РАИ

Новинарот ме вадеше од кожа со своите непристојни коментари, вели Нацоски за написите на новинар на РАИ

Енио Ремондино, новинар на угледната и моќна италијанска државна телевизија РАИ и повремен дописник од Балканот, кој поради сопствено незнаење во репортерските записи Македонците ги нарекувал „Славобугари“, по средбата со нашиот оперски пејач Благој Нацоски, не само што го сменил ваквиот начин на непристојно известување туку и во својот текст насловен како „Јазолот на македонската нација, приказна што се' уште раскарува“ признава дека направил „огромна грешка со Македонците Славобугари“ и ветува дека подобро ќе ја проучи историјата.

Македонскиот тенор Нацоски случајно го сретнал Ремондино во авион патувајќи од Скопје кон Рим и кога го забележал, не можел да се воздржи и да не му се обрати.

„Она што му го реков е дека не треба во своите извештаи да не' нарекува ни Бугари ни Словени, туку едноставно Македонци. Му реков да се повика на последниот попис на населението во Македонија за да види колку Македонци има во Македонија, а потоа да провери колку Македонци што го говорат истиот јазик има и во Грција и во Бугарија. Му реков да се информира и за Букурешкиот договор од 1913 година, а кој тој воопшто и не го знаеше. Му кажав за првото заседание на АСНОМ и за многу примери за македонската национална свест уште во 18 и 19 век. Новинарот ме вадеше од кожа со своите непристојни коментари. Иницирав и петиција меѓу Македонците што живеат во Рим. Кога го видов во авионот, не можев да не му се обратам“, изјави за „Утрински весник“ врвниот македонски тенор со светско реноме Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија.

„Тој внимателно ме ислуша и не се противеше, туку напротив, ми побара материјал, односно книги каде што може да прочита за Македонија. Веќе му подготвив листа на книги за Македонија, а тој во својот напис вели дека ми ветил дека ќе се информира за Александар Велики и за Аристотел. Тој, всушност, ми вети дека ќе се информира за Македонија, а не ги спомена нив“, со што Нацоски потврдува дека италијанскиот новинар и навистина се информирал за Македонија.

Ваквата тет-а-тет средба или, како што ја нарекува Нацоски, дипломатска акција „човек на човек“ резултираше со репортерски запис на новинарот Ремондино во кој се опишува неговото воодушевување од средбата и разговорот, како што и самиот го нарекува, со „идниот Павароти од Македонија“.

Вака пишуваше во својот текст Енио Ремондино:

„Директен лет од Скопје кон Рим. Муабет со патник седнат до мене, инаку сонародник. Потоа средба-судир со патникот седнат во редот пред мене.

’Вие сте новинарот Ремондино?‘

Веднаш се прашувам дали ќе ми дели комплименти или навреди? Сепак, не стануваше збор за комплименти. Младичот, некаде под 30 години, висок и крупен со перфектен италијански и добро образован. Значи, странец, но кој живее во Италија. Неговото оспорување е прецизно, ме обвинува со следново: ’Вие треба да престанете да не' нарекувате Славобугари. Ние сме Македонци и точка. Нашата култура е единствена, античка, ние не сме ниту Бугари ниту Словени’“, ја пренесува новинарот реакцијата на Нацоски.

Во натамошниот текст Ремондино признава, сепак, дека направил огромна грешка, нарекувајќи не' Славобугари и ветува дека подобро ќе ја проучи историјата.

„Решавајќи да си ја признаам грешката околу неточностите што ги имав изнесено, откривам преку Интернет дека мојот нов пријател е најголемиот македонски тенор на сите времиња. Се вика Благој Нацоски и живее и работи во Италија, каде што гради блескава кариера. Всушност, открив дека скоро ќе се скарав со идниот Павароти од Македонија. Македонија, не ’Бивша Југословенска Република Македонија’, како што сака Грција. Драг маестро Благој, држете си го цврсто петтолинието, затоа што историјата си ја пее и си ја свири секој како што сака“, пишува во својот напис италијанскиот новинар по средбата со македонскиот тенор. (Св.У.)


Статијата е прочитана 2321 пати.

Испрати коментар

Од: Donka.Toronto
Датум: 23.06.2008 03:06:27
Sekoja cest za Nacovski . Bravo Majstore! Pozdrav Donka ,Canada
Од: vale
Датум: 23.06.2008 07:26:51
Bravo za idniot Pavaroti. Blagoja za tebe i mnogu mladi perspektivni licnosti ,sto ni go obeluvate obrazot i se borite za cesta na svojata drzava mnogu sreka i uspeh, neka Gospod ve cuva. Daj boze da imate poveke ksmet od nasiot angel Tose. Vie ste najdobrite ambasadori na svojata tatkovina. Bravo.
Од: Игор од Скопје
Датум: 23.06.2008 08:10:22
Браво! Браво! Браво! Постојано ги слушаме нашите јавни личности како се фалат дека се големи патриоти, но сите се силни само на јазик, само Манчевски и Нацоски се покажале на дело. Честитки за Нацоски за храброста за овој гест. Незнам дали е прогласен за Амбасадор на културата, но ако не е веднаш да се прогласи, тоа е минимум што може да се направи.
Од: bile od auckland
Датум: 23.06.2008 08:21:52
bravo bravo koga sekoj makedonec vaka bi se odnesuval za svojata zemja -doma i vo svetot nemase da dojde do ova so juzniot sosed (nesakam ni imeto da i go pisam )apeliram makedoncite da prestanat da odat na odmor tamu
Од: Zorica
Датум: 23.06.2008 08:58:48
Sekoe pocituvnje i voshit kon tenorot Nacoski. Makedonija e gorda so vakvi sinovi ambasadori koi so svojot talent, inteligencija i skromnost ja sirat vistinata za Makedonija. Ova sto mu se sluci na nasiot tenor ne e samo slucajnost, na site frontovi nasite talenti se bojkotiraat so nevistini okolu imeto Makedonija. Dobro odigrano, diplomatski so respekt kon sebe, svojata zemja i sogovornikot. Uste ednas bravo za Nacoski, mnogu usleh i sreka vo ponatamosnata negova bleskava kariera i licen zivot. Slavej Makedonski...
Од: ego
Датум: 23.06.2008 09:17:04
Bravo! Edna dobiena bitka!
Од: Vlado Perth
Датум: 23.06.2008 10:26:02
Bravo, navistina mnogu me raduva.
Од: Mavijan
Датум: 23.06.2008 11:18:56
Samosvesnosta i umetnickiot potencijal na ova momce se najdobar dokaz za dlabokite koreni sto gi ima nasata MAKEDONIJA. POVIK do site da go sledime negoviot primer.
Од: caki
Датум: 23.06.2008 11:32:44
Bravo Blasko samo napred...
Од: Prilepcanec
Датум: 23.06.2008 12:37:34
Na edno patuvanje nekako se spomna i Grcija,i onoj problem sto go forsira vo svetot kako nie da ssme go sozdale.Rekov deka se zavisi od site nas-kako ke se odnesuvame,a edna gospogja mi dofrli deka -ami taa ne ke vodi politika.Eve,sega gledam deka i nasiot tenor,kako i jas,ja bie zaednickata bitka:lice v lice so onoj sto ne znae,so onoj sto ne saka da znae,so onoj na kogo mu e seedno kako ke bide imenuvan.Sum imal dosta vakvi bitki,i uspesni bogami,zasto sum uspeal i stranci da ja pocituvaat nasata ida ja zasakaat
Од: hristo
Датум: 23.06.2008 12:48:11
Bravo Blagoj,taka se branit nasata kauza.
Од: alex od uk
Датум: 23.06.2008 12:48:14
well done! edna bitka dobiena.
Од: goran
Датум: 23.06.2008 13:16:52
nas ni se potrebni vakvi licnosti za da ja sirat vistinata za makedonija i neka se zasramat site "diplomati" sto se na platen spisok na narodot koj go pretstavuvaat vo svetot. bravo za nasiot blagoj nacoski
Од: Makedonec
Датум: 23.06.2008 13:30:07
Blagoja ja rikuval karierata za dokazuvanje na eden poznat i vlijatelen novinar,deka e neobrazovan(istoriski)i deka gresi.Sto ako toj novinar bil narcisoiden i ne prifakal kritiki,pa posle toa da pisuva loso za Blagoja?sigurno karierata bi mu bila zagrozena,za razlika na nasi novinari koi i politicari gradat kariera na osnova na Makedonija. Bravo maestro.
Од: makedonka
Датум: 23.06.2008 13:45:04
Sekojdnevno sme svedoci deka Makedonskiot gen ne e unishten od nevidenite torturi od sosednite zemji potpomognati od taa ista Evropa koja denes se sekira za nashata zaednicka so niv idnina, unishtuvanjeto i isteruvanjeto na se shto bilo kadro da misli so sopstvenata glava vo komunizmot i ovaa,,tranzicija,,.I ova momce i mnogute mladi kako nego se dokaz deka se e minlivo ama MAKEDONIJA E VECNA.
Од: Билјана
Датум: 23.06.2008 14:13:32
Браво маестро! Секоја чест за потегот и начинот на кој сте му објасниле на новинарот за нашата мила Македонија. Културата која ја поседувате треба да биде пример за многу Македонци, како да се почитуваме самите себе и нашата држава. Ви посакувам блескава кариера..
Од: Jimi
Датум: 23.06.2008 14:33:45
Kade se sega tie sto vikaat deka ako bil patriot trebalo da si sedi vo Makedonija??? Ete vi primer kolku glupavi i smesni se vasite izjavi. Golema poddrska za site makedonci koi sto ne se vo Makedonija i posakuvam sto poveke makedonci da odat na odmor vo Grcija ovaa leto i tamu direktno da prodolzat so lobiranjata kade sto treba. Tamu treba da se lobira, a ne da se pravat golemi makedonci vo Makedonija. Inaku ako nieden makedonec ne odi vo Grcija togas nema da ni se slucuvaat nitu incidenti, a incidentite ednostavno ja pravat nasata drzavna pozicija posilna. Kazete veto na glupavosta!
Од: me
Датум: 23.06.2008 15:57:03
http://macedoniaonline.eu/content/view/1971/45/ (statijata zavrsuva na sledniov nacin:Podobro Nacevski da prodolzi da pee otkolku da se zanimava so politika koja na Balkanot sekoj ja menuva kako saka)
Од: Silva
Датум: 23.06.2008 16:35:12
Bravo majstore,da te imashe vo poveke primeroci dobro ke beshe
Од: Vineam Makedonski
Датум: 23.06.2008 16:38:42
Bravo i samo taka i ne samo toj nego sekoj Makedonec koga ke imate prilika spomnete im na ne samo Italijani i na Grci ako treba od vistinata ne se bega a ako nekoj ne e dovolno informiran ke go informirate ima za site temi dovolno istoriski materijali sto sekoj moze da go prevospitame pa na kraj krajeva i ne sme za dzabe najstara Evropska drzava 30 veka kultura i civilizacija gi bodi vo oci site evropski zemji no ke dojde den koga siite ke ni se klanjaat pa ne sme za dzabe bibliska zemja ...
Од: Православна Македонија
Датум: 23.06.2008 17:36:37
Само со вакво однесување ние Македонците ќе можеме да ја добиеме битката за својот национален опстанок. Браво Г-дине Нацоски

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
ЕУ го зеде главниот збор околу името
Девет години од „Утрински“
Verbatim