Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Девет години од „Утрински“

Љупчо Поповски

Бројката од годишнинава на „Утрински весник“ асоцијативно може да се поврзува со кругови и разни нивоа на пеколот. Сигурно е само дека во овие брзо нанижани години се случија пеколни работи во Македонија и во соседството поради кои да се издава и да се работи во весник на некој начин беше и привилегија.

„Утрински“ почна да излегува веднаш по завршувањето на бомбардирањето на НАТО на Југославија. Ден пред да се појави првиот број на „Утрински“ случајноста сакаше во Скопје да допатува тогашниот американски претседател Бил Клинтон. Кога ќе се наредат на бројаницата апсењето на Милошевиќ, конфликтот во Македонија, Охридскиот договор, убиството на Зоран Ѓинѓиќ, трагичното загинување на Борис Трајковски, префрлувањето во Хаг на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски, независноста на Црна Гора и на Косово, драмата со името, грчкото вето и македонскиот пораз во Букурешт – треба да се имаат челични нерви и вистински професионални вредности за да не се падне од тенката патека на одговорно новинарство во амбисот на популизмот и поттикнување на долните страсти во општеството.

„Утрински“ на тоа чекорење на сечилото на бричот успеа да издржи, иако многупати со раскрвавени нозе. Предизвиците што следуваат не се ништо помали. Македонија е во депресија поради невработеноста, малите плати, визното трло, поради погледот преку плотот каде што лицата на другите луѓе се насмевнати поради перспективите. Друга иднина, освен НАТО и ЕУ, Македонија нема и „Утрински“ со силата на целиот свој погон ќе работи на остварувањето на овие милениумски цели за нас и за растерување на политичките, културните и вредносните магли и пајажини кои во овие невесели времиња ја притискаат Македонија.


Статијата е прочитана 500 пати.

Испрати коментар

Од: Sergej - http://www.otpor.net.tf
Датум: 23.06.2008 00:10:49
Go kupiv od trafika prviot broj na "Utrinski" prv vo moeto mesto...Dosega ne propustiv ni broj...I pokraj Internet - izdanieto nautro pred rabota ne propustam da go kupam pecatenoto izdanie. Ni eden den ne pocnuvam bez nasmevka, kafe i "Utrinski Vesnik"! Neka Vi e za mnogu godini jubilejot! Zasekogas so Vas- Sergej Malinovski.
Од: jas***
Датум: 23.06.2008 01:25:05
И во овој текст наменет за вашиот роденден, не успеавте да остенете неутрални и да не заземете страна., нешто што најмногу не ми се допаѓа во овие 9 години. Секоја чест и пофалби, но искрено ми посакувам за нијанса малку побјективно новинарство. Вака тешко се гради бренд!
Од: Dr-SADMAN MESTI
Датум: 23.06.2008 01:41:00
Neka Vi e za mnogu godini jubilejot! POZDRAV DO VAS SITE,POZDRAV DO UBAVATA I PAMETNATA TAMARCE,OD SE SRCE POZDRAV DO GOSPODATA EROL RIZAOV i LUPCO POPOVSKI,USTE EDNAS POZDRAV DO VAS. Neka Vi e za mnogu godini jubilejot! Zasekogas so Vas- Dr-SADMAN MESTI
Од: maca
Датум: 23.06.2008 05:08:08
Cestitki za Vasiot rodenden, uspesna rabota i porobra idnina!
Од: Slobodan Trajkovski
Датум: 23.06.2008 09:39:12
Eden od najdobrite i najprofesionalni balkanski vesnici.Srdecni cestitki za jubilejot.Imate i sila i znaenje da odite uste povisoko!
Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 23.06.2008 11:27:53
CESTITKI do omileniot vesnik za jubilejot ! .UTRINSKI VESNIK postigna uspeh i ugled so CESNA,VISOKO PROFESIONALNA i MAKOTRPNA RABOTA !! Vi pozeluvame dogogodisen uspeh,novi jubilei i PONATAKA DA RABOTITE ZA DOBROTO NA REPUBLIKA MAKEDONIJA !! Pozdrav i blagodarnost.
Од: mak
Датум: 23.06.2008 13:01:46
честит јубилеј.навистина сте добар дневен весник,професионален и сеопфатен.
Од: Sotir
Датум: 23.06.2008 16:36:17
Naj profesionalen vesnik ste vo Makedonija. Ako mozete da go primetite mojot sarkazam vo porakava... Bas me interesira dali ke imaat od SDSM dovolno pari da ve plakaat vo narednite cetiri godini. Me interesira kolku pari Branko ukrade vo poslednite 15 godini. Sigurno ima dovolno da ve plati...
Од: Православна Македонија
Датум: 23.06.2008 17:42:33
Честит јубилеј. Од страна на професионалноста ве сметам за најквалитетен дневен весник во Македонија, но тенденциозната политика е очигледна. Скоро никогаш не ги читам едиторијал, анализа, а ретко и мислења бидејќи повеќе од јасно е дека тие рубрики се одвоени за пропагандна цел неповрзана со вистината.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
ЕУ го зеде главниот збор околу името
Тенорот Благој Нацоски го разврза „македонскиот јазол“ со новинарот на РАИ
Verbatim