Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен



Потребни ви се дипломатски манири и компромиси кои заедно како комбинација носат одлична добивка. Добро се снаоѓате во работата која може да ја приспособите со некои ваши вредности. Нема причина да ја провоцирате својата љубовна среќа, потребно е да остварите позитивен ефект во секој поглед.





Бик



Се соочувате со нова дилема, некој од вашите соработници ви наложува да продолжите со започнатите обврски и да не се потпирате на различни опоменувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во завршување на некои рутински задачи. Не сакате да ги прескокнете своите работни овластувања, затоа донесете конечна одлука.



Близнаци



Изгледате многу ангажирано на работното место и не сакате некој да ги оспорува вашите способности. Наместо да ги гледате своите фаворити помеѓу соработниците, подобро би било да се докажете и понатаму во стилот на кој ве научиле вашите претпоставени. Чувствувате емотивен занес кој ви одговара, но вашата темпераментна природа не ветува многу емоции и страст.





Рак



Очекувате некој сериозно да ги прифати вашите работни идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Иако сте доволно трпеливи на некој начин, можете да остварите поволни резултати на различни страни. Наскоро ве очекува некоја заслужена награда или материјална добивка, како потврда за вашите професионални способности и влијанија.





Лав



Обновете некои работни врски или контакти, придружете се на тимот на соработници за кои ве врзуваат слични аспирации од професионални интереси. Важно е да се определите за варијанта која ви овозможува напредување на работно поле. Бидете претпазливи во вложување пари и имот.





Девица



Одлучни сте во остварување на својата цел, но соработниците имаат позитивен ефект на вашата ангажираност и на работната процена. Во ситуација кога се испреплетени работните успеси и емотивно задоволство, чувствувате психолошки притисок и дополнителна одговорност. Слободно прифатете го новиот работен ангажман, како добра прилика да ја тестирате својата способност во повеќе насоки.





Терезија



Во зависност од личното интересирање или мотивација, бирате работна варијанта која носи најдобри резултати. Сепак, немојте да дозволите да останете скромни или да имате потреба да одлучите за заедничките интереси. Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите љубовни потреби.





Скорпија



Способноста за добра концентрација ви овозможува успешно да ги завршите работите на сите страни. Ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. На љубовно поле посакувате повеќе возбудување и нежности со љубеното лице.





Стрелец



Важно ви е во наредниот период да остварите некои нови или перспективни контакти на работната сцена. За вашите идеи да го привлечат вниманието на јавноста потребно е да оставите добар впечаток во секој поглед. Од севкупното залагање и дипломатскиот такт ви зависи конечниот резултат во преговорите за работата. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.





Јарец



Вознемирени сте поради некои нови случувања на работната сцена и се обидувате да решите едно недоразбирање во односот со соработниците, иако нема потреба од паника и стрес. Потребно е брзо да реагирате, но за да ги дефинирате заедничките интереси и приоритети. Способноста за добра концентрација и правилна процена ве води кон добра шанса за успешен резултат.





Водолија



Повремено имате голема амбиција или нескромни очекувања во односот со соработниците. Сакате да профитира��е во работите кои не влегуваат во ваша надлежност. Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес.





Риби



Потребно е добро да ја осмислите работната стратегија, бидејќи ќе ви овозможи успешно да се ангажирате на различни страни. Се наоѓате во фаза на креативно исполнување на работните обврски. Задоволството што ве следи во односот со саканото лице го претставува најубавиот дел од реалноста, која влијае на вашето расположение и на занесот.
Најди! во Утрински