Што ли му требаше на хрватското Обвинителство пред некој ден повторно да се фати за петте илјади ракети што Хрватска во 2001 година требало да и' ги продаде на Македонија за да и' помогне во воениот конфликт? Убаво сите мислеа дека и овој скандал ќе биде заборавен, како што секогаш бидува во нашите држави. Се зборуваше за ова во 2005 и во 2006 година, па се подзаборави. Стави под тепих и терај натаму.
Секој си има своја мака. Хрватите се жалат дека ракетите исчезнале од воените магацини и дека сега де факто им фалат. Ако биле испратени во Македонија, тогаш требало да добијат два милиона евра, а тврдат дека пари не виделе. Газдата на фабриката во Славонски Брод, која, наводно, наместо да произведе нови ракети, ги украла од хрватското Министерство за одбрана, ги пребојосала и ни ги продала како нови, тврди дека ракетите не се исчезнати, туку дека ги чува во магацин за што секој месец плаќал 3.000 евра. Поради ова, тој го тужи МО на Хрватска, си ги бара назад рентите плус камати. Пресудата треба да биде објавена наскоро. Којзнае, можеби хрватската држава со повторното актуализирање на скандалот се обидува да фати подобра позиција во судот!
Најинтересна е реакцијата кај нас. Нормално, никој ништо не знае, ниту чул ниту видел. Стигнале ли воопшто ракетите во Македонија и кога било тоа? Кој ги користел, кој ги платил? Најважното е дали знаеле нашите експерти дека купуваат стари ракети? Не е белки дека толку искусни воени старешини си дозволиле таков луксуз и не препознале дека старо оружје им се продава како ново? Или, пак, знаеле, што ако се поврзе со фактот што во хрватскиот буџет не легнале милионите....
Но, за што правиме муабет? Прво нека каже некој имало или немало ракети, потоа ќе видиме што и како.
Се намериле кутрите Хрвати на Бучко и неговата банда во МО.Ги стопиле ракетите,ги нема.
Од: mark
Датум: 01.12.2008 08:30:45
E moj ljupco od Bitola najverovatno ti imas kosmar vo sonot od Bucko pa ako imas malce sovest ke se javis i ke prasas vo tvojata VMRO da ti kazat koga e sklucen dogovorot za kupuvanje na tie raketi da ve potsetam vas plukacite ZA VREME NA VMROVSKIOT minister Paunovski minister za finansii GRUEVSKI premier LJubco.No jas znam platen si da plukas i plukaj i lupaj ko maksim po d.... nesum vo sostojba da vi pomognam.
Од: Iko
Датум: 01.12.2008 08:43:33
Ma na Bucko ni Dejvid Koperfild ne mu e ramen!!!
Од: mene
Датум: 01.12.2008 09:06:29
Зошто го споменувате Бучко не ми е јасно. Па отворете стари весници и видете кој и кога вршел набавки на оружје во 2001 година. Токму денешниот премиер треба да го прашате, бидејќи парите беа кај него и без негово знаење не можело да се изврши плаќање. Впрочем кој тогаш купуваше станови????
Од: ramadan
Датум: 01.12.2008 09:26:46
Miskam deka e nekorekno sto ste se nafrlile na Ljupco od Bitola,covekot moze uplav da dobie i da ne se javuva.Mene poslednovo mnogu me plasi oti nema na koja glupost da se krstam.Za sostojbata na raketite i parite voopsto nee bitno dali e Paunovski,Buckovski ili strucnjakot Popovski,site se lopov do lopova.Lopovite nemaat partija.
Од: gv
Датум: 01.12.2008 10:07:22
Edno prasanje do VMRO odnosno do Ljupco vo 2001 godina koj bil Presedatel na vlada,koj bil minister na odbrana i koj bil bil min.na finansi pa ke vides koj gi nabavil.
Од: jas
Датум: 01.12.2008 12:10:30
Mnogu e jasno cii bile togashnite zdelki?!
Ako bese Buckoski , togas cela Vlada , portparolili i takvite kako Ljupco BT ke krenea vreva do nebo.
A sega cutat kako .... pod koshula.
SIGURNO e nivno maslo...
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 13:50:48
breee ama panika dignevtede lugje....sega e vazno dali bil bucukot ili gruevot ili paunot...tolku ste providni i ucestvuvate zaedno vo pomaganje na kriminalot so podrska na ,,svoite,, .razberete -site tie bez obzir na ,,partiskapripadnost,, se so eden zbor=kriminalci.zatoa i ljubco bitola,i iko ,i mene i site se na nekoj vinovni za nasite buckovci paunovci..dodeka vie se karate ovde -tie se pak vo vrska i si ,,dilaat,, a viee.....cicajte prst a oni ...mast
Од: VMK
Датум: 01.12.2008 14:42:13
Значи не сум во грешка Бучкоски е растури СДС...да тој со неговите нарочно направени изнесени афери..како можел Бучко да прави се така ако не било поткрепено од тогашната Влада и премиерот,мислам Војводата,нормално дека Бучко и Војводта го сруши,па така да навистина сакам СДС да го јавно линчува главниот кривец ,а тука да биде и народот дека Бучко е единствен кривец што не добивме покана за НАТО,ЕУ и се...затоа стално се криеше под името Европа,Европа,Европа,...е мој Бучко ние сме од исти крај па јас те знам...Скопје може да ти верува лажи ги...сдс треба да те протера сосе двете жени и тоа ти е договорено....да знаеш дека многу те знаеме....лажго еден....сите афери ти беа да го урнеш тогаш Љубчо,а сега СДС е уништи...линч...батка за тебе...позз до утрински...најдобар весник сте...што не е случај со другите...примате и вмро-ско мислење и сдсм-ско...иизсценира и процедурално од Грција...само да СДСМ биде што поцрна и да е мрази народот и пре�� судот и тоа му беше дел од планот....