Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Култура

И публиката кршеше јајца заедно со Нехат Беќири

Во КИЦ сликарот откри нови дела од своето се' побогато творештво

Катерина Богоева


„Убавината на перформансот е да се изненадиш од другите. Мислев дека публиката нема да сака да ги крши јајцата, дека ќе се однесува како кон туѓо дело, но таа се однесуваше како кон заедничко, што впрочем и беше мојата замисла“ - рече вчера сликарот Нехат Беќири, по отворањето на својата најнова изложба во Културно-информативниот центар во Скопје, сумирајќи ги впечатоците од претходната вечер кога после него, и публиката со чекан кршеше околу 1.500 јајца, поставени на голема табла на ѕидот од една од галериите. Во перформансот учествуваа многумина, ги кршеа белите јајцата исполнети со различни бои, а на лицата им се појавуваа изрази на задоволство од заедничкото креирање на делото, но некои потези на рацете одаваа и чувство на одреден гнев. Поради големината на просторот, Беќири не ја искористи планираната количина јајца (околу 3.500, а не како што беше и најавено 4. 000), оставјќи ги нескршени за некоја друга прилика.

На отворањето очекувано, имаше многу публика. „После толку празници луѓето излегоа и се посветија на себе си, а можеби јас и имам некоја среќа што изложбите секогаш ми се посетени“, изјави сликарот кој и со оваа своја презентација на дела во различни формати (меѓу кои имаше слики и во големи димензии од 230 x 450 см), продолжи да открива се повисоки нивоа од своето творештвото, потврдувајќи дека на истото работи со голема предаденост.

Дел од публиката беше пријатно изненадена и од малите формати (55 x 55) на делата „Приказни за животот“, работени во акрилик на платно, кои наликуваат на цртежи.

„Ги имав и од порано, но сум ги поедноставил со текот на времето“, напомена авторот, потсетувајќи дека дека пред неговата позната, апстрактна фаза, до 1993 година се бавел со чита фигурација. Сега ги спои и двата периода, што според него најдобро се гледа во делото „Око“.

Годинава за Нехат Беќири барем според најавите, треба да биде една од позначајните за негова афирмација.Тој треба да изложува во Австрија, ретроспективно да се претстави во Приштина ( каде дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности), а дел од творештвото треба да изложи и во Сплит, Бихаќ и Бостон.

Има многу точности во освртот на Нора Халими, која во преговорот по повод изложбата во КИЦ, меѓудругото забележува: „Човековото присуство се чувствува постојано во пластичните концепти на овој уметник, и тогаш кога ликот на човекот не постои во вистинска смисла на зборот. Беќири создава свој посебен код, кој бара клуч за разложување на пораките кои ги изложува уметникот. Во остварување на играта Беќири станува уште подиректен“. А неговите сегашни игри на платното се продолжение на преходните, а времето барем засега е на негова страна.


#
Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: Kiril
Датум: 23.01.2010 02:04:28
A da gi poklonija tie jajca na siromasnite? Toa kje bese pogolem "performans"...
Од: metodija do kiril
Датум: 23.01.2010 10:00:57
nemas aber vo umetnosta, neka dadat tie sto se zbogatia siromasite ... glup poslusaj go brati
Од: intelekt
Датум: 23.01.2010 11:48:09
cestitki za originalniot preformans na nehat bekiri!

Најди! во Утрински
Култура
Вистинскиот Ван Гог