Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Власта наградува директори и за оставени долгови

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ ќе директорува со јавното претпријатие „Нискоградба“ иако го потона во долгови хотелот „Молика“

БИТОЛА - Бившиот директор на хотелот „Молика“ на Пелистер, битолчанецот Кире Крстевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, е новиот директор на Јавното претпријатие „Нискоградба“. Крстевски ја добил директорската функција како „награда“ за долговите од неколку десетици милиони денари во кои го оставил хотелот „Молика“.

Приказната за Крстевски не застанува тука. Откако бил симнат од директор во „Молика“, тој цели шест месеци бил на боледување, а во исто време редовно се појавувал на седниците на Советот на Битола и на комисиите.

Патот по кој Крстевски ја трасира својата политичка кариера, последниве денови ја разбранува битолската јавност. Особено што новиот директор на „Нискоградба“ е директно именуван од градоначалникот Владимир Талески.

Кредибилитетот, одговорноста и компетентноста на Крстевски да застане на чело на јавно претпријатие уште повеќе ја наелектризира политичката атмосфера во градот што го тресат големи афери за непотизам и партиски вработувања во средното образование.

Крстевски не чувствува морална одговорност за состојбите во кои го оставил хотелот „Молика“ и прима честитки за новото работно место.

Битолските социјалдемократи вчера обвинија дека локалната власт со ваква кадровска политика ги фрла во длабока агонија петте градски јавни претпријатија. Прстот го вперија токму во кадровска политика што ја води градоначалникот Талески.

„Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Крстевски, во мај годинава е сменет од директорското место во ‘Молика‘ од ЕЛЕМ поради лошо работење и повеќемилионска загуба на хотелот. Во тој период Крстевски се наоѓа на боледување. Сепак, јавноста го гледа на седниците на Советот иако глас не му се слуша. Оттука се поставува прашањето за неговата принципиелност наспроти аргументите што најдобро говорат за ликот и делото на овој партиски функционер“, рече Томе Наумов, советник на СДСМ во Битола.

Неофицијално се споменува дека пред шест месеци кога Крстевски е сменет, „Молика“ се давела во долг од над 11 милиони денари, а сега долгот бил сведен на околу 5 милиони денари.

Крстевски не се чувствува одговорен за долговите. Напротив, смета дека многу придонел за развој и афирмација на хотелот, кој во негово време се стекнал со три ѕвезди.

„Јас наследив многу поголем долг отколку што ја оставив ‘Молика‘ во долгови. Тие се акумулирани уште од изградбата на хотелот. Јас направив хотел со три ѕвезди и го етеблирав на балканскиот пазар. Бевме први на Балканот по гастрономија. Значи, јас имам резултати“, уверува Крстевски. Со назначувањето за директор, Крстевски најави дека заминува од Советот поради акумулација на функции. А има свое објаснување и за боледувањето.

„Имам нарушено здравје, проблеми со срцето и затоа барав друго место. Не можам често да патувам. Но, не бев на боледување шест месеци, туку користев и годишен одмор“, објаснува тој.

Крстевски во „Нискоградба“ доаѓа на местото на Драги Гроздановски, поранешен советник на ВМРО-Народна, кој подоцна се декларираше како партиски независен.

„На директорот на ‘Нискоградба‘ му истече мандатот. Таму имавме едно огласување и се изјаснивме дека не избравме директор и на постојниот му го продолживме мандатот. Тој до неодамна беше вршител на должност. Но, имавме второ огласување и крајно време беше да одлучиме. Советникот Крстевски е нов директор“, потврди градоначалникот Талески. Во останатите четири ЈП во градот, „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“ и „Жабени“ мандатот на директорите им е продолжен. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1220 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 03.11.2010 15:01:35
Нема што! Има фаца за директор!
Од: алек
Датум: 03.11.2010 16:34:06
Како можат да обвинуваат невини луѓе овие од Сдсм.Кога нешто се тврди потребни се аргументи и тврдења а вакви празни муабети не држат место.Со срека нека му е директорската функција !!!!
Од: BORO
Датум: 04.11.2010 00:09:04
Za da se komentira treba da ima zaz sto, ova ne e nisto novo so kadrvskata politika.Covekot si bil dobar kelner pa stanal direktor na Molika, pa sega zosto da ne moze i na niskogradba.Mozebi vo idnina i minister da stani a kandidatura za gradonacalnik ne mu bega.Zato veke nikoj ne odi vo teatar , cirkus nasekade i vo sesto.Za ovie bolesti lek nema ,a toa sto ne se leci se nisti

Најди! во Утрински
Македонија
Душко казнет со 400 евра за навреда на премиерот






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis