Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Душко казнет со 400 евра за навреда на премиерот

Одлуката на битолскиот суд одново го потресе фармерското семејство Илиевски

БИТОЛА - Четиристотини евра е глобата што треба да и' ја плати битолскиот фармер Душко Илиевски на државата за омаловажување на премиерот Никола Груевски. Вака одлучи Основниот суд во Битола откако МВР лани поднесе прекршочна пријава против фармерот за навреда на државен орган. Илиевски, како еден од оштетените кооперанти на „Сведмилк“, обвинет е дека лани на протестите на фармерите направил плакати со слика од премиерот Груевски и ги закачил на неколку бандери во Битола. На плакатите имало порака „Кражба во 100 чекори. Пред очите на власта исчезнаа 30 милиони евра - Остваруваме“.

Одлуката на битолскиот суд одново го потресе семејството Илиевски. За да ја плати казната од 400 евра, Душко вчера ја однесе на пазар и последната крава од својата штала, со намера да ја продаде. Пред две години во шталата на Илиевски имаше 86 глави добиток.

„Немам пари за леб, а камо ли да плаќам казна од 400 евра. Затоа ја носам на пазар и последната крава од мојата опустошена штала. Кравата ја чував за млеко за моите две деца и за двете внучиња од брат ми. Како чесен граѓанин, ќе и' ги платам сите казни од оваа власт, но ќе издржам на сите притисоци. Нема да се поколебам да кажам дека Груевски уништи 3.000 кооперанти на ‘Сведмилк‘. Сите не' донесе на питачки стап“, изјави Душко Илиевски додека се обидуваше да го совлада разбеснетото говедо и да го подготви за пазар.

Тој обвинува дека и овој случај е полициски монтиран, исто како што е и обвинението против него, против неговиот брат и татко му дека одгледувале марихуана на нивата со компири.

„Лажни полициски службеници сведочеа дека биле на местото на настанот и дека ме виделе како сум ги лепел плакатите со Груевски. На судот му понудивме да земат снимки од која било телевизија за да видат дека јас не ги лепев тие плакати. Но, судот одби“, објасни Илиевски.

Ова не е првата глоба што треба Душко да и' ја плати на државата. Пред една година нему му беше испорачана казна од 500 евра за поседување нелегално оружје. Фармерот беше обвинет дека, наводно, со пушката од неговиот дедо нишанел на мачки и кучиња.

Илиевски заедно со уште 26 кооперанти на „Сведмилк“ беше осомничен и за упад во Кабинетот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, но судот ги ослободи од вина. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 949 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 03.11.2010 13:07:11
nema gajle... ke mu nadomestata.. tuku napishite obicen graganin ili novinar kolku dobiva za navreda na siten lokalen glauc , a ima i zatvorski kazni
Од: tihi
Датум: 03.11.2010 13:54:41
Zastava film vi go prikazuva najnoviot film "KUTRIOT DUSKO" 6ti del.Vo glavna uloga oskarovecot Dusko Ilievski.A koj li bese reziserot.
Од: do tihi
Датум: 03.11.2010 15:00:21
Режисерот е водачот на фашисоидната наранџаста багра.
Од: mene
Датум: 03.11.2010 19:44:05
drukpat nemoj da sepravis vazen i da objavuvas gluposti
Од: Професорка до тихи
Датум: 03.11.2010 20:24:13
Абе тихи, типично ДПМНОвче. Заради простотијата и лошотијата која ви блика во секој збор, ова ни се случува. Во државава се се среди уште кутар Душко да го дисциплинираме, нормално со пари. Колку-толку. Малку за нив, но многу за Душко. Кутриот немаше право да се навреди кога Сведмилк, криминалната инвестиција, му искраде 30.000 евра, но Премиерот е навреден, пази во демократска земја, што лепел Душко плакати. Несреќа е што ништо не сте читале и гледале. Гледај за почеток дел од серијата за раѓањето на фашизмот (World at War). Потоа, ако можеш, што се сомневам, раскажи со свои зб��рови.
Од: mene
Датум: 04.11.2010 06:14:11
kakva e taa kazna za navreda na drzaven organ? pa kako sto pamtam iame sloboda na govor neli? kolku sakam ke navreduvam a pogotovo tie na vlast. toa e sloboda na govor! mf!
Од: До Тихи
Датум: 04.11.2010 08:24:15
Ти сеуште живееш во журналите на „Застава-филм“ што ги гледаш секој ден на МТВ и „Сител'!Само тебе не ти е јасно кој е режисерот!

Најди! во Утрински
Македонија
Власта наградува директори и за оставени долгови






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis