Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
На прво место

Првите шест месеци од 2010 година клучни за иднината на Македонија

Македонија не може да си дозволи уште десет години да биде надвор од ЕУ и НАТО

Миркица Поповиќ

Првите шест месеци од годинава се клучни за иднината за Македонија и ќе ја утврдат насоката по која ќе се движи земјата во наредните десет години. САД очекуваат прашањето за името да се реши токму во оваа временска рамка, без притоа да се чепка во прашањата за идентитетот и за јазикот. Ова се некои од клучните поенти на вчерашната дебатната сесија на тема „Македонија во 2010“ што се одржа во Скопје во организација на „Европската бизнис-асоцијација“ и „Европскиот клуб“, на која учествуваа дипломати, политичари и стопанственици. Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, упати јасна порака дека прашањето за името треба конечно да се затвори, притоа додавајќи да не очекуваме овој проблем да го реши некој друг.

„Македонија не може да си дозволи и во наредните десет години да биде надвор од ЕУ и од НАТО“, изјави вчера Рикер, порачувајќи дека се' додека земјата е надвор од НАТО, инвеститорите ќе ја гледаат како ризична за инвестиции, што ќе има и економски последици. „Веруваме дека проблемот може да се реши без да се влијае врз идентитетот и врз наследството. Очекуваме македонските власти да го решат овој проблем, кој трае веќе 18 години, во првата половина на 2010 година. Никогаш нема да постои подобар момент од сегашниов“, изјави амбасадорот Рикер. „Се' додека Македонија е надвор од НАТО, за бизнисмените и за инвеститорите таа останува ризично место за бизнис-зафати и за инвестиции. Економските загуби за Македонија поради ова се реални, иако можеби не можеме моментално да ги измериме во денари, долари или евра“, потенцираше американскиот амбасадор. Македонија во очите на странските политичари и дипломати е тинејџер, премногу емотивна и опседната со себе, без можност да ја погледне големата слика. Дали Македонија и во 2010 година ќе очекува да и' ги решат проблемите странските организации и институции? Или ќе ги послуша нивните совети, критики и ќе преземе конкретна акција? Или, пак, ќе искоментира дека тоа е нивни став и ќе се заврти на другата страна? До кога ќе мислиме дека влезот во заедници, како што се ЕУ и НАТО, ќе ни г�� решат проблемите штом ќе го преминеме прагот, а не мислиме дека тие промени што бараат да ги направиме ќе доведат до подобро функционирање и на оваа држава?

„Политичките партии трошат вредно време во карање, додека македонските граѓани чекаат политичарите да ја вложат својата енергија во воведување и спроведување на реформите. Мора да се поработи на политичкиот дијалог и да се најде консензус“, рече евродипломатот Ерван Фуере, потсетувајќи дека токму консензусот и' помогнал на Ирска да се приклучи во ЕУ и да го подобри својот економски статус. „Македонија е на сигурен пат кон ЕУ и кон НАТО, но ситуацијата со недостиг на политички дијалог и препукувањата меѓу политичките партии се жални. Би сакал во 2010 година политичките партии да ги остават настрана страсната желба за меѓусебно напаѓање и да се обединат од заедничката желба за интеграција во ЕУ и во НАТО. Македонија не смее да биде надвор од овие заедници уште 10 години“, додаде во сличен дух амбасадорот Филип Рикер.

На вчерашната дебата „Македонија во 2010 година“ на Европскиот клуб и Европската бизнис-асоцијација, специјалниот претставник на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, и амбасадорот на САД, Филип Рикер, беа едногласни во својата порака дека македонската Влада мора да се отвори и да почне да прифаќа критики за подобрување на економската и на политичката состојба во државата, бидејќи само на овој начин ќе се забрза нејзиното пристапување во ЕУ и во НАТО.

Главната тема на која се задржаа Фуере и Рикер беа причините поради кои странските и домашните инвеститори ја гледаат Македонија како неповолна дестинација за инвестирање. Странските претставници и претставниците на домашните компании побараа од институциите поголема флексибилност и обезбедување на сите потребни политички предуслови за подобрување на економијата.

Амбасадорот Фуере потсети на неодамнешната анкета на Европската стопанска комора „Eurochamber“, која ги обединува сите стопански комори на државите-членки на ЕУ, според која, Македонија е на последно место од државите на Западен Балкан привлечни за странски директни инвестиции. Како што нагласи Фуере, главните причини поради кои Македонија е на дното на оваа анкета се проблемите со бирократијата, правниот систем и јавната администрација, како и високото ниво на корупција, наместени тендери забележливи преку наведените технички спецификации, како и честото менување на законите. Тој посочи дека она кон што водат сиве овие поплаки на странските и на домашните инвеститори е дека државата мора да обезбеди сигурен правен и судски систем за инвеститорите да се чувствуваат побезбедно. „Македонија треба да обезбеди добра постпродажна услуга“, беше една од забелешките на двајцата амбасадори. Владата треба сериозно да размисли дали стратегијата „реклама без грижа за корисниците“ треба да продолжи и натаму или, пак, треба да се преориентира на обезбедување основни услови за подобро функционирање на пазарот како брза и ефективна администрација, транспарентност и нулта корупција, кои очигледно се попривлечни за големите компании отколку скапите рекламни спотови и новите владини промотори. „Професионализмот на јавната администрација и' помогна на Словенија да се интегрира во ЕУ“, потсети Фуере.

Владата беше повикана да ја продлабочи и да ја интензивира својата соработка со бизнис-заедницата и со невладиниот сектор. Претставниците на бизнис-заедницата и на невладиниот сектор, кои беа присутни на дебатата, ги понудија своите професионални мислења и помош. „Вие сте млада влада и сакате да имплементирате модерни, еколошки закони. Сето тоа е в ред, меѓутоа главните проблеми кај нас се проблеми со економијата, пад на инвестиции и невработеност. Луѓето попрво ќе умрат од глад отколку од другите пороци“, нагласи Свето Јаневски, бизнисмен, кој нагласи дека затворениот систем на решавање проблеми во Македонија не е добар за никого.

„Сите аргументи се во наши раце и е срамота што мора постојано странци да ни укажуваат за работи што ние треба да ги направиме. Редно е оваа Влада ако не е во состојба да го реши проблемот со името, да си замине. Се кочи целиот процес на просперитет на оваа држава“, додаде бизнисменот Трифун Костовски.

Реакцијата на владиниот претставник на дебатата, Јован Андоновски, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, на овие критики од дебатата беше дефанзивна. Иако неговата официјална позиција го наметнува тоа, се поставува прашањето дали тој ќе ги пренесе овие критики, дали ќе се р��згледаат и конечно да доведат до конструктивен дијалог. (М.П.)






#
Статијата е прочитана 1408 пати.

Испрати коментар

Од: Prijatel
Датум: 23.01.2010 01:15:20
E smesni luge na site sto im pteci Imeto ne ka si go smenat itie neka ne solat pamet za korupcija koj se najpoveke korumpirani i specialno do trifun oligarken sto sonuva kako gladna kokozka pros za nova vlada pa i Svetska nee vo Nato i ja molat da vleze ali ne saka i istite se vo Avganistan koj gi kosta 2 milijardi godisno isto kako i nas vo Avganistan da mugi vrsat valkanite raboti na USA i EU tie ve vika za nivni interes a ne na Makedonija ovie ambasadori ne rabotat za nas ovije nese Prijateli pozdrav do Prijatelite.
Од: Angel
Датум: 23.01.2010 03:50:16
E dosta veke so ovie klucni, sudbonosni...... Ne znam veke kolku pati sum go procital naslovot....vaka negativni novinari ima samo vo MK. Aman veke niti mi se cita vesnik nitu mi se gledat vesti na tv poveke.
Од: Neprijatel
Датум: 23.01.2010 07:40:25
Prijatele, podobro da si ja sobereme pa SFRJ, fali? Da mi sporeduvas Svedska so Makedonia.... toa duri smesen ne te pravi. Najmnogu za zalenje.
Од: aleksandar
Датум: 23.01.2010 07:51:34
rabotam vo svetska firma so centrala vo EU, koja poslednive 1-2 e se poprisutna i na balkanot.(pr. vo hrvatska vleze odma posle priemot na hr vo nato.) na moeto prasanje zosto da ne se otvori filijala vo Mk, odgovorot od glavniot covek za prosiruvanje za okeanija i pacific (Aus, Malezija, Singapur,...Nz, tahiti, Fiji...Indonezija...Tajvan..) bese: a be vie ste mnogu korumpirani, se e mafija kaj vas, ke investirame a posle mojme da si gi izgubime site pari vlozeni, ne fala sega zasega ne e sigurno.) E pa sega vidi ti mladino na makedonija. Ama ne se sekirajte Grujoski site ke ve kacit na spomenikot na Bukefal i ke pravec vo EU, nema toj da potklekni golemo "maze" e site ke ve izumri od glad. E pa moj Prijatele , ti nemas tri cist be, od takvi kako tebe nitu bila drzava nitu ke ja bidit. kaj se sporedvit Mk so svedska be nepismen eden.
Од: dedodimo
Датум: 23.01.2010 09:16:04
Feyere zboruva kako shto mu chini nemu .Lesno za Irska ,tie se raspravaa so napredni luge od Engleska i srekni se shto do niv ne se Grcite .Neka gi otvori ochite pa ke vidi koj pravi problemi na Balkanskiot poluostrova i vo EU.Grcija e protiv Makedonija da stani ravnopravna chlenka vo Eu a isto go pravi so Turcija ,Zalosno e shto site zemji chlenki go znaat toaa i pak i dozvoluvaat na Grcija da gi vodi kako GUSKI vo propast. Ako eden den Eu raspadni ne mi e nishto Chudno Taa ne e demoktatska , vo demokratijata mnozinstvoto donesuva odluki a vo EU Grcija.EU ako vaka prodolzi e staavaat vo propast Makedonija . A Makedonskiot Narod opstana poveke od 2500godini i pak ke opstani. Nie sme najstariot narod na ovie predeli i tuka ke ostanime,bez razlika dali Grcite i Evropjanite toa go sakaat ili ne.
Од: Toni
Датум: 23.01.2010 09:21:19
Nemoj da mislite deka site slepo se za clenstvo vo EU. Jas sum za clenstvo vo NATO no NE za vo eu. Preku glava mi e od ovie taka nareceni prijateli. Gospot da ja blagoslovi MAKEDONIJA.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.01.2010 09:59:39
Не го читам освртот на г-дин Рикер за севкупната употреба на името,кое значи критика кон оние кој здушно се залагаат за по секоја цена да се промени името.Отсуството на коментар кореспондира со освртот на преседателот кон поедини новинари визави името.Тоа го забележаа и на трибината на А2 синоќа.А за климата непогодна за странските вложувачи исто така допринесува и опозицијата.Само два примера ќе наведам,првиот оној фамозни 7 дек.со демократско улично рушење на власта и вчера изјавата на Тачи да албанците ќе се интегрираат со друга албанска држава.Ептен промотивно за странски вложувања.
Од: забеган.
Датум: 23.01.2010 11:03:59
Ќе ја биде но Каква???????????.Кај Груја е одговорот.А опозициата спие ал спиеееееее.
Од: Трпе
Датум: 23.01.2010 11:47:28
Ама ич не е важна иднината.Ние сме народ кој слободно може да си живееме со историјата.Имаме толку богата историја што слободно може и да продаваме.Само менаџерите ни се слаби.Лошо се учени на школото.Тие само имат запаметено дека лајцата не се става прво во друга уста таа се става во своја уста.Ако не собира устата се става у џеб.Повеке се сакам себе ,отколку тебе.И тоа може да влезе во историјата.Секој поминат ден кај нас е историја.Иднината немора толку бргу да бега пред нас.
Од: poni
Датум: 23.01.2010 11:58:27
Ja pocituvame li Deklaracijata so SAD? Se cini deka makedonskoto rakovodstvo nedovolno seriozno,bi rekol i neodgovorno,a vo isto vreme i so mozni nastetuvanja na drzavnite i nacionalni interesi ja pocituva ili potocno ja ignorira Makedonskata deklaracija za strategisko partnerstvo i sorabotka so SAD,potpisana po samitot vo Bukurest.Takvoto potcenuvanje na obvrskite koi proizleguvaat od taa Deklaracija,ne pravi neseriozni i neodgovorni kako partneri. Nasiot minister za nadvoresni raboti Milososki,dobro e zapoznat so zaklucocite od NATO samitot vo Bukurest. Nie,ja znaeme Deklaracijata od samitot potpisana od site clenk(znaci i od Grcija,a tamu ima i mnogu pofalni zborovi za PJRM),a ja znaeme i Deklaracijata za strategisko partnerstvo i sorabotka so SAD koja i dade legitimitet na prvata od Bukurest. Ako dvete strani potpisnicki na Deklaracijata(RM i SAD) ocekuvaa RM da stane clenka na NATO sto pobrzo(a toa bese neodredeno kolku vreme e toa)sega nasiot partner preku nivniot ambasado
Од: Nikola-Germanija do prijatel
Датум: 23.01.2010 13:46:47
eve sega ke zboram vo imeto na eu.vie li se najdovte da i prefrluvate na evropa "dvolicnost"?!boze zucuvaj!!da bevte barem malku od malku principielni,nemase da gi koristete evropskite -"kurvinski":-)- fondovi za doizgradba na infrastruktura kako obikolnicata pokraj skopje na primer!i da ja sporedis mk so svedska e ednakvo isto da go sporeduvas fk bregalnica od stip so real madrid!so ova ti stana definitivno predmet za potsmev!i jas kako danocen obvrznik vo germanija ja financirav obikolnicata kaj skopje,pa od tamu imam poeke pravo da vozam na nea otkolku vie vo makedonija:-))!milosevic trazese golema srbija,no go izgubi kosovo -a mozebi i vojvodina!-,znaci prifatite toa sto vi se nudi od eu i sad za imeto,inace i bez toa ke otanete!:-)a grcija nema da popusti,pogotovo sega vo krizata ke se obiduva barem za imeto da go dostoinstvoto pred sopstvenite gragjani.i dodeka ne se resi imeto,nema resenie i za crkvata.kolku i da e dobar niskiot irinej,sepak gi stiti srpskite i so toa i grckite
Од: Saso Germanija
Датум: 23.01.2010 18:47:39
Se mamime kako deca po taa EU a na povidok ni e golemata Rusija spremna poradi prkos kon taa EU da ne' vklopi vo nejziniot ekonomski progres. Nasiot zanes kon EU e od psihijatriska priroda, koga imame takva alternativa i ksde ke ne' prifatat za partner bez ucena i diktat. Arno vika eden komentator, EU ne e demokratska tvorba, koga vo neaq moze da goswpodari edna bedna i maqla Grcija. Kade e devizata na demokratskoto mnozinstvo vo resavanje na problemi mali i golemi.Molam uctivo da se pecati.
Од: Јован
Датум: 23.01.2010 19:16:40
Како ли живеат оние земји кои не се членки на НАТО и ЕУ ?А ги има многу!

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски ја мобилизира партиската база