Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
На прво место

Груевски ја мобилизира партиската база

Во критичен момент, ВМРО-ДПМНЕ тргна на средби со граѓаните

Александра М. Митевска


Премиерот Никола Груевски имаше причина да биде задоволен додека се враќаше дома во Скопје од трибините на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш и во Штип. Салите во двата града каде што Груевски реши да ја тестира новата тактика на дејствување беа преполни. Но, политичкиот инстинкт, можеби, му кажува на премиерот дека метежот на трибините не е секогаш доказ дека работите се под контрола.

Раководството на владејачката партија им се враќа на трибините низ македонските општини. Партискиот лидер Груевски сега ќе ја минува маршрутата низ која веќе помина неговиот главен политички противник Бранко Црвенковски, кој последниве месеци ја промовираше низ државата новата програма на СДСМ „Решенија за Македонија“.

Во ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат повторно подгреаните сомневања дека станува збор за предизборни активности. Велат дека трибините се дел од вообичаената партиска агенда, базирана на ветувањата за постојана комуникација со граѓаните. Но, не кажуваат зошто токму во овој момент, кога врие во економијата, надворешната политика и во меѓуетничките односи, Груевски реши да ја шета државата со сертификат на лидер на владејачка партија, кој се отчитува пред членството и му сервира големи ветувања.

За волја на вистината, тој и во изминатиот период беше присутен на терен, но, главно, како претседател на Владата посетуваше разни институции, сечеше црвени ленти и пушташе во употреба инфраструктурни објекти. Во паузите, пак, им пишуваше писма на сопартијците, повикувајќи на финална битка со остатоците од транзицијата. Сега Груевски реши очи во очи да контактира со вмровското членство.

Засилениот ангажман на терен аналитичарите го толкуваат како обид да се зајакне инфраструктурата на партијата во критичен момент. Универзитетскиот професор Јове Кекеновски вели дека е евидентна раздвиженоста на политичката сцена, така што впечаток е дека ВМРО-ДПМНЕ чувствува страв поради тоа.

„Има информации дека партијата интензивно се организира на ниво на разграноци, дека се анимира членството. Претпоставките се дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за брзи избори, можеби кон крајот на ��прил или на почетокот на мај. Индикатор за тоа е и добрата волја на власта за коригирање на политиките што наидуваат на отпор кај граѓаните. Најеклатантен пример за тоа е промената на Законот за заштита од пушење“, посочува Кекеновски.

Аналитичарот Ѓунер Исмаил, пак, оценува дека е очигледна загриженоста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „И добро е да бидат загрижени, бидејќи така појасно ќе гледаат на состојбите кај нив и граѓаните ќе имаат почиста слика со кого си имаат работа“, вели тој.

Што е тоа што предизвикува немир кај водечката владејачка партија, која се' уште е неприкосновена на врвот на листите на популарноста (и покрај симболичниот пад на рејтингот) и ги има во свои раце речиси сите лостови на власта?

Раздвижувањата на владејачкиот терен се случуваат паралелно со раздвижувањата во опозицискиот камп, вклучувајќи ја и засилената активност на ривалските партии на ВМРО-ДПМНЕ во десничарскиот простор. Корекциите во дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се надоврзаа на новите тактички потези на СДСМ. Опозицијата почна да ја реализира идејата за здружување на силите, а рутинските пресови на кои социјалдемократите ги критикуваа чекорите на власта сега се заменети со пласирање афери и откривање непознати моменти од биографиите на вмровски функционери.

Грејс-периодот од шест месеци за решавање на спорот за името почна да завршува, а притисокот од меѓународниот фактор за компромис се засилува, така што Груевски на трибините ја реафирмираше идејата за референдум. Односите со коалицискиот партнер ДУИ повторно зовриваат и се закануваат да му нанесат нов удар на соживотот, овој пат поради несоодветното менаџирање на ситуацијата со изучувањето на македонскиот јазик кај првоодделенците Албанци. Пукнатините во социјалната слика на државата стануваат се' повидливи...

„Обединувањето на опозицијата се случува, фронтот се шири, а ВМРО-ДПМНЕ прави се' за секојдневно да си произведува непријатели и да предизвикува конвулзии на политичкиот терен. Сепак, раздвижувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е знак дека се' уште не ја изгубиле вербата во демократските механизми, како што се победа на изборите или губењето на власта“, вели Исмаил, заклучувајќи дека актуелната ситуација во вмровскиот стожер може да се опсервира и како показател дека хомогеноста во партијата дошла до критично ниво. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 4839 пати.

Испрати коментар

Од: avatar
Датум: 23.01.2010 00:10:40
Napisot izgleda kako da izlegol od peroto na sedmooddelenec.Navistina amaterski, neprofesionalno i dokolku ne e partiski neznam kja cel ja ima.Zalno za novinarsvoto vo drzavata.I tragicno.
Од: TESLA
Датум: 23.01.2010 00:13:15
Ke ima izbori. Kampanjata pocna. Samo koga? Vo Maj? Videte dobra analiza na http://www.inpress.com.mk/?ItemID=912B6B29FA6C9B418A5D4687BD6DA050
Од: debarcanes
Датум: 23.01.2010 00:16:23
Ne mu pomaga nisto na gospodinot Lazgo gruevski mu dojde krajot nema sto da sobira vise ni gi sobra site pari isega gi trosi tie pari Gotov ee Cao Gruevski spremajse za opzicija!!
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 23.01.2010 00:22:43
g-dine Gruevski cenete poveke kvalitet a ne samo nekoj partiski kadri od koi poveke ke izgubite odkolku sto ke dobiete. I dosta so taa partizacija, cenete kvalitet pa makar bil ekspert od SDSM. Vaka samo partizacijata vi se vraka negatigno. Bidejki i samite osekate deka opozcijata pocna da se budi od samobednisanosta i da se doblizuva do narodot. I zatoa otkacete gi tie poslusnici sto samo gledaat korist od vas i nisto drugo kako Manevski-ministerot za pravda(minister od vremeto na socijalizmot) i sl...
Од: Hari
Датум: 23.01.2010 00:44:57
PANIKA, pa normalno posle pustosot sto go napravija ovie ulicarski deca koi glumat minstri!!! Izbori i da gi snema sto pobrgu duri ima i malku nadez za Makedonija. I brajan i Sofre sigurno se rastrcani vo Amerika po glasovi za novniot Firer!
Од: kemba
Датум: 23.01.2010 00:45:37
За да се врати изгубената доверба и да се освежи лицето на ВМРО потребно е да се олабават малце работите. Ако во 2006 делумно и 2008 беше потребно воведување на ред во државата пример кај даночните-обврзници разните зак. за хигиена,пушење итн сега веќе се чуствува презаситеност од прекумерна строгост,гушење и недостик на слобода.Значи потребно е олабавување на работите. Да се направи обид за закопување на воените секири со Обединета . Додека на надворешен план потребно е по секоја цена продлабочување на добро-соседските односи со Бугарија(формирање на тим од историчари доколку е потребно и меѓународна експертиза)при што ќе се остави Грција сама на Балканот која има проблем со нас. Комбинирано со откажување од антички споменици, кризата што е има зафатено и рокот кој е зададен до јуни, можен е излез од ќорсокакот кој почнува да се наѕира.
Од: men
Датум: 23.01.2010 00:50:00
Pa koga ne go esapat evropskite politicari..moze eden den i do pakistan ke trgne
Од: Blue fighter: "Vo srzhta na sekoja poteshkotija postoi mozhnosta"(Ajnshtajn) - Zar Grujo ne go slushnal ova?
Датум: 23.01.2010 01:11:43
" Da se greshi e chovechki.Da se istrae vo toa e GJAVOLSKI " (Seneka). A,za golemiot "hristijanin" i vernik od kalibarot na Grujo da se bide gjavol e totalno nekompatibilno so aurata shto mu ja sozdavaat negovite skapo plateni sovetnici.No,greshkite shto gi napravi za skoro 4-godishniot mandat,se kompatibilni so vmrovskiot nachin na vladeenje i vrodeniot bolen revanshizam shto gordo ,so glavata gore,go nosat vo sebe kako svoj zashtiten znak site vmrovski funkcioneri.Segashnoto trchanje i samozadovolstvoto od prepolnite sali e samo potreba za zadovoluvanje na sopstvenoto bezgranichno EGO,no efektite od toa kje se pokazhe deka se minorni i neznachajni za ona shto sledi kako negova politichka idnina.Za nego voopshto ne mi gajle dali kje zavrshi kako Sanader ili Ljupcho,no stravuvam deka posle nego nikoj nema da mozhe normalno da gi servisira obvrskite na drzhavata od budzetot,zashto e potop po sekoe cunami-vladeenje na "PATRIOTITE".Na tribinite neka im kazhe na ovcite za kogo e patriot.
Од: od graganin
Датум: 23.01.2010 01:16:45
vistinata e vo vmro-dpmne so vojvodata gruevski,a branko moze da sete kolku saka i deka saka,a narodot ke kaze na izbori.
Од: Сергеј
Датум: 23.01.2010 01:30:06
Сепак, господинот Ѓунер греши во својата констатација, зашто во владеачката ДПМНЕ на никој ни на памет не му паѓа да владее со „демократски механизми“. Некои гласови кои се шират последните денови јасно го покажуваат тоа - додек�� пред камерите Груевски глуми политичар во дослух со граѓаните, за тоа време потајно неговите чауши ги подготвуваат своите вмровски јаничари за таква пресија кон „предавниците“ кои на овие простори не биле видени уште од пустото турско. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Prijatel
Датум: 23.01.2010 01:30:12
Bravo Grujo dokazimu na neprijatelite deka koj raboti i ima a komunjarite neka se razbudat i pocnad da rabotat za Makedonija ako sakat da se vratat ili neka te ostavat na mir za dozivoten Premieri prijatel.
Од: oceski-zrtva , mavrovo
Датум: 23.01.2010 01:43:08
sega sigurno grujo na predvremenite izbori (koi veruvam sigurno ce gi ima) go ubeduva clenstvoto deka ovaa godina ce bide zavrsen i pusten vo upotreba muzejot na vmro(dpmne) i deka od idnata godina ce bara od site drzavi vo svetot sto poseduvaat artefakti od aleksandar veliki da i gi ostapat na makedonija kako edinstveni negovi naslednici. narodot ce paga vo trans po aleksandar veliki, masovno ce izleguva na ulici. taka site drzavi ce gi proglasime kako kradci na istorisko nasledstvo (a tie ce ni se cudat i smeat) a nie obicnite gragani ce ziveeme vo iluzorna realnost - bez rabota, gladni, bez pari, so pogledi svrteni vo istorijata (pred 2-3 iljadi godini), ce gi gledame antickite spomenici i golemite bilbordi so grujo i paskal. ama veruvam ne e tolku glup mak.narod-nema da dozvoli vakov plagijatarski film da se gleda (oti vece go gleda vo sev.koreja, kuba, venecuela, belorusija, iran i sl.)
Од: od vojvodata od kicevo
Датум: 23.01.2010 01:43:19
Vo bilo koj grad ida pojde Prekierot ce se raduvet acevikezam zosto.Vokicevo cela mladina e vrabotena voREK OSLOMEJ pa neka povelat neka nepojdat na rabota odma ce dobijat otkaz od rabota bidejci site se vraboteni preku tenderi.koga se formirase VMRO DPMNE direktorot Mile neni dozvoluvase da vlezime vo stabot.Direktorot Zivko sedese vo prvite redovi vo s.vranestica kako clen na SDSM a togas pogina i covek.Pa drugari vmrovcinja povelete ne pojdete na tribina ostanafte bez rabota
Од: goran
Датум: 23.01.2010 03:38:11
bre,bre,bre,se analiticar do analiticar.seznajkovci.zatoa ste tamu kade sto ste.:)))
Од: OD ORCE MAKEDONSK-i VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Датум: 23.01.2010 08:10:07
Gledaki go klipot na Tv -Sitel ,tribinata sto ja odrza rakovodstvoto na VMRO-DPMNE bese od zadovoluvacmi karakter i treba taka da se prodolzi ,odnosno poveke vreme treba da se potrosi vo razrabotka na ekonomskata-socijalna situacija vo koja se naoga RM i da se podobri uste poveke segasnata situacija vo koja RM se naoga ,a toa e otvranje vo koku e mozno na site fabriki vo RM koj se zatvoreni za vreme na golemata tranzicija i toa prki koncesija ili tenderi ,a toa mozat da go naprvat i pogolem dl od nasite gragani na RM i da pocne sorabotkata na isto nivo kako st sme bile gradeni od pred 50 godini na nanazad ,jas mislam deka toa e edinstvenoto resenije vo ovj moment na ekonomskiot -socijalen plan vo RM ,kako fazen del od geogrfijata i negova granka ,a istovremeno i da se raboti na otvaranje na novi pogoni i razvoj na industrijata od ponovata tehnologija vo kolku mozeme da bideme konkuretni na geografskiot -svetski pazar i se razbira vo samata RM ,razvoj na elk-HC na site reki vo RM,POZZ O
Од: Goran
Датум: 23.01.2010 08:18:01
I vo koncentracionite logori imalo metez, guzva, dodeka se obrakal komandantot na logorot, (prepolni sali). I na ovie denesni logorasi, im krkorat crevata, i na soodveten znak aplaudiraar. Sigurno i ne slusaat sto se zboruva, samo cekaat da izlezat od gasnata komora. VMRO-SDSM...strategii, taktiki, razdvizuvanja, se lici kako na nekoi voeni manevri...poblago kazano, kako sahovska igra, vo koja nie sme samo onie 16 crni i beli pioncinja, koi na krajot, posle sekoja bitka, povtorno ostanuvame pioncinja, postroeni vo prvite redovi, pak da bideme gubitnici...
Од: dedodimo
Датум: 23.01.2010 08:53:31
Mkedoncite se srekni shto imaat premier kako Gruevski ,shto chovekot se bori da gi ispravi greshkite shto drugi i gi napravija na Makedonija i e zastanaa mirno ni napred ni nazat da odi .A koj se tie , narodot dobro znaj , ednash gi kazna a ovaj pat uste polovina od toa stose ke gi namali,i tie shto ja prodavaat zemjata kje izcheznat poleka .Golema sreka za Gruevski shto ima takvi protivnici.
Од: film
Датум: 23.01.2010 09:01:28
Do Vojvodata od Kicevo: Pa toa ti e normalna rabota batka, Mile I dava rabota i koja majka si izgubila sinot vo REK Oslomej ke si go najde, ama jas prasuvam so ke im dades TI I tie kako tebe dokolku ne se pojavat tamu kaj sto treba?!
Од: Lucifer
Датум: 23.01.2010 09:18:08
Kolku pati i da se odi na izbori ke pobeduva Gruevski,se dodeka protivnik mu e Branko Crvenkovski.Zalno e za ovoj narod sto nemoze da e izbori da vleze kvalitet vo politickiot zivot.Gledate deka site se opkruzuvaat so luge bez sopstveno mislenje. Se dodeka ne se smeni izborniot sistem,Makedonija ke talka po lideri,no nema da gi najde.Partiski zivot vo ovaa drzava ne postoi,toa se samo poedinci koi digaat galama za da im na niv bide arno.Nikoj ne misli na drzavata i narodot.Gladen narod nogu lesno se upravuva i vodi.Vo momentot vladee SDSM,neznam zosto tie sakaat da ja simnat ovaa vlast-koga nim im sluzi!!!
Од: Toni
Датум: 23.01.2010 09:29:44
Odstrana gledano ovaa vlada napravi poveke za Makedonija odkolku sto sdsm za tri mandati. sdsm kako opozicija se izbruka i lici kako da raboti protiv interesite na Republika Makedonija. Se sramam da kazam deka bev clen na sdsm. Na Makedonija i treba konstruktivna opozicija koja posle izborite zaedno so vlasta ke raboti za interesite na R.Makedonija.
Од: Branko
Датум: 23.01.2010 09:57:48
Luge Grujo treba da si odi i toa e ok, no nekoj treba da go pobedi na izbori. Vaka kako sto sega mi izgleda sostojbata tesko, trgnuvam od mojot grad Stip. Mojot pretsedatel mislam na Crvenkovski povtorno pogresi so postavuvanjeto na Novit Zdravev i Toni Atanasov za prvi luge na partijata. Graganite vo ovie luge i ova novo rakovodstvo ne gledaat alternativa, toa se luge koi od partijata napravija selska zadruga. G-din Novit koketira so VMRO potocno Aleksov, sekretarot Atanasov isto taka stravuva za svoeto rabotno mesto (pozarnikar)...Potrebna e brza promena vo Stip moj pretsedatele Crvenkovski, no ovoj pat poslusajte go narodot a ne vasite dousnici.
Од: Трпе
Датум: 23.01.2010 10:08:28
Веќе мириса нешто на труло.Не да мириса веќе и многу смрди.Фрижидерот мора да се чисти или да се замени за нов.Па и нормално е ,да дојде до промени мистер Мр Рејтинг не е одбран за цар.Па дали го бидува или не го бидува мора да биде на власт.Македонски народе ,чувајте си исчистената,перена, испеглана облека,.За нова пари нема,тоа што го баравме тоа го добивме.Човек,еднаш па и двапати се лажи но третиот пат размислува. По се излегува избори се ближат.
Од: јас
Датум: 23.01.2010 10:17:12
Пастирчево на големо се псрема за избори...Ај и тоа ќе го видиме!!!Ама има да тресне од земја , како никој досега!!!Не би се фалел ( да сум на местото на портокаливе ) со посетеноста на митинзите во Штип..Причина ? Па само уште државни фирми работат ( И НЕ САМО ТАМУ ) , па на кого му „стиска “ ДА НЕ ИЗЛЕЗЕ на митинзите?Има одма да „лета “ од работа...
Од: petko
Датум: 23.01.2010 10:24:38
Eden moj poznanik ima avtobusi i od DPMNE dobil nalog da gi vozi niz gradivite nivnite clenovi za da se pokaze kolku mnogu clenovi imaat . Dovolno e vnimatelno da se gledaat snimkite i ke zabelezite vo site gradovi poveke od 50% se istite faci . Pomina vremeto na lazgi so oaski
Од: Koj ce go vadja zarot?
Датум: 23.01.2010 10:35:24
Povece od jasno deka izbori kon krajot na maj ili juni ce ima.Gruevski e svesen deka rejtingot mu opadjas,no seusete ima povisok rejtin od ovaa " "zamelusena"i sterilna opozicija,no isto taka e svesen deka trendot na opadjanje na popularnosta ce prodolzi,bidejci ne ce moze da gi isporaca predizbornite vetuvanja ,a vnatresnata ekonomska sostojba ce se vlosuva, Isto taka vo rokot pritisnat od medjunaronata zaednica nema da go resi sporot so Grcija i ce dobieme uste eden " samar' kako vo Brisel i Bukurest. Zato Gruevski ce sprovede vonrdeni izbori za da obezbedi kakov takov nov 4 godisen mandat No se plasam sto ce bide posle negovoto padjanje koe koga i da e ce bide neminovno. Koj ce gi sanira stetite i pustosot sto ce go napravi negovoto vladeenje.? Na Nikola Popovski mu trebaa celi 4 godini da go stbilizira budjetot koj rasipnicki go trosese" vojvodata "Ljubci,sega na noviot minister malku ce mu bidat 8godini za sanacija na stetite napraveni od ova bezdarnicko vladeenje na prerodbeniciv
Од: забеган.
Датум: 23.01.2010 10:39:23
Шетај ГВУЈО шетај.Соберисиго стадото.Дали мислеш на вработените и кога ќе им поделеш плата,на социалците социално?????.Завршува твоето време,но што вреди Народот е осакатен.Доведен на простачки стап.Дали ова шетајне го финансираш од свој џеп?.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.01.2010 10:39:55
Читам дека никој не ги споменува вонредните избори,вероватно од уплав да не го повикуваат ѓаволот.Поморанџестите иако демантираат се однесуваат како во предизборие а овие помодрените преку своите ,,експертски,,апологети ја шират верзијата за напукната коалиција, повраток на изгубената доверба кај гласачите,да мора во овие 6 месеци да се реши проблемот со името и така се нашироко се елаборира а никој да фрли поглед во помодрениот кампус,сем оној ,,славен,, широк фронт викан претенциозно ,,Сонце,,.Тој фронт доживеа такво помрачување што трае и ден- денес. Ваквото одбегнување од описот на опозицијата говори многу за политичката моќ на истата,па можеби се во право што неги опсервираат.
Од: Павле
Датум: 23.01.2010 10:43:06
„100“ чекори.Ама каде?Дали има економски развој?Дали сме поблиску до ЕУ и НАТО?Дали има инвестиции?Со кои резултати ќе излезе власта пред народот? Е сега е прашањето и колку е и опозицијата способна да ја води државата? И да има избори јас ќе си седам дома.
Од: sss od zapad
Датум: 23.01.2010 11:45:53
do site komentatori na utrinski, dragi moi Mk,opst balkanski mentalitet,zlobnost,ogovaranje ,koj na kogo da mu napravi loso ,pa vie izgleda nemate druga rabota samo rekla kazala,vise ste dosadni so tie vasi izjavi ,a site ste isti i vie da dojdete na vlast isto bi go pravele ,site ste isti,koj poveke da zeme za sebe,sto vi moze Gruevski koga vie nisto ne se trudite cekate da ve zaposli a cela MK saka da bidat gragani ,nikoj da ne raboti ,site da studiraat ,i samo sezalite prestanete ednasi razmislete dali samo vladata vi e kriva ili vie samite
Од: Od osteteni
Датум: 23.01.2010 12:01:06
Господине Груевски што оцекувате на лазните наде`и сто му ги дававте во Преспа со Милосевски и со Координаторот на Ресен кога ги лазевте овостарите дека каналите за наводнување на ��востарниците ке бликаат -така викасе др.Васко Мицевски -канали кои 50 години непрецено работеа Васата влас тоа го прекина во 2008 се бранефте дека тоа се слуцило пошто градонацалникот е од СДС еве во 2009 се слуци истото поради неколку цевки ги оставивте лугето кои макотрпно работаа на тие овостарници за 5 цевки несакавте да дадете помос кога нис сите градови се расфрлафте со субвенции премии преспани ги гледаа како се сусат нивните овостарници цели две години за капка вода тоа се слуце од кога дојдовте вие на влас а дотогас 50 години и повеке непрецено се наводнуваа -тоа е господине покрај езеро да се сусат овостарници -сто оцекувате и како ке излезите со васите луге пред овој народ и со мислите да му казете и да ги убедите ,во Преспа добивте голема подрска со тоа ветување на насиот координатор Мицевс
Од: Jana
Датум: 23.01.2010 12:09:04
Sramota e Guner Ismail da go pisuvate kako analiticar. Znaci moze da go napisete kako poranesen sef na izborniot stab na Frskoski ili kako aktuelen clen na diplomatskiot sovet na SDSM. Ama mnogu e eftino da go prodavate kako analiticar bez razlika dali negovite mislenja se realni ili ne.
Од: zelezara
Датум: 23.01.2010 12:20:12
Do dedodimo. Mnogu sme srekni so vakva vlada???Of mori majko
Од: vvv
Датум: 23.01.2010 12:54:55
Ako, ako, neka ima izbori. Moze i pak ke pobedi, ama deka ke dobie 61 pratenik- moze samo da sonuva. Pomina vremeto, narodot se osvestuva.Ama i kaznuva.
Од: verag
Датум: 23.01.2010 13:23:59
Се плашам дека сељанчиштата што го доведоа на власт се во мнозинство и дека паќ ќе владее диктаторот.
Од: Столе из Штипа
Датум: 23.01.2010 15:11:27
„Драг и Мил“ ПРЕМИЕРЕ... многу чесно и умешно што ти текна да ја раздвижиш „твојата“ база, која е конгломерат од стари вмровци и новопечените (сдсм-овци, да-овци, и уште какви ли не-овци) и се се сведува на Овци, со оглед на тоа што имаш доста „поголем“ ама рејтинг, во споредба со нашиот мил и драг, како што го ословуваат БЦ као П на СДСМ. Инаку така ќе биде се додека не се освести тој БЦ дека Грујче не се бута (како што е терминот во политиката) од власт, до дека не направи вистински промени и реформи во самиот СДСМ, а тоа е прво да се сврти кон Штип, град кој што важи за барометар на политиката во Штип, и од селски недокажани а богами и докажани сељаци (не селани) иако потеклото им е од СУДИЌ и ЧАРДАКЛИЈА, експоненти на СДСМ како први луѓе на ОО, постави млади способни непокварени и неизвалкани кадри кои ќе направат реорганизација и ќе ја раздвижат политиката на СДСМ во Штип. Ова ви го упатувам и Вам како П на СДСМ а воедно и на Грујче, као П на В на РМ.. како круцијална причина
Од: serdar
Датум: 23.01.2010 18:18:56
tik-tak, tik-tak vremeto ti odmina vojvodo minhauzen
Од: mihajlo
Датум: 23.01.2010 18:54:11
Prasanjeto sto Gruevski od vo odreden del na Makedonija ne e nisto sto treba nekoj da go komentira.Smetam deka e toa normalna partiska i politicka aktivnost na eden politicar,posebno od rangot na G-din Gruevski.Moze site nie da ne se slozuvame so mnofu raboti od aktivnostite,no najgolemiot del na gradjanite se izjasnuvaat onaka kako sto pokazuvaat analizite.Dali toa e vo red ili ne vo politikata e dozvoleno i toa go odrazuva raspolozenieto na naseto pucanstvo.Kako laik za"visoka" politika smetam deka vo ovoj,a ubeden sum i vo period od najmalki dve godini vo Makedonija nema da ima politicka sila koja e kadarna da go simne od vlast.Ona sto nekoi go narekuvaat okrupnuvanje na OPOZICIJATA( so Tito,Stole Orovcanec,Ordanovski),site tie da gi soberes nema da iznesuvaat ni 1%.Gruevski moze da padne edino na ucenuvackiot Albansi faktor,koj sekoj den samo nesto novo izmisluva.Opozicija so makedonski predznak uste dolfo vreme nema da go isplasi.
Од: Bogoja Struga
Датум: 23.01.2010 20:19:43
A bre komujnarcina vaka skokste pred sekoj izbori a posle nigde ve nema.Pa koja opozicija barate,toa se istite onie od pred 20 godini samo sto dosega site sakaa da se prvi a eve im se pridruzi Filip I lube.Arno ama koga od svojte parti vidoja deka im se polosi nego selski sega ce se obedinele.Toa se istiiiii pogledajtegi iminata. Isto videte koj ovde ve lazi ,toa se poranesni ministri sega ekspert i analiticari radi koj gi gubese izborite SDSM pa istite novinari vesnici,televizi.Celo vreme go napagate Sitel i Vecer ,pa ako eden vesnik i televizija vrset pogolema propaganda nego drugive togas nesto so vas ne e vo red.Znaci NARODOT NIKOJ NE GO LAZE SAM ODLUCUVA.Samo drugiov pat VMRO ce izleze so 70 pratenici.Dodeka Branko ve VOZI Grueski ce CARUVA.
Од: nacional-patriot
Датум: 23.01.2010 21:01:59
Opozicijata bese poveke obedineta na minatite izbori,pa dozivea debakl.Bidete uvereni deka i na narednite parlamentarni izbori SDSM i kompanija gi ceka novo ponizuvanje.

Најди! во Утрински
На прво место
Првите шест месеци од 2010 година клучни за иднината на Македонија