Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место

Црвенковски: Нема план Б за Македонија и за Балканот

Црвенковски на конгресот на Партијата на европски социјалисти во Прага

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во рамките на осмиот конгрес на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), што се одржа во Прага, имаше одделни средби со неколку лидери од сестринските партии. Тој со соговорниците разговараше за евроатлантските аспирации на Република Македонија и за статусот на поединечните земји на тој план, со посебен акцент за статусот на Република Бугарија во ЕУ и нивните искуства и прогресот на Република Албанија и Република Србија кон ЕУ.

По покана на поранешниот премиер на Данска, Пол Нируп Расмусен, Црвенковски имаше обраќање, во кое, меѓу другото, говореше и за актуелните политички случувања во Македонија: „Има само план А за Македонија и за останатите земји од Балканот, што значи целосна интеграција во евроатлантските структури. Некои политички лидери на Балканот, вклучително и од мојата земја, сметаат дека останувањето надвор од овие структури нема да промени ништо. Дека има ден потоа. Но, тоа е политички, популистички луксуз, кој не можеме да си го дозволиме“.

Според Црвенковски, Македонија нема време за трошење „и не смееме да заборавиме дека влијанието на економската криза допрва доаѓа на Балканот. Само интеграцијата во евроатлантските структури ќе ја подобри политичката стабилност и економскиот просперитет на регионот. Нема план Б што може да се примени на Балканот. Без оглед на тоа што би можело да биде, тоа е губитничка опција“, рече лидерот на СДСМ. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1382 пати.

Испрати коментар

Од: Раде
Датум: 09.12.2009 00:39:11
Освен европската интеграција, за македонија нема друга алтернатива. Бидејќи овие ја упласкаа, време е опозицијата поинтензивно да се ангажира. Изгубивме време и пријатели низ светот попусто.
Од: domakin
Датум: 09.12.2009 01:05:01
crvenkovič branislav kako si otidel vo praga da ja blatiš republika makedonija stradaneto na makedonija e tvoj temel što si kum za imeto firom i sega naogaš vina vo drugi političari
Од: Паци
Датум: 09.12.2009 09:28:38
Во право е Црвенковски. Економската криза искомбинирана со македонската ‘криза‘ допрва ќе ја почуствуваме со сета жестина. И во наредниве шест месеци овој народ со Бившо-Југословенски идентитет, че почуствува што значи да си изолиран од Европа.
Од: Do Domakinot
Датум: 09.12.2009 10:12:02
Branko so imeto FIROM ovozmozi 125 zemji da ja priznaat Makedonija pod ustavnoto ime, se dodeka takvite slepci kako tebe ne glasaa za najgolemata STETOCINA . Od 2006 navamu cel svet i cela EU se svrte protiv nas, i cukni ja glavata i prasaj se zosto e toa taka????
Од: Трпе
Датум: 09.12.2009 10:39:14
Себичноста е лоша особина.Нека каже некој кој успеал без пријатели,како што се занесува ова влада.Се знае човек каде само може да оди сам.Како што тргнале работите и нашите деца ке живеат во мизерија.Господинот Црвенковски е во право.Но како да им се објасни на заведените млади деца.Македонија е слепо црево на Балканот.Но да се надеваме дека во пакет со соседите некако ќе бидеме извлечени од ова дупка.Да се крстиме на Србија.Само таа може да го повлече и нашето вагонче,без уништување на слепото црево.
Од: mark
Датум: 09.12.2009 10:59:28
Do zaslepenite kvazi patrioti iDOMAKINOT. EDNO da vi bige jasno Branko nikogas i nikade ne predade nisto a sto napravi VMRO so LJUBCO kako premier i GRUJO minister vo Sofija 1999 g,Da ve potsetam potpisaa dogovor so Kostov deka makedonskiot jazik e vestacka tvorba i ne postoi,e vie s.... edni zaboravate na tie predavstva e za toa sega Borisov go potseti Gruevski na dogovorot na cie ptpisuvanje bese i min,togasen a sega premier CESNIOT
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 11:03:55
За информација до помодрените дека нешто има и признаено и кај експертската влада и тоа преку 5о земји, и кај владата на ВМРО така да нее се кога помодрените биле на власт.А и кој го спречи помодрениот спасител да го реши проблемот 2002-2оо6 год.Или тогаш презентираше дунек вратоломии,те нема маж за промена,па има мажи заедно со премиерот со РМ(Скопје)во Букурешт,па целосна подршка друг да го реши проблемот,па сега дајте кураж не очајувајте нели сте на власт а ние помодрените ќе ве саботираме и т.н и т.н Дури сега народот е спремен да се откаже од ЕУ интеграциите,вакви тормозења им се преку глава плус обезличувањето кој секи дневно го слушаме од соседите на сите нивоа,од преседател до премиер до екстремна лева и десна булумента.Само помодренава тројанска ергела одработува на наша штета.
Од: Nevidena hipokrizija
Датум: 09.12.2009 11:17:49
Zosto Crvenkovski i kako premier i kako pretsedatel ne go resi problemot, koj toj go sozdade.Takva hipokrizija nema nikade.
Од: Vistinski socijal-demokrat
Датум: 09.12.2009 11:34:50
Branko saka da ja imitira Radmila, ama za negova zal on e samo nejzina bleda kopija. Procitan e za strancite, a i doma, tret pat narodot ne se laze!
Од: korco
Датум: 09.12.2009 11:38:30
So se sekiras bre domakine. pa Brane ke ni dava od negovata penzija. Toj e tolku dobar neli
Од: Makedonec od MK
Датум: 09.12.2009 13:10:05
Dokolku se socuva identitetot i jazikot ( a sported vremenata spogodba toa i ne e predmet za razgovor, a toj problem nie go fabrikuvavme, sto grcite so zadovolstvo go prifatija), togas vo nas interes e da prifatime vo imeto( bez promena na Ustavot) geografska odrednica. Dokolku ne vlezeme vo NATO, preti seriozna opasnost za podelba na Makedonija, kako onaa sto ja sakase L.Georgievski. Toa e planot"B".

Најди! во Утрински
На прво место
Брисел ни пресуди како Букурешт
Сега сите го чекаат премиерот Груевски!