Шведското претседателство не успеа да ја убеди Грција да прифати рок за датумот за преговори со Македонија
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Македонија остана со празни раце и во Европската унија откако шведското претседателство не успеа да ја убеди Грција да прифати рок кога треба да се утврди датумот за преговори со Македонија. Епилогот, што премиерот Никола Груевски го оцени како софистицирана варијанта на Букурешт, не е комплетно разочарување, но не е ни охрабрување какво што сакаа и Брисел и Македонија. Од заклучоците, по долги дводневни расправии, отпадна клучната препорака, па место одлуката дека „Советот ќе се наврати на прашањето во март 2010 година со намера да утврди датум за отворање преговори за членство“, остана ставот дека „Советот ќе се наврати на прашањето за време на следното претседателство на ЕУ“. Практично, рокот за носење на одлуката се пролонгира за три или за шест месеци, кога има планирани самити на ЕУ, но посуштинско е дека е избришана обврската на Советот во таа прилика да утврди датум за преговорите. Едноставно кажано, лидерите на ЕУ ќе можат да се навратат на препораката, но не мора и да донесат одлука, па можат да се навраќаат така во бесконечност. Тоа е токму тоа што не го сакаа Карл Билт, Жозе Мануел Баросо и Оли Рен, односно нешто долго чиј крај не може да се предвиди.
На овој епилог му претходеше расправија меѓу министрите, билатерални консултации со Грците и нервозни забелешки, при што неколку земји застанаа зад позицијата на Атина дека треба прво решение, па потоа споменување рок за преговорите или рок за рокот за преговорите. Според грчки извори, нивната позиција ја поддржале Франција, Шпанија, Кипар, Малта, Италија, Романија и, наводно, Словенија, иако од македонски извори се сомневаа околу тоа. Бугарската позиција била ни таму ни ваму, додека Германија и Велика Британија ја поддржале препораката за Македонија.
Грчките претставници ги оценија заклучоците како нивна победа, без оглед на тоа што нивните првични настојувања беа како временски рок да стои „колку што е можно поскоро“, што е опис, а не временска рамка. „Ова може да значи идниот месец, идната година, идниот век...“ реплицирале некои од министрите. „Да, но може да значи и овој месец, на Божик...“ одговорил заменик-министерот Димитри Друцас. „А, кој Божик - овој, идната или другата година...“ била следната реакција на поддржувачите на решението во прилог на Македонија. Неофицијално извори од Европската комисија признаа дека не се среќни со одлуката на Советот, бидејќи тој не ја следеше нивната препорака. Официјално Оли Рен, сепак, тврдеше упорно дека е направен чекор напред и дека заклучокот е охрабрување за поголемо ангажирање да се најде решение за спорот. На директното прашање дали на Советот имаше вето за Македонија, категорично не даде одговор ни Карл Билт, кој неколкупати повтори дека се создадени „услови за добар и конструктивен компромис за неколку месеци“ додека со ЕУ ќе претседава Шпанија.
„Ја сфаќам одлуката на Советот како охрабрување, не како вето. Се' уште нема преговори со ЕУ, но продолжуваат билатералните разговори. Охрабрени сме од атмосферата меѓу двете земји и мое лично верување е дека има услови за конструктивен и добар компромис во релативно кратко време. ЕК препорача преговори и ние ќе се навратиме на ова прашање за време на шпанското претседателствување“, изјави Билт. За да го релативизира поразот, меѓу другото, и личен, Билт тврдеше дека на Балканот е проблем ако од некои решенија едни се премногу среќни, а други несреќни, па најдобро е да се дојде до задоволување на двете страни, т.е. до компромис. Со тоа тој објасни зошто е донесена ваква одлука, кога од неа не се среќни ни Македонија, ни ЕУ, ни Грција.
„Кога имате ситуација една страна да е екстремно среќна, а другата несреќна, тогаш сте во неволја. Ако двете страни еднакво се незадоволни, тогаш веројатно имате добар компромис што може да успее. Ова не доведува до ултимативно задоволство кај страните, но води кон конечно задоволително решение и за едната и за другата страна. Тоа е компромис и тоа е начин што ги води напред Европа и овој дел од Европа“, рече Билт. На прашањето зошто Советот не ја следеше препораката на ЕК и не и' даде преговори на Македонија, Билт немаше друг избор отколку да го повтори колку е сигурен дека ќе видиме важни настани наредните неколку месеци. Еврокомесарот Оли Рен, исто така, отфрли дека станува збор за негов личен пораз. Напротив, рече тој, ова е јасен чекор напред, бидејќи Советот ќе се наврати на препораката повторно, а Македонија и Грција покажаа позитивна политичка волја.
Премиерот Никола Груевски, кој учествуваше на форум во Брисел, не беше изненаден од заклучокот на министрите, бидејќи го најавувале тоа со месеци. „Не сме многу изненадени, иако не сме многу ни среќни. Овој пат тоа е направено на малку пософистициран начин од Букурешт. Можноста да се навратат на препораката следните шест месеци остава некоја надеж дека нешто, сепак, ќе се придвижи. Продолжуваме со реформите, со напорите да ја приближиме земјата до ЕУ, но и да бараме решение за проблемот со името. Но, ако Грција мисли дека тоа може да се постигне со блокади, тоа не е европски однос и минатото покажа дека не е можно“, изјави премиерот. Според него, Грција бара нешта што никој во светот не ги бара од други, па исходот не зависи само од нас.
На критиките во Македонија дека е пропуштена историска шанса, Груевски реплицираше со контранапад дека е пропуштена навистина, но шанса да се обезличиме како нација. „Од наша страна постои подготвеност за компромис. Има коментари дека е пропуштена историска шанса. Да, препораката е историска шанса, но да се обезличиме тотално како народ, да се откажеме од идентитетот и од се' буквално. Таква шанса имало во минатото и ќе има во иднина, и тоа многу често, бидејќи таа ни е на маса секој момент. Од тој аспект, ништо посебно не сме пропуштиле, па се надевам дека во иднина ќе ни се укажат некои шанси и дека во Грција ќе почнат да дуваат некои други ветрови“, рече Груевски. Тој искажа голема благодарност до Билт и до сите други што работеле упорно да дојдат до позитивна одлука за Македонија, но не успеале. „Кога видоа дека Грција има намера да го попречи давањето датум за Македонија или барем датум за датумот, кренаа раце. Едноставно, не можеа да одат против правилата на ЕУ“, изјави тој. Според него, јасно било дека Грција не сакала да се постигне договор и да и' се дозволат на Македонија преговори со ЕУ, паралелно со преговори за името. „Ако ви кажуваат дека сакаат да ги прифатите нивните услови, а не да се постигне компромис, тоа покажува дека не сакаат договор. Тоа ни се случи сега со Грција“, рече Груевски, не исклучувајќи дека, сепак, тоа може да се смени во иднина.
Заклучоците на шефовите на дипломатиите на ЕУ се конечни и за нив нема да се расправа на самитот на лидерите неделава.
Премиерот Груевски, исто така, оцени дека е беспредметна сега средба со грчкиот лидер, иако би ја прифатил ако го покани во Брисел.
grujo po seto ova,svrti se kon tatkovinava i probaj od nea da stvoris evropa.nie sme naviknati na ovoj nacin na ziveenje,fino ni e.so eu-samo par ministeri i lokalni politicari,del od onie na scena zaedno so tebe bi imale korist,drug ne.a narodot najmalku.obnovi go zdravstvoto,patistata,skolstvoto.pocni od ona sto imas,a dovolno e tuka.briselska fotelja neka bide i ponataka tvoj son.ne go prodavaj ovoj saka narod tolku eftino.ne stvaraj omraza izmegu polizijata i nego,ne gi cedi pretprijatijata i malite firmi,ne upotrebuvaj razni formi na lagi i ne plukaj na ftorata klasa makedonci.i ne zaboravaj edno.ne ne blamiraj veke vo svetot.
Од: Ambasador vo MNR
Датум: 08.12.2009 20:38:28
Samo na Meg. sud vo Hag se reshava problem za imeto. Sega, prvo Generalnoto Sobranie na ON, a potoa Megunarodniot sud vo Hag so reshavanje na slednoto prashanje: Da li referencata/pregovorite se vo soglasnost so megunarodnoto pravo?
Од: mi
Датум: 08.12.2009 22:27:44
eh makedoncinja, da bese standardot na ziveenje vo makedonija na visoko nivo, tie samite ke ne pokanea a ne nie da barame i molime. Mi se cini deka ke ne primat vo EU koga Germanija, Francija, Anglija, Italija i slicnite ke izlezat, a Albanija, Kosovo, Gruzija, Azerbejdzan i slicnite veke ke bidat vo nea. Za nas samo takvo neasto, ne zasluzuvame poveke.
Од: Даниел
Датум: 08.12.2009 23:12:40
На Груевски некој треба да му каже дека политиката не е фер? Или се прави дека незнае... На Груевски треба некој да му каже дека политика на договор не е детска игра на инает, туку наоѓање решение по секоја цена? Или се прави дека незнае? На Груевски некој треба да му каже дека луѓето не живеат од патриотизам, национализам, идентитет и емоции... туку од леб, работа, и понекој денар во џеб? Или се прави дека незнае?
Нека го бранат идентитетот и "рејтингот" оние кои имаат се, а обичниот народ нека се радува дека сме останале македонци со достоинство а јадеме (да ми извините) г...а!
Од: Risto Avstralia
Датум: 08.12.2009 23:33:04
Pa se znae koj ja podrzuva Grcija,SpanijaKralska i strav od baskijcite da ne se oddelat ,Malta i Kipar pupet na Gr,Italia korumpirana do koski potplaten minister Francija ni vraka za bifshite Afrikanski kolonii koi se oslobodija od niv so nasha pomosh za vreme Yu.E taa e Evropa tuku mavnete pregovori so niv i kazete im sikter na site i da si pocneme sami domakinluk vaka cela energija Makedonija ja troshi i lugeto ne mislat drugo tuku kako vo Evropa chunkim tamo med i mleko teche.Gos Gruevski slobodno im kazi deka problem so ime nie nemame i direktno vo UN,Grcija za gabe ne go nosi Ba Ki Mun na gosti priprema i vo Un.zamki gi chitam kako bukvar.
Од: Diogen
Датум: 09.12.2009 00:14:49
Do kolku Premierot Gruevski i Pretsedatelot Ivanov imaat i malku doblest,a uste poveke, respekt kon Makedonski ot narod,da izlezat vo javnosta i da za neuspehot na nivnata politika.Ostavkite na gorespomenatite gospoda i nivnata vlada se odne
suvaat na nivniot moral i etika,koi za zal ne im se jaka strana.Gospod na pomos.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 09.12.2009 00:37:36
Определбата на актуелната македонска влада да го ресетира националниот идентитет на Македонците во моментот од пресудно значење за надминување на проблемот со името беше голем гаф, поточно нонсенс, кој преговорите ги доведе во ќорсокак! Обидот запокажување на победнички „мускули“ во преговорите со Грција сега на македонската влада и се враќа како бумеранг! Погрешните проценки во надворешната политика носа�� катастрофални резултати! Сега сум уште поубеден дека Грција на разузнавачки план со Македонија си играше како мачка со глушец!
Од: Марко
Датум: 09.12.2009 00:42:19
Со ваквата наша политика, т.е. инаетење комбинирано со незнаење, ништо подобро не можеше ниту да се очекува.
Од: Од С.Р.
Датум: 09.12.2009 00:45:37
Јас мислам дека ние сами си пресудуваме и не би требало да го обвинуваме Брисел.По толкаво настојување на Брисел да стори нешто за решавање на проблемот со грците нормално беше одлуката да биде таква,затоа што господинот Гуевски не мислејќи воопшто да го решава спорот, ами само со одолговлечување и обвинување на грците за максималистички барања Брисел ќе се смилува и ќе донесе позитивна одлука за нас. Тоа очигледно не оди така.Ако сака Гуевски да стори нешто во наредниот период, најпрво он мора јавно да се откаже од антиквизацијата,да ги врати преименувањата на автопатот, аеродромот,стадионот,и се што превзеде во тој правез па да се надева дека грците би можело да ги намалат своите максим.барања ,ас потоа евентуално да ги продолжи преговорите само за името,а не и за идентитетот.
Од: jas od zapad
Датум: 09.12.2009 00:52:05
e najposle edna realna statija...vo odnos na 'site go cekale Gruevski'...sto ke go cekate...cela Evropa ne moze da izleze na kraj so Grcistata a vie go gnjavite Nikola koj samo se obiduva da ni go spasi identitetot? Ne mozam da vi se nacudam...Da, vo pravo e Nikola, ovoj pat bese posofisticrano...potpolno se slozuvam so nego. Makedonija ke dobie naskoro datum za pregovori so ili bez resenie na ovoj odvraten konflikt koj ni go nametna Grcija a vie kako pijan za plot vednas nagrnavte da si go smenite imeto...ke ste odele vo Evropa? Koj ke ve ceni? Dali razbirate deka od toa ke nema nisto? Poveketo evropski zemji na samitot rekoa da se odvoi konfliktot so imeto i stom veke i Velika Britanija go zazema toj stav-na Grcite ime se odbroeni denovite...im vrie na EVropjanite od problemite so Grcija: kaj tolku godini gi hranat pa sega i skokaat...dosta bese.
Од: Sotir
Датум: 09.12.2009 02:21:32
e bravo, tri pati bravo!
Prvoto bravo e za narodot koj trpi mediumite da mu kazuva prikaski kolkava podrska sme imale vo Evropa i Svetot, deka Grcija ostanala sama i deka EU ke ja savela pod pridna uprava ako ne sorabotuvala prifakjjajki go ustavnoto ime. A na kraj ispadna deka zad grckata pozicija stojat Francija, Spanija Italija i t n..
Vtoroto bravo e za Gruevski sto zacrtal deka samo ustavnoto ime doagja vo predvid i deka tuka nema odsapuvnje se dodeka ne stane jasno deka nema ni pregovori okolu imeto, ni clenstvo vo EU, a naskoro mozebi ni drzava za civo sto ime se pregovara
Tretoto bravo e za Albancite koi cekaat i nikako da docekaat dogovor, a se pretvorija vo zaloznik koj sto glas ne pusta. Ako samo im tekne da svrtat drug list, Gruevski ke bide glaven za pregoviri okolu granicata kaj Grupcin. A ostatokot pak ke ostane bez ime.
Од: Dimac
Датум: 09.12.2009 03:26:46
Dodeka Slovenija vo site drugi mediumi e opisana kako eden od glavnite podrzuvaci,novinarite od Utrinski dojdoa do zaklucok deka bila protiv nas!?SMEJA GOLEMA!
Од: nacional-patriot
Датум: 09.12.2009 04:18:30
Definitivno e jasno deka nikogas nema da se prifati dodavka na imeto.Site pritisoci od zapadnite korumpirani birokrati za promena na drzavnoto ime i za obezlicuvanje,vlasta gi odbi.Sega site predavnici mora da znaat deka izgubija,a Makedonija pobedi.Moite prognozi i proceni se ostvarija.Moj odgovor na prasanje od eden komentator e deka Gruevski ne prifati dodavka na imeto pred samitot vo Bukurest lani,tuku prifati dodavkata da odi na referendum znaejki deka narodot ke ja odbiese taa dodavka na imeto ako togas imase referendum.
Од: Sofre New Jersey
Датум: 09.12.2009 04:30:23
Kolku sansi imase SDSM vo matnoto vreme, mozea dago resat imeto mnogi lesno. Grcite vo toa vreme bea izguben slucaj ne znaeja koj pat da go fatat. Samo sto SDSM vo toa vreme ne misleja na Makedonija glavna cel im bese koj poveke da zagrabi.
Од: Mitre
Датум: 09.12.2009 05:47:32
Таква шанса имало во минатото и ќе има во иднина, и тоа многу често, бидејќи таа ни е на маса секој момент.
Napred Makedonijo i ne se otkazuvaj od imeto i identitetot!!!
Од: pero magacinero
Датум: 09.12.2009 06:22:25
uste li ne ja naucivte lekcijata?edinstvena na cel na grckite i evropskite mesetari im e makedonija da iscezne od zemjinata topka,podsetetese sto ni napravija 1912-13 god i se ke vi stane jasno kako bel den
Од: pameten
Датум: 09.12.2009 06:43:43
Да, препораката е историска шанса, но да се обезличиме тотално како народ, да се откажеме од идентитетот и од се' буквално... NEMA da se obezlichime i nama da si go izgubile identitetot,. MORA samo da se otkazheme od toa razbiranje za poimite Makedonci i Makedonski, koi shto ni bea nametnati po 1944. So niv mena idnina. Ni treba ne kompromis, toku katarzis!
Од: blaze m.
Датум: 09.12.2009 07:22:15
Blgodarnost do Gruevski shto ne ne otpisha kako Makedonski narod, kako shto zagovara opozicijat po baranje na Grcija
Од: Мене до Вас
Датум: 09.12.2009 07:27:32
Избегната е катастрофа поголема од онаа што СеДеСеМое ни ја нанесе. Овака сме ФИРОМ со Македонски корени. Прифаќање компромис би било откажување од своето потекло. А ако останатите заедници не сакаат да ни помогнат во зачувување на нашиот идентитет / тоа е нивни проблем. Наша це е да си ги решиме нашите проблеми. Тој што го напаѓа Груевски е против Македонците и Македонија. ЕУ си го голтна горчливото апче што им го сервираше Грција. Па сега нека вадат жешки костени од оган со гола рака. НАместо Европска демократија гледаме Европска тиранија. А вие пљукачите престанете со вашите Хуш хуш. Нема да ви успее. Македонија засекогаш.
Од: the Macedonian
Датум: 09.12.2009 07:33:34
Makedonija pod itno da go priznae i da vospostavi diplomatski odnosi so turskiot del na Kipar. Da pokažeme deka sme za rešavanje na otvorenite problemi, a ne za nivno butkanje pod tepih. Do koga ke se vleče Kipar onakov kakov sto e pa i veto ke ni stava??? bog da čuva, do koga vitkanje kicma???
Sto ke ni e evropa koja podržuva fasisoidni metodi na istrebuvanje na eden narod....ne gledam zosto se stremime da odime tamu...bogatstvot na eden narod e vo kulturata, a ne vo materijalnoto....koga toa ke go svatat nasite neo-komunjari i ne znam kakvi li se uste ne gi imame ovde zagrizeni plateni vikaci na grcite....
Од: bramoni
Датум: 09.12.2009 09:31:03
Сега го сфатив поимот „црна дупка“ што го користат астрономите и астрофизичарите. Та јас цели дваесет години сум живеел во црна дупка. Сега е и запечатена. Ме чудат коментарите што го бранат Груевски,а не знам што направи тој? Освен што повика на линч на „предавници“, што фрли неколку лопати ваму-таму, што неговите послушници направија жардињери, зонски паркирања и катни гаражи, а запенавинети политички следбеници ( со една шака т.н. продадени интелектуалци) упорно му се благодарни. Срам и арам да им е!!!!!
Од: do ncional patriot i slicni
Датум: 09.12.2009 09:34:22
Sakam da mi objasnite sto toa bara Bugarija se spomnuva nekoj dogovor od 1999 koj go potpisal Ljubco no vo prisustvo na Grujo nesto slusam deka so toj dogovor nie sami go negirame jazikot posto si golem patriot sakam da mi odgovoris postoi ili ne toj dogovor potpisan od VMROVSKA vlada na koj se povikuva BORISOV i bara da se pocituva ili veto i od BUGARIJA,E moj znaci GRCIJA bara samo ime za jazikot resile na vremeto LJUBCO iministerot togasen GRUJO e ako si potpisal nema sega trte mrte lli se ponasame kako ovde rekov nerekov ke ima penzii z uck ke nema penzii samo rejtingot da ne se zagrozi e toa vo EU nevrevi vrvi kaj LATAS
Од: b
Датум: 09.12.2009 09:37:53
Со незнаењето на Груевски, Иванов и Милошовски, опкружени со група на неколку транзициони средношколци, еден обишен продавач на блинкери и една дама со виша школа, што е и тата и мама во партијата, неможе да се очекува ништо добро за Македонија
Од: usamkd
Датум: 09.12.2009 09:39:23
Sekako deka Brisel ne presudikako Bukurest,a sekako toa grujo i branko ke treba da go prikazat kako veto, isto kako i za Bukurest kade sto nemase veto. Brisel go spreci vetoto na Grcija i i' ovozmozi na Makedonija da dobie datum na seldnoto vakvo sobranie, pri sto treba da gi prekine problemite sto gi pravi kontinuirano. Sekako deka grujo i branko so ivanov ke napravat se za da ja iskompliciraat rabotata uste poveke, no nema da imbidi dozvoleno nitu od EU nitu od USA nitu od graganite.
Од: Трпе
Датум: 09.12.2009 09:53:43
Со тоа што ни се случи во Брисел,со неприближувањето на Македонија кон ЕУ,сигурно ке гледамеГрција ке биде со наведната глава,засрамена.Исто како нашиот мистер Рејтинг со се штро сработи за својот народ.Сигурно ке биде засрамен и со наведната глава.Што јас со високо образование,сум невработен и живеам во мизерија.Срекен сум што моите со скромната пензија ми обезбедуват времето да го убивам со интернет.Дали ние треба да се покориме на Грција како ние што мора да се покоруваме на мистер Рејтинг,земајки дпмнеовска членска книшка.
Од: ilija
Датум: 09.12.2009 09:54:16
Kamatite od "genijalniot plan" so antikata pochnaa da pristigaat...Chepkanjeto i prisvojuvanjeto na tugji istorii kje ni dojde do glavata...
Imame tazna nadvoreshna politika...
Од: Касандра
Датум: 09.12.2009 10:09:21
Времето си тече а тоа за Македонија е погубно. Значи во идното полугодие пак ќе нема инвестиции и понатаму економски ќе пропаѓаме.
Од: од09
Датум: 09.12.2009 10:34:08
Мене ми се грози од вакви плукачи,и неранимајкоци дошата би ја продале на гаволот за пари а после проштевајне од Бога али нема доста се лигавите предавници на својот род.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2009 10:48:49
во наведување на подржувачите на соседот заборавивте да ја споменете и помодрената тројанска ергела,да го парафразирам покојниот преседател на некогашна СФРЈ ,,да нетреба соседот да се плаши при ваква напредна ергела тројанци,успехот е загарантиран,,.ЕУ доживеа пораз во своите намери кон нас што највероватно ќе се рефлектира со еускептицизам од народот со интеграцијата во ЕУ.Веќе почнуваат коментари,,ако не сакаат да нене примат не мораат,,Дури сега народот уште повеќе ќе не сака промена на името.А ЕУ ја покажа сета немоќ да донесе издржана и праведна одлука.
Од: realen
Датум: 09.12.2009 11:02:10
Ne obvinuvam nikogo. Ednostavno sme nepozelni po mnogu osnovi, pred se ekonomski i drugi "srodni prava". Ama i so vakva kilava diplomatija nema air. Pa ve molam, vo Germanija imame metamorfoza od SDSM-ovski vo VMRO-ovski amabasador veke tolku godini, koj koga dojde na vlast VMRO si podnese ostavna na Direktorsko mesto vo vladina insitucija (IPPO). Kako nego ima redica drugi na koi im se uarni da uzivaaat vo provilegiite na svoite funkcii vo stranstvo .Koga sme cule izvestuvanje od Handziski(Atina), London (koj i da e), Pariz-koj od sekogas bil blizok so juzniot sosed. Ili sme tupavi ili brate da si sedime i uzivame vo porastot na GDP i benefitite od nerazvojniot budzet., i da se molime na Gospoda ruskiov medijator da ni potpomogne. Amin.
Од: london
Датум: 09.12.2009 11:05:05
pa ne se investiciite samo od evropskata unija. neka se donseat invetsicici od kina - site s evrtat kon istokot vlkucivajki ja unijata.
Pa ne mozme da cekame siromasni, gladni, nevraboteni da ne ptrimat vo unijata - smai sme si krivi. d atrcame po parite sami ke si kupime clenstvo. Vakvi kavi sme nema sansa.
dosta se zlaime , da prseatneme d ase glupirame i da si gi zasukam rakavite,: iam ai drugi pmarketi: africckite zmeji isto se marketi so koi i zapadnacite raboatat.
dosta cekame nekoj nesto da ni dade. ne ni zasluzuvame.
Од: predavstvo
Датум: 09.12.2009 12:11:24
Vo vrska so toa koj e predavnik a koj ne, ajde prashanjeto da go postavime obratno. Dali nema, eden den, idnite makedonski generacii, koi ke se rodat kako del od Evropskata unija i neminovno ke bidat vospitani vo drug duh, da go postavat prashanjeto: zoshto generacijata na nivnite tatkovci i dedovci od pochetokot na 21-ot vek se bavele so tehnichki prashanja okolu imenuvanje na edena teritorija i so toa “so ljubov” GO ZAKOCHILA vlezot na drzhavata vo zaednicata na narodite, a so toa i pobrziot prosperitet na narodot shto implicira negativni posledici na idnite generacii?! Nema li tie idni generacii, koi rabotite ke gi gledaat od drug agol, rasposlani po evropskiot kontinent, neoptovareni so fantazmite kako shto se “nacija”, “dominacija”, “koj od koga i od kade poteknuva”, “vekovni ognishta” i sl., deneshnava garnitura na vodachi na nacijata da ja osudat za predavstvo??? Tie generacii ne ke mozhat da sfatat kako mozhe eden narod tolku dolgo da prifati da zhivee na tolku mal prostor bez
Од: srebre
Датум: 09.12.2009 12:31:34
grujo sekogas se prikazuva sebe kako pobednik duri i po cena narod da trpi znaci pobedil ne ja dava nacijata?a so sto so toa sto dobil pirova pobeda pobedilama vojskata(narodot)ce go izgubi ce iscezne kako da ne postoiel bidejci so izolacija nema idnina nema prospertit nema natalitet ce se zadfusime samite sebe i vladata ako opstoi do togas ce zarvsi kako causesku vo romanija pametete i toj imase rejting vo 80etite godini koj go gradese so reklami kako vmro.
Од: до црвената линија
Датум: 09.12.2009 12:55:48
Не е крај на светот.Можеби така сакал тој што секогаш не спасува од моментите кои пресврт значат.Или можеби е сослушана молбата на нејакиот кога се моли работата да биде ако е ајрлија за да биде.Овој тајм аут треба да се искористи во размислата дали тајмингот е подобро да се искористи за да се анализира
што е подобро.Продолжување на реформите или постепено консолидирање дома.Навистина нема време веќе за трошење,бидејќи настапува период каде секој ќе гледа дома да му биде вред.Треба да очекуваме самите да се носиме со предизвиците.Најпосле треба да почне консолидацијата меѓу пшозицијата и опозоцијата и нивната интеграција во процесот на заздравување на државата.Транзицијата треба да се прогласи дека заврши.Сечието стана нечие,не е веќе битно како.Понатамошно елаборирање само ќе не води во пропаст.Кој се освести на време сврши работа.Раслојувањето заврши.Новата ера море да почне и со и без ЕУ.Треба да покажеме дека нашите намесници се способни да водат држава.А народот си останува истио
Од: ace
Датум: 09.12.2009 14:01:28
do koga vakvi budalastini makedonija vecna i vecna ke ostane nenitreba evropska unija i nato
politicari ne igrajte si igracki i nemojte da go lazite ovaj izmacen narod