|
Хороскоп
Овен
Овие денови ќе уживате во кратките патувања и физичките активности. Во елемент сте, искористете ги своите можности и енергија за да се докажете на работното место. За чудо, ќе избегнувате препреки и ќе бидете смирени.
Бик
Се' е во знакот на парите и на нивното стекнување. Тие се наоѓаат насекаде околу вас. Понекогаш знаете да претерате со работата, но морате да внимавате, заморот може лошо да влијае врз вашето здравје. Партнерот бара внимание, не вртете му го грбот.
Близнаци
Не повторувајте ги грешките од минатото, особено не љубовните. Бидете внимателни со се' што ќе започнете да работите. Морате да почнете да учите од сопствените грешки ако сакате да бидете помудри и поуспешни. Ви годи осаменоста.
Рак
Наредните денови ќе бидете вистински заводници. Наклонети сте на флерт, особено денеска. Зрачите со шарм и убавина. Избегнувајте љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на повеќе столови истовремено.
Лав
Спуштете се на земја и почнете да функционирате како сиот свет. Ја идеализирате секоја ситуација, па постојано сте во состојба на разочараност. Тоа посебно се однесува на пријателството. Задоцнетите финансии, конечно, ќе пристигнат.
Девица
Никако не се откажувате. Амбициозни сте, во се' сакате да најдете статусен симбол, бидејќи за она што го работите сакате да добиете адекватно признание. Потрудете се да се занимавате со она што го сакате и препуштете им се на животните радости.
Терезија
Конечно, најдовте хармонија со околината, што значи дека по долго време, најдовте сопствен мир. Многу припадници на знакот очекуваат патување во странство или, пак, размислуваат за стручно усовршување. Бидете динамични и ќе успеете.
Скорпија
Исклучително поволен период за пишување и за стекнување материјални добра. Од партнерот очекувате поддршка. Тој почна да ве стимулира да се промените во позитивна смисла, бидејќи ги увидувате сопствените грешки.
Стрелец
Благодарение на големиот број добри особини, навистина сте омилени во друштвото. Никој не може да им одолее на вашата природа и на настојувањата на сите да им излезете во пресрет. Бидејќи партнерот го ставивте на последно место, кон��чно, се јавува желба нешто да промените.
Јарец
Уживате во уметноста. Деновите што се пред вас се одлични за личности што се занимаваат со оваа област, како и за оние што се во здравството. Можни се здравствени проблеми врзани за консумирање шеќер. Јадете повеќе овошје.
Водолија
Овој месец актуелна ќе биде нова љубов. Доколку тврдоглаво се трудите да го остварите невозможното, соочувањето со препреки нема лесно да го прифатите, а тоа ќе се одрази врз вашето здравје. Затоа, задоволете се со реална понуда.
Риби
Настапи бран на оптимизам. Ви се нудат можности да бидете во природа, да шетате и да медитирате. Покрај тоа, насочете се кон семејството и кон домот. Идеите за адаптација на домот и освежување на ентериерот со детали ќе ве направи среќни.
|
#
|
|
|