Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Библиски потоп во Радовиш

Во невремето што ја зафати Македонија се удави 81-годишна старица, а еден маж исчезна во надојдените води

РАДОВИШ – Невидено цунами завчера направи пустош во општините Радовиш и Конче, поплавувајќи се' пред себе. Осумдесет и едногодишната Ката Борова се удави во сопствениот кревет од надојдените води во приземјето на семејната куќа. Радовишкото село Дедино, пак, е завиткано во тага и неизвесност за судбината на 77-годишниот Александар Трајков. Неговата ќерка Лимонка се' уште гледа во реката чии надојдени води од поројните дождови завчеравечер го одвлекле нејзиниот татко во непознат правец. Поплавени улици, уништени тротоари, возила затрупани во наноси со кал, фабрики кои претрпеа огромни штети од водата што надоаѓаше од сите страни. Ужасна беше вчера глетката во Радовиш.

Невремето ги зафати и другите делови на земјава. Силниот ветер што го зафати Охрид одвеа работник од покрив, кој по падот веднаш почина. Огромни штети претрпе и општината Виница и населените места Јакимово, Градец и Липец. Од големите порои се излеаја шахтите по улиците на градот, а надојдените води на Виничка Река ја поплавија бензинската пумпа кај селото Јакимово, а беа однесени и два моста. Сите човечки и материјални ресурси се ангажирани за расчистувањето на наносите, а надлежни екипи вршат проверки на теренот за последиците од невремето.

Грозна и страшна беше глетката во Радовиш по завчерашното невреме. Од калта и наносите со дрвја и отпад не се гледаше асфалтот на улиците, а автомобилите во центарот на градот до половина беа затрупани од наносите. Во продавниците и домовите од калта и водата се' уште не се гледаше покуќнината, иако жителите цел ден со метлите и со цревата ги метеа и переа поплавените теписи, алишта и апарати во домаќинството. Во подрумите и во објектите височината на нивото на надојдената вода изнесува повеќе од еден метар. Радовишани не можат да поверуваат во катастрофата што ги снајде и која однесе еден човечки живот.

Од ударот на водите, во семејната куќа загина Ката Борова. Кога фатило невремето, старицата се повлекла во својата куќа каде што живеела сама. Куќата била под нивото на патот на кој започнала да се излева водата од Градска Река, која минува низ центарот на Радовиш. За нецели триесет минути водата ја наполнила собата во која на кревет лежела жената. Еден од соседите се сетил дека баба Ката, како што ја викале соседите, е сама и отишол во нејзината куќа да види што е со неа. Ја нашол на кревет прекриена со ��ода и кал во безживотна состојба. Лекарите кои набргу дошле кај старицата само можеле да ја констатираат нејзината смрт.

Лимонка Трајкова, пак, се' уште го бара својот татко, 77-годишниот Александар Трајков од селото Дедино, кој исчезнал во надојдените води. „Се' пребаравме по речното корито, но ни трага ни глас нема од мојот татко. Најдовме едни алишта, но тие не беа на татко ми. Сега останува само да чекаме дали некој ќе успее да го најде”, раскажува ќерката Лимонка.

Невремето проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер само за половина час го поплави Радовиш. „Во последните 25 години не паметиме вакво невреме. За пет минути од кога почна да врне дожд ни се наполнија собите со вода до таванот. Бегавме за да спасиме жива глава“, раскажува Ванѓа Карпулева додека ја чисти куќата од наносите со кал.

Невремето го зафати регионот околу 16 часот, а такво беснеење на ветрот и дождот не паметат ниту најстарите жители.

„Над Радовиш се надвиснаа темни облаци какви што досега не сме виделе. Се споија небото и земјата. Започна да врне силен дожд кој одвреме-навреме преминуваше во град. Луѓето што беа затечени на улица бегаа дома. Градска Река не можеше да ги прими големите води што надојдоа од блиските планини. Радовиш заличи на Венеција, целиот град беше под вода. Такво невреме не сум доживеал“, вели пензионерот Коста Поцков.

Според градоначалникот Роберт Велков, нема куќа во центарот на градот и во сите пониски зони кои не се поплавени. „Невремето корнеше дрва, низ улиците летаа пластични маси и столови, тенди, саксии... Радовиш доживеа цунами, сликите беа како од оние во Њу Орлеанс што ги гледавме на ТВ и мислевме дека тоа кај нас никогаш нема да дојде. Тешко настрада дел од индустријата. Реката Сушица поплави дваесетина стопански и занаетчиски објекти. Штетите се огромни. Прексиноќа Радовиш го посетија Зоран Ставревски и министерот за финансии Трајко Славески за да се уверат на самото место за катастрофата што не' снајде. Ветија дека Владата ќе ни помогне, а без таква помош, Радовиш не може сам да ги санира последиците“, ни изјави градоначалникот Велков.

Продавници за храна и текстил, аптеки, ресторани вчера беа во вода и кал до колена. Сопствениците и вработените во нив цел ден ги чистеа просториите од калта. Тешко настрада и индустриската зона, каде што од излеаните води на реката Сушица настрадаа многу фабрики. Најголема трагедија доживеа фабриката на штипската конфекција „Штиптекс“. Кога започнало цунамито, силни води навлегле во халата. Најголем дел од работничките се качиле на масите и на машините од страв да не се удават.

„Фабриката е целосно уништена. Сите 120 машини се во кал, електрониката е неупотреблива. Само на готови производи и материјали за работа штетата е над еден милион евра. Сето тоа сега е неупотребливо. Ваква работа во животот не сум видел и добро е што никоја од нашите работнички не настрада. Имаме обврски кон деловните партнери, па поради тоа во штипската фабрика ургентно ќе отвориме втора смена, а за работничките од Радовиш ќе обезбедиме автобуси. Ќе треба време, можеби неколку месеци, за да се доведе нашата фабрика во овој град в ред“, вели Душко Зенделов, еден од сопствениците на фабриката. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека нивни екипи постојано се на терен и во координација со останатите надлежни институции ги преземаат сите потребни мерки за санација на предизвиканите штети.

Иако невремето највеќе го погоди радовишкиот крај, силниот ветер што дуваше завчера во Охрид беше причина за смртта на 46-годишниот битолчанец Слободанчо Лисичков. Тој заедно со уште тројца работници го монтирале новиот покрив на стовариштето за градежни материјали „Кармен“ во близината на фабриката „Отекс“. Во еден момент силниот ветер заедно со големо парче лим го одвеал Лисичков од покривот и тој паднал на земја и за кусо време починал на местото на несреќата.

Прилеп, пак, кој пред два дена, исто така, беше зафатен од силно невреме, вчера ги санираше последиците. Откако од силниот ветер без покрив остана основното училиште „Рампо Левката“, учениците не можат да посетуваат настава, бидејќи во објектот не постојат услови за работење. Силното невреме пред два дена го урна лимениот покрив во училишниот двор. Среќа е што во тој момент се одржувало настава, па и учениците и наставниците биле безбедни во објектот.

(Екипа на ��Утрински весник“)


Статијата е прочитана 2433 пати.

Испрати коментар

Од: unwritten24
Датум: 06.12.2008 00:23:03
Страшно, да се удавиш во сопствениот кревет :( Не ми с еверува дека се лсучило кај нас.
Од: pretskazuvanje
Датум: 06.12.2008 02:06:48
seto ova sto se slucuva go pisuva vo biblijata a i mnogu proroci go pretskazale kako i da e gi zivejeme poslednite godini na ovoj vek dostigna covestvoto golema kulminacija i tuka e krajot na ova vreme koga i vremeto se svrti protiv covekot tuka nema lek?
Од: viktor
Датум: 06.12.2008 11:13:27
konecno pocna i kaj nas pocnaa klimatskite promeni ako se prodolzi so vakvoto zagaduvajne na planetata ce ima uste pogolemi nevremi a ova vo radovis sto se sluci ne e nisto zamislete sto ke se sluci ako dojde nekj uragan ce letame site ne samo radovis
Од: Ljupka
Датум: 06.12.2008 12:21:58
Citam deka nevremeto bilo navistina strasno, i zalno za lugeto koi zaminaa-no ne mi se veruva kako lugeto vednas previduvaat deka e kraj na svetot. Aman bre, ko pred nas da nemalo takvi vremenski nepogodi. "Vremeto se svrti protiv covekot"!!! A, moze ne bilo vremeto protiv lugeto vo vo Teksas pred 100 god., koga bukvalno celi gradovi se potopuvani.
Од: Saso CH
Датум: 06.12.2008 12:48:58
Koga gi secete sumite preku red i crpite recnite korita za pesok ,e normalno da dojde do takvo nesto.
Од: радовишанка
Датум: 06.12.2008 20:46:39
луѓе тоа беше навистина страшно,улиците изгледаа како брзи реки,пливаа возила,фрижидери од продавниците,глетката во градот е ужасна,и јас сум една од поплавените,всушност и кој не беше.Штетите се огромни.Веќе трети ден и водата не се пие. Но полека градот се враќа во нормална,само ќе треба долго време да биде исто како што беше.
Од: citatelka od radovis
Датум: 06.12.2008 21:23:34
Иако сум од Радовиш, не живеам таму моментално, но моите ми кажуваат дека глетката е навистина стравотна и ужасна. Мислам дека вакво невреме досега не се случило во нашава земја. Ова ме потсети на еден филм што го гледав кога бев мала за циклонот Трејси што го опустошил градот Дарвин во Австралија во 1974 год. Вакви циклони ќе дојдат и кај нас како последица на глобалното затоплување.
Од: Radovisanec
Датум: 06.12.2008 21:54:25
Bravo za Gradonacalnikot na Radovis za odlicnata organizacija i pozrtvuvanosta da vo sekoj moment e so graganite
Од: gagi
Датум: 07.12.2008 03:51:31
cunami? imav kec po geografia zatoa ni den denes ne znam deka radovish e na breg na more
Од: Eden star Radovisanec
Датум: 07.12.2008 04:25:04
Moeto golemo socustvie za nastradalite od taja teska poplava u moeto drago rodno mesto-Radovis. Tesko e koga se izgube zivot, a materialnite zagubi mozat po kasno da se nadoknadat so trud i ambicija.
Од: Елена
Датум: 07.12.2008 12:41:53
Што е цунами? Што е циклон? Што е невреме, со силни дождови...? Мислам чисто да се знае што ни се случи во државата...!
Од: Itar Pejo
Датум: 07.12.2008 17:00:47
Bibliska zemja, bibliska poplava. Jas mislev deka krstovite po planinive ce ja stitat zemjava ama nependek izleze rabotava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Во ново јато за НАТО
Verbatim
Хилари Клинтон