Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛИЧНОСТ

Хилари Клинтон

Пред неполна година вредни статистичари пресметуваа дека еветуалното враќање на Хилари Клинтон во Белата куќа ќе значи меѓу 24 и 28 години непрекината власт на Бушови и Клинтонови на чело на најстарата демократија.

Хилари не стана претседател, но улогата на државен секретар ја става во улога на прва меѓу еднаквите во „дрим тимот“ на Барак Обама. Некогашната американска прва дама го доби Стејт департментот кое е најмоќното место во американската администрација.

Хилари Клинтон(61) е трета жена на оваа позиција по Медлин Олбрајт, државен секретар во Клинтоново време, и Кондолиза Рајс во администрацијата на Буш. Нема сомневање дека сенаторката од Њујорк, која се покажа како жесток противник на Барак Обама во демократската трка за претседателски кандидат е можеби најдобриот избор на Обама, а нејзиното искуство ќе биде значајно во престројувањето на американската надворешна политика кое го најавува новиот претседател.

Правник по професија, со диплома од Универзитетот „Јеил“, со блескава кариера и одлични приходи, Хилари никогаш не беше само сенка на претседателот, а се покажа дури и позрела и поцврста од сопругот Бил кога пукна неговата неславна афера со Моника Левински. (Д.Ч.)


Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 06.12.2008 01:12:01
drim tim? naprotiv toa e final team---- posle niv prasanje sto ke ostane od vakvata amerika.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Во ново јато за НАТО
Библиски потоп во Радовиш
Verbatim