Брoj 2719  вторник, 24 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Нафтата во светот пак жари - самитот без решение

Цената на американската лесна сурова нафта за испорака во август достигна 137,08 долари за барел

Вредноста на нафтата пак се зголеми откако итните разговори меѓу главните нафтени сили во светот и водечките земји-потрошувачки во текот на викендот во Саудијска Арабија завршија без реално решение. Цената на американската лесна сурова нафта за испорака во август достигна 137,08 долари за барел, додека цената на лондонската сурова нафта „брент“ се зголеми на 136,15 долари за барел. Зголемувањето на цените следуваше и покрај ветувањето на Саудиска Арабија дека ќе го зголеми дневното производство за дополнителни 200.000 барели дневно.

Според Би-Би-Си, рекордните цени на нафтата ги зголемија цените на горивото и влијаат на животните трошоци низ целиот свет. Тоа ја натера Саудиска Арабија, главен извозник во светот, да организира самит во Џеда, на кој главните креатори на енергетската политика дискутираа за состојбата. Пред самитот, Саудиска Арабија вети дека ќе ги зголеми дневните квоти на 9,7 милиони барели до крајот на јули, што е зголемување за околу 500.000 барели од мај. Но, без специфични заложби од другите земји-членки на картелот на произведувачи ОПЕК дека ќе го зголемат производството, се смета дека потегот на Саудиска Арабија нема да биде доволен за да се одговори на се' поголемата побарувачка, особено од земјите со брза стапка на развој, како што се Кина и Индија.

Цените, исто така, останаа високи и поради информациите дека нигериските нафтени полиња со кои работат „Шеврон“ и „Ројал Дач Шел“ се затворени откако беа нападнати минатата недела. Како последица на нападот, нафтеното производство на Нигерија се намали за една десеттина. Но, во еден ненадеен пресврт групата прогласи унилатерално примирје, а ќе стапи во сила од вторник на полноќ до неодредено време. „Нафтените трговци ја следат состојбата и меѓу Израел и Иран по информациите дека израелска воена вежба во источниот дел на Медитеранот е можен тест за напад врз Иран“, се вели во извештајот на Би-Би-Си.

„Секоја земја мора да стор�� се' што е во нејзина моќ за да ја олесни оваа тешка ситуација“, порача на самитот саудискиот министер за нафта Али ал Наими на крајот од самитот во Џеда, а пренесе Дојче веле. „Кога Саудиска Арабија го зголемува или го намалува производството, го прави тоа врз основа на побарувачката. Секако дека ќе им излеземе во пресрет на нарачките на нашите муштерии. Сакаме да соработуваме и постигнавме договор за ова прашање, па се надевам дека сите ќе се придржуваат кон него“, порача министерот за нафта на Саудиска Арабија.

Оваа соработка на земјите-произведувачи и потрошувачи е еден од конкретните резултати на средбата во Џеда.

Што се однесува до причините за вртоглавиот пораст на цената, кралот на Саудиска Арабија, Абдула, порача дека има повеќе причини. Тука се шпекулациите, растечките потреби за нафта на земјите во развој, како и пораснатите даноци во некои земји. Тој се заложи за намалување на даноците за енергенси. Дали земјите-производители ќе го зголемат вкупното количество нафта за да се намалат цените преку зголемената понуда, тоа ќе го реши нивното здружение ОПЕК на средбата во септември, јавува известувачот на Дојче веле.

Вчера актуелно беше и тврдењето на руските енергетски експерти дека оваа недела нафтата ќе поскапи на 145 долари за барел. Според нив, состојбата на светскиот пазар на нафта и натаму е нестабилнен. „Овој енергенс во текот на оваа седмица може да поскапи за десетина долари и да достигне рекордна цена од 145 долари за барел“, предупредува аналитичарот на московската компанија „Велес капитал“, Дмитриј Љутјагин.

Иако на средбата во Џеда повеќето нафтени компании, кои остваруваат рекордни профити од високата цена на енергенсот, вербално се заложија за стабилизација на понудата и цената на нафтата, според енергетските експерти, во блиска иднина е нереално да се очекува драстично намалување на нафтените цени. „На собирот се слушнаа добри идеи, но тоа не значи дека цената ќе почне да се намалува уште веднаш“, изјави по средбата директорот на компанијата „Дач Шел“, Џерен ван дер Вир.

Британскиот премиер Гордон Браун даде најдобра слика за случувањата во Џеда со изјавата дека „единствено нешто за што е постигната согласност е тоа дека цените на нафтата се многу високи“.

МИА вчера пренесе дека учесниците на самитот во Џеда се согласиле за поголема контрола и транспарентност на финансиските пазари, што е неопходно за стабилизирање на нафтениот пазар. Во заклучната декларација на самитот тие не истакнуваат намера за зголемување на производството на нафта во блиска иднина. Истовремено, претставниците на земјите-учеснички на средбата го сметаат за неопходно зголемувањето на инвестициите во производствените и преработувачките капацитети. „Постоењето дополнителен капацитет во производствениот синџир е од големо значење за стабилноста на светскиот нафтен пазар“, сметаат државите на ОПЕК.

Пакистан веќе најави дека не ќе може да им ја плати нафтата на Саудијците за овој месец. Кина, која исто така учествуваше на самитот, не се изјаснува за тоа дали ќе го смири својот забрзан развој за да се намали и побарувачката за нафтата, што се смета дека директно се одразува врз поскапувањето на овој енергенс. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 165 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Драматичен скок на цената на бензините - еден литар 80,5 денари
Охрид топ-дестинација за туристите од соседните земји
„Телеком“ ги укинува бесплатните сто минути