Број 2721  четврток, 26 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

БАЛКАН

Демократите се за Пајтиќ како премиер...

Белград - Поголемиот број од членовите на Претседателството на Демократската партија (ДС) на српскиот претседател Борис Тадиќ би сакале нов премиер на Србија да биде партискиот потпретседател Бојан Пајтиќ, објави белградски „Блиц“. Според весникот, по Пајтиќ најмногу доверба меѓу членовите на Претседателството на партијата уживаат актуелниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, и министерот за финансии, Мирко Цветковиќ. „Блиц“ наведува дека, сепак, конечната одлука околу идниот српски премиер ќе ја има шефот на државата и партиски лидер Тадиќ. Интересно е тоа што меѓу кандидатите за премиер весникот не го споменува Божидар Ѓелиќ, кој досега важеше за најсериозен кандидат за иден шеф на српската влада.

Српското Собрание вчера ја продолжи конститутивната седница со избор на нов собраниски претседател. Кандидат за оваа функција е Славица Ѓукиќ-Дејановиќ од редовите на СПС. (МИА)

Просечна плата во БиХ е 379 евра

Сараево - Просечната нето-плата во Босна и Херцеговина за април изнесува 739 конвертибилни марки или 379 евра. Споредено со април минатата година, платите се покачиле за 16,4 проценти и тоа најмногу во секторите на здравството, социјалната заштита и образованието. (Макфакс)

Амбасадор на САД тргувал со оружје

Вашингтон - Американскиот Стејт департмент ги истражува тврдењата за вмешаност на американскиот амбасадор во Албанија во незаконска трговија со кинеска муниција, испратена од снабдувач на Пентагон на авганистанската армија. Хенри Воксмен, претседател на Комисијата за контрола и реформи на управувањето во Претставничкиот дом на Конгресот, изјави дека американскиот амбасадор во Албанија, Џон Видерс, дал согласност да бидат уништени доказите за нелегалната трговија.

Фирмата „Еј И Ваи“ во 2007 година купила во Албанија муниција, произведена во Кина меѓу 1962 и 1974 година и ја испратила во Авганистан, спротивно на американскиот закон со кој се забранува трговија со кинеска муниција. Според Воксмен, Стејт департментот се обидел да ги прикрие активностите на Видерс.

Косово заостанува во демократскиот развој

Вашингтон - Мината година балканските земји ги продолжија демократските реформи, но најголемиот предизвик претставува развојот на Косово, каде што властите треба да се позанимаваат со слабото судство, ендемската корупција и барањето „мирно решение за тензиите во односот со Србите“, стои во последниот извештај на невладината организација „Фридом хаус“.

Во документот кој се занимава со демократскиот развој на земјите од Источна Европа и Евроазија во текот на минатата година, Србија добила оценка 3,79 на скалилото до 7, при што 7 е најлошата оценка. Косово, кое во извештајот на „Фридом хаус“ е посебно третирано, доби оценка 5,21, што е под просекот на регионот, кој изнесува 4. Меѓу 29 земји, опфатени во извештајот, на прво место по демократски развој се наоѓа Словенија со оценка 1,86, а на последно е Туркменистан со 6,93. (МИА)

Рачна бомба пред „Баер“ во Атина

Атина - Рачна бомба со мала разурнувачка моќ експлодира во близина на германската фармацевтска компанија „Баер“ во северно предградие на Атина. Во експлозијата нема жртви, ниту повредени, а причинета е мала материјална штета. Полицијата веднаш пристигнала на увид и открила остатоци од експлозивната направа, но се' уште не се знае кога се случил инцидентот. (МИА)


Статијата е прочитана 256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Панично заминување на Саркози и Бруни од Израел
Скотланд јард трага по убиецот на Георги Марков
Ирците се против Лисабонскиот договор, но се за ЕУ
Бил Клинтон, конечно, застана зад Обама
Русија планира намалување на армијата