По обичај, секогаш кога станува збор за жешки теми, и вчера во МАНУ молк
Билјана Јовановска
Во Киев, академик Блаже Ристовски успеа да ја промовира повлечената енциклопедија на МАНУ, од која есента, кога излезе, се засрамија и неговите колеги по звање. Без ронка срам го промовира делото кое Академијата го повлече од употреба, како да станува збор за приватен проект, а не за труд за кој државата издвоила околу половина милион евра, но поради грубите грешки, 1.800 примероци МАНУ ги стави во депо.
Дали промовирањето е направено со одобрение на претседателот на Академијата, академик Георги Старделов, или разрешениот главен редактор Ристовски на своја рака им го претстави на украинските научници делото кое го смета за своја гордост, своевидна вишна на шлагот на неговата научна кариера? Во текот на вчерашниот ден, одговор на овие и на многу други отворени прашања не можеше да се добие од првиот академик - Старделов, кој не беше во својот кабинет.
Од она што го соопшти акад. Ристовски по враќањето од Киев, тешко е да се извлече валиден одговор, бидејќи и неговите кажувања се час вакви час такви. Да нема забуни, објаснувајќи дека добил официјална покана од Националната академија на Украина, Блаже Ристовски рече: „Таму отидов официјално во име на Академијата и со дозвола од претседателот на МАНУ. Никој никого не прашал за дозвола“!
Иако отворањето на Пандорината кутија по излегувањето на двотомната енциклопедија го иницираа албанските научници, незадоволни од научниот третман во неа, од ден на ден се покажуваше дека „капиталното дело“, како што на промоцијата го нарече премиерот Никола Груевски, им носи многу поголема штета на Македонците. Затоа, пред девет месеци, со одлука на Претседателството и Собранието на Академијата, енциклопедијата беше повлечена од продажба и складирана со што најмудрите глави во државата признаа дека долгоочекуваната енциклопедија е едно големо, скапо и штетно промашување. Со тоа и се направи непроценлива штета на највисоката научна институција, зашто нема Академија во светот која десет години подготвувала енциклопедија и ја повлекла по десет дена. Конечно, да чинеше контроверзната енциклопедија, Академијата немаше да именува нова редакција, која треба да се обиде да ги исправи грешките, па ако „шминката“ не успее, ќе се обидат да влезат во нов таков проект. Уште од стартот е јасно дека поради фактот што од државниот буџет цели десет години беа издвојувани пари за ова дело, тешко оти која и да е Влада ќе се впушти во нов финансиски и секаков друг ризик.
Неофицијално, дознаваме дека акад. Блаже Ристовски по негово барање отишол за Украина, но со одлука на Извршниот одбор на МАНУ, како куратор на соработката на Киев со Штип, кога наесен ќе се одржи украинско-македонски собир за рудните богатства, на кој малку простор ќе и' биде отстапен и на културата.
Десет дена колку што траеше продажбата на двотомната енциклопедија, која чинеше 8.000 денари, велат, биле продадени двесте примероци. Но, бидејќи таа буквално врие од недозволиви грешки со кои по глава ќе не' удираат оние што не негираат по оваа или онаа основа, и како таква ќе биде идеален извор за цитирање на „македонската научна мисла“, интересот за електронското издание на енциклопедијата и натаму е присутен. Се тврди, на пример, дека во Струга се продава за 100 евра, а ја купуваат, главно, Албанци кои со неа ќе мавтаат како со научен аргумент дека, наводно, Македонците водат антиалбанска политика. Кога сме кај реакциите што доаѓаат од овдешните Албанци, да потсетиме дека и ректорот на Штуловиот универзитет, Алајдин Абази, предупреди дека во случај да се пушти во продажба контроверзното издание на енциклопедијата, тие ќе се откажат од неа, а албанските научници ќе се повлечат од МАНУ. Дали промоцијата на енциклопедијата во Украина е дел од некое сценарио кое во овие неизвесни времиња вниманието треба да го сврти на друга страна? Или, акад. Блаже Ристовски настапил како слободен стрелец - Академијата е должна да и' соопшти на јавноста. Поради одморите, седниците се откажани за наесен, но ова е доволен и сериозен повод академиците да расчистат кој и зошто себеси се става над Собранието на МАНУ и ја девалвира неговата одлука за повлекување на ова проблематично издание. (Б.Ј.)
Sto znaci toa deka ja promoviral? Ce gi prodava tamu neprodadenite knigi na makedonski ili ce ja prevedat na ukrainski? A mozda i ukraincite ce protestiraat zatoa sto vo enciklopedijata ne se spomnati nivnite piloti heroi (platenici) koi sto ucestvuvaa vo ko,fliktot vo 2001
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 08.06.2010 03:43:11
Славјано-Талибанци од типот на Б. Ристовски не можат да ја промовираат Македонија и Македонците во светот, затоа што тие јавно се декларираат како славјани. За Македонските Македонци нема никаква разлика во тоа дали непријателите на Македонија и на Македонскиот народ не преставуваат како; Словено/Славјани, Северни грци, Јужни срби или балгари од Македонија. Разликата помеѓу Атинските, Софиските и Белградските историчари и Словено/Славјанските Талибанци од Република Македонија е во тоа што овие последниве од типот на Б. Ристовски живееле и живеат раскошен аристократски живот со средства од самиот Македонски народ. Се надевам дека водачот на Славјано-Талибанците од Р. Македони��а ќе замине од Украина право во пределите на Зад-Карпатијето и отаму ќе донесе нови неоткриени докази за Славјанската култура и писменост.
Од: makedonec
Датум: 08.06.2010 04:47:43
BRAVO-BRAVO-Ecini covek koj ne se srami da ja kaze vistinata za pravite makedonci
Од: mitko saka da vozi viljuskar
Датум: 08.06.2010 04:48:57
Toa sto se promovira ovaa enciklopedija navistina ke go razluti naseto malcinstvo, a toa ne e fer zatoa sto tie sekogas i vo sekoja prilika se mnogu fer so nas i ovaa zemja. Mnogu ke se nalutat i SDSM posebno najpametniot ni megu nas - Frckovski. Tesko e da se zadovolat nivnite visoko intelektualni kriteriumi. Nekoj smetaat deka taa moze da se ISPRAVI pa povtorno da se promovira, no vaka ne ke moze SDSM i UCK da ni kukulelekaat deka postojano se vodi anti-albanska politika. Zatoa najdobro taa da se ukine, potrosenite pari da bidat za djabe, taka ke se pravi podobra kritika protiv Akademijata i sl.
Од: SIlvester, Sidnej
Датум: 08.06.2010 05:20:42
Davam 400 $ za primerok. Sekoj ima pravo na licno ubeduvanje. Ne site knigi pusteni vo prodazba mene licno mi se bendisuvaat.
Од: интелектуалец
Датум: 08.06.2010 07:09:39
И јас не се согласувам за промовирањето на енциклопедијата, но кој ви даде право г-ѓо Јовановска вие, вие да коментирате еден академик.Што се замислувате, рамна. Не. Вие сте рамна на дневната политика и политиката на весникот кој постојано да критикува а никогаш, или ретко, нешто што е позитивно. Видете си ги вашите писанија.
Од: Дедо
Датум: 08.06.2010 07:29:42
Кога ќе излапе дедото треба да знае да се повлече од јавниот живот.
Од: Bigorski
Датум: 08.06.2010 09:24:53
Bravo Bravo
neka znaat nasite braka ukrainci deka i nie sme slavomakedonci.
Од: До „интелектуалец“
Датум: 08.06.2010 09:42:04
„...но кој ви даде право г-ѓо Јовановска вие, вие да коментирате еден академик.“ Едно е да си интелектуалец,а сосем друго е да си интелектуалец-вмровец.Разликата е огромна.За коментари во дневниот весник Вечер (помеѓу своите) можеби си интелектуалец,ама за во Утрински си интелектуалец-вмровец.Мислиш дека новинарката нема право да коментира еден академик,а премиерот може кога сака да коментира одлуки на Уставен суд???
Од: Moris
Датум: 08.06.2010 09:59:08
Blaze Ristovski dejstvuva spored onaa narodnata Posle mene potop. Saka li Makedonija da ja urnisa i da i nasteti zaradi svojata sueta. Sto saka da napraviu Makedonija. Da mu se pokloni li da mu se otstampa enciklopedijata ili sto saka. Ajd ed amu napravime keif. Da go postavime za pretsedatel na Akademijata ili kakvi ima pobudi vo zivotot. Nisko nisko nivo na dejstvuvanje poodmolno i na steta na makedonija zaradi licni poeni. Samo toa. Za sekoja osuda i potoa koga kerka mu kazuva na radio deka mu bilo tesko i tesko prezivuval napadi kako da i veruvame. treba da s enapadne i da se pasivizira. Da se stavi vo ramki na timot na akademijata i da ne bide sol vo sekoja mandza. UA Blaze.
Од: bobims123
Датум: 08.06.2010 10:16:58
Sekoj ima pravo so svoi pari da si go promovira sundot..Nema pravo so moj pari da si promovira zabegani proekti.Ama covekot ne e kriv ,covekot ednostavno ja izvrsuva voljata na tie sto platija.Toest voljata na dpmne i negovite zabegani lideri koj ne ni znaat sto se a kamoli da ja pisuvaat istorijata.Ednostavno vo nivnite glavi postojat premnogu frustracii koj ne uspea ni posle 20 godini da gi preodat.A za potsetuvanje vo momentot vladeat dpmne i teroristot Ahmeti kako sto miluvaat da kazat desnicarite .
Од: realen
Датум: 08.06.2010 10:42:48
Otisol da promovira na tie godini za da obezbedi pari od copywrite za kerka mu, cij mandat (zelena e mojata boja) ne znae sto ke pravi. Sramota i perfidnost od tolku, za nekoi falenata licnost, koja sto strucnost vo odredeni segmeni ne se spori. Za zal, sega e situacijata ocigledna. Tandemot Ristovski -Popovska (tatko-kerka) odlicno funkcionira, kako vprocem i nepotizmot koj e niven brend.
Од: belford
Датум: 08.06.2010 10:45:07
dobar e baxe
Од: Gligor
Датум: 08.06.2010 11:47:31
Новинарка Б.Ј. испомеша се што можело да се испомеша: логиката, политиката, науката, а најмногу професионалната етика.
Прво, како може албанските академици допрва да се откажат од Енциклопедијата ако таа „се пушти во продажба“ - кога тие веќе се откажале! Второ, текстот ми мириса на заземање политичка страна (Грујовски ја промовирал, дал многу пари, се направила непроценлива штета, тра ла ла ла...). Трето, со кои аргументи новинарката тврди дека таа направила непроценлива штета (веројатно поголема од конфликтот 2001!) и дека допрва „ке не удира по глава“ (со што)?!
А за етиката? Па тоа е прашање на домашното воспитување - односот кон повозрасни и поавторитетни луѓе. И препорачувам на новинарката, а и на голем број други новинари во Македонија да ги мерат зборовите зашто премногу лесно се расфрламе со зборови на кои понекогаш и не им го знаеме точното значење.
Од: Тони
Датум: 08.06.2010 12:04:28
„Blaze Ristovski dejstvuva spored onaa narodnata Posle mene potop. Saka li Makedonija da ja urnisa i da i nasteti zaradi svojata sueta.“!!!!!
Јака мисла, нема што!
Што да урниса? На нешто што ни оддалеку не личи на држава, што е уништувано 20 години и сеуште се уништува, како што е нашата жална Македонија, не може веќе со ништо да и се наштети. Дали има уште некој што верува дека ние Македонците имаме држава? Бугаро-усташи, србомани, албано/турко/арабофили.....
Навистина е жално, ама е вистинито!
А, најголеми фаци ни се МАКЕДОНСКИТЕ МАКЕДОНЦИ!
Од нив навистина нема спас!!!
Од: Страшо Јованов-ЗРНЦЕ
Датум: 08.06.2010 12:31:15
„енциклопедијата“ МОРА веднаш да биде ПОВЛЕЧЕНА и целосно УНИШТЕНА! Зошто? Затоа што таа еднозначно ЈА БРИШЕ МАКЕДОНИЈА од картата на Европските и Светските ДРЖАВИ!! Како? Со тоа што во истата нема ниту ЕДЕН ЕДИНСТВЕН збор за ОСНОВНИОТ-носечкиот ТЕМЕЛ на Државата-СИНДИКАТОТ! МАКЕДОНИЈА ја изградија од ПЕПЕЛТА создадена од „фашистите“, ТРУДБЕНИЦИТЕ-работниците и ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
ЗРНЦЕ