Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Претседателот Иванов на азиска конференција

Истанбул - Претседателот Ѓорге Иванов, на покана од турскиот претседател Абдула Ѓул како почесен гостин од земјата-претседавач со Советот на Европа, присуствува на третата Конференција за интеракција и градење мерки на доверба во Азија (ЦИЦА), што се одржува во Истанбул.

На конференцијата, на која ќе присуствуваат шефови на држави и на влади на повеќе од 20 земји, меѓу кои претседателите на Иран - Махмуд Ахмадинеџад, на Авганистан - Хамид Карзаи и на Украина - Виктор Јануковиќ, како и на премиерите на Русија и на Кина, претседателот Иванов во обраќањето се очекува да го демонстрира својот генерален правец во македонската надворешна политика „отвореност кон сите“.

Македонскиот шеф на државата Иванов ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со претседателите на Турција - Абдула Ѓул, на Казахстан -Нурсултан Назарбаев и на Азербејџан - Илхам Алиев. На средбите ќе бидат отворени повеќе политички теми, а ќе се дискутира и за можноста за енергетско поврзување и продлабочување на досега недоволно развиената економска соработка.

ЦИЦА е голем меѓународен безбедносен форум фокусиран исклучиво на зајакнувањето на соработката и промовирањето на мирот, безбедноста и стабилноста во Азија. Главна цел е да се создаде ефикасна и универзална безбедносна организација, слична по структура на ОБСЕ, чија дејност, главно, ќе биде насочена кон наоѓање издржливи решенија за глобалните предизвици и клучните закани по безбедноста на азискиот континент. (МИА)


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар

Од: mitko ima kompas
Датум: 08.06.2010 05:12:09
Abre Djolence kaj si zalutal ti, namesto da imas sredbi so NATO zemji ti odis da se srekavas so Ahmedinejad?
Од: Itar Pejo
Датум: 08.06.2010 08:44:43
Se nadevam deka tamu ce napravi promocija na Paljurci i ce im objasni sto e toa "razumen kompromis" Vo tekstot ne se spomnuva dali ce ima i sredba so nasiot potomok i prijatel, princot na Hunzite? Zar ne si oni clenovi na ЦИЦА
Од: King George Heliacal©
Датум: 08.06.2010 09:14:37
Неговото Нисочество ја утнало дестинацијата!Наместо во Африка,отишол во Азија!А,кој знае?Можеби имаме повеќе сличности со другарите на Борат и Талибанците,наместо со Иди Амин и Бокаса!
Од: trpe original
Датум: 08.06.2010 09:43:08
Soglasno novata istorija, nam ni e mesto vo Makedonosevernoafrickozapadnoaziska unija! Pa do tamu imame rodnini!Sto barame vo Evropa koga nasiot car Ace nikogas i ne slusnal za nea!Samo patot ni e ,sakale ili ne, prekuGrcija?
Од: b
Датум: 08.06.2010 11:42:24
Да внимава што ќе каже. Незнам дали таму Кабинетот ке може да му го дообјаснува кажаното
Од: Газафер
Датум: 08.06.2010 14:05:41
Јас, Газафер,принцот на Хунзите,со радост ја чекам средбата со братучедот Ѓоле! Сега е мајката да се реафирмира потпишаниот договор за економско-техничка соработка.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ченто во „Тренд“
Вербатим
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Младенов не сака да биде Балканец во Европа