Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

РЕК „Битола“ ќе стане и топлификација

Најновиот проект е иницијатива на општините
Битола и Новаци

БИТОЛА - Капацитетот на РЕК „Битола“ да се искористи и за добивање топлинска енергија, освен за производство на струја. Ова е најновиот проект за централно греење што го иницираат општините Битола и Новаци. Можноста ја даваат заедничките проекти за погранична соработка меѓу Македонија и Грција каде што на располагање се 25 милиони евра од фондовите ИПА-2 на ЕУ.

Новаци и Битола, заедно со две грчки општини, аплицираа до европските фондови за изработка на проектна документација, според која, РЕК „Битола“ би функционирал и како топлификација. Идејата е по примерот на термоелектраните „Костолац“ во Србија да се искористат топлите отпадни води од работата на трите термоелектрани на РЕК. Со такво пренасочување ќе има можности за греење на населението од Пелагонија, но и за производство на ран зеленчук под пластеници.

„Иницијативата потекна од норвешкиот консултант за енергетика ‘Норт енерџи‘. Пареата од турбините на РЕК ‘Битола‘ треба да ги затоплува домаќинствата. Се предвидува изградба на три главни цевководи за пренесување топлинска енергија од комбинатот до населените места. Со идејата се запознати и во комбинатот. Парите од ИПА-фондовите на ЕУ ќе бидат за проектна документација, а потоа ќе се бараат средства и за изработка на системот“, објаснува Лазар Котевски, градоначалник на општината Новаци.

Битола како да нема среќа со централното греење. Локалната власт, барем досега, повеќе сакаше да ги топли граѓаните со виртуелни проекти наместо со реални инсталации. Пет години минаа од изборното ветување на градоначалникот Владимир Талески за изградба на топлана во северниот дел на Битола. Но, нема абер ни од објект ни од греење.

Песимистичките најави на синоптичарите за долга и студена зима дополнително ги загрижија битолчани, особено што најголем дел од домаќинствата се греат на дрва и на струја. Последниве зими сметките за греење се се' подебели, а граѓаните немаат избор. Ова затоа што власта со години нуди само проекти на хартија, но не и реално решение на проблемот.

И оваа грејна сезона не проработи популарниот битолски топловод преку кој требаше да се затоплуваат голем дел од колективните згради и институции сместени на северниот дел од реката Драгор. Општината, судовите, Ректоратот на Битолскиот универзитет, Архивот, ЈП „Стрежево“, зградата „Шехерезада“ и Куќата на албанската азбука, лоцирани на булеварот „Први мај“, и зимава сами ќе се погрижат за греење.

„Топланата што требаше да го храни топловодот е во фаза на проектирање. Таа ќе биде зад општинската зграда, бидејќи не се постигна согласност за другата локација, зградата ‘Шехерезада‘ што е приватна сопственост“, вели Зоре Симјановска, раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Битола.

Според направените пресметки, со реализацијата на проектот за топлификација од РЕК „Битола“ трошоците на битолчани и на новачани за греење би се намалиле дури за половина од сегашните. Ова би било поевтино и од затоплување со дрва, но и од струја. Предноста на ваквиот топлификациски систем од РЕК „Битола“ е намалувањето на загадувањето.

Паралелно со замислата за таканаречено далечинско греење, Новаци со грчките партнери аплицираше до европските фондови и за изградба на мерна станица што би ја читала загаденоста на воздухот.

„Нашата општина е најблиску до комбинатот. Сакаме секојдневно да знаеме дали загадувањето е над дозволените параметри“, изјави Котевски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 973 пати.

Испрати коментар

Од: nelustriran kodos
Датум: 10.11.2010 14:15:56
hohohoh ... ne umri konju do zelena treva ... star vic , nova ... ova ne uspea vo jugoslavija koga gospod odese po zemja a ne sega ... opasni se VMROovcive, gi biva tugite idei da gi prikazat kako svoi ... hohohoh

Најди! во Утрински
Македонија
Во светот јавно се бакнуваат, нашите никаде ги нема
Отворените граници „иселиле“ 200.000 граѓани
Мозаик за Тоше од мермер и гранит






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'