Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Отворените граници „иселиле“ 200.000 граѓани

ТЕТОВО - „Откако Македонија ја доби визната либерализација околу 200 илјади наши сограѓани, главно, на помлада возраст, ја напуштиле земјава во потрага по егзистенција. Голем дел од нив се со високо образование или изградени стручњаци, кои требаше да го понесат товарот на развојот на земјата. Наместо да го дадат својот придонес овде во родната татковина, тие сега се растурени по светот“.

Ова го нагласи Тито Петковски, лидер на НСДП, на трибина на oпозицискиот фронт, што се одржа завчера во Тетово. Тој вчера во изјава за „Утрински весник“, појасни дека располага со неофицијални информации дека млади и квалификувани кадри масовно се иселуваат во други земји и дека нивната точна бројка ќе се утврди со претстојниот попис.

„Како тие луѓе да останат овде кога немаат никаква гаранција за опстанок и не гледаат сигурност во актуелната власт, која е полна со демагогија и популизам. Владата е неодговорна и треба што побргу да замине. За многу прашања власта вели дека ќе го консултира народот, а за ниедно досега не го направи тоа “, рече Петковски пред опозиционерите од Тетово.

Лидерот на НСДП истакна дека преку буџетот бесцелно се трошат средствата на граѓаните. „Големи финансии се одлеваат во странство, за надоместоци на министри што се дојдени овде за да спечалат. Нивната тенденција е да ја исцедат Македонија и да ја изолираат до максимум“.

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, пак, повика на смиреност, за, како што рече, да се запре безнадежноста кај граѓаните. Тој констатираше дека земјата е соочена со бескрупулозно владеење и економско уништување.

„Неопходно е да се редефинираат економијата и политиката. Буџетот, со огромните средства што во него се акумулираат, треба да биде генератор и да се насочи кон економска иднина. Сега од тој буџет се богатат седум-осум души и го изнесуваат капиталот надвор од државата. Ние другите немаме резервен план. За нас е најважно да го покренеме економскиот тренд и да обезбедуваме услови за економски раст“, нагласи Заев.

Тој како пример за развој ја посочи Струмица. „Без учество на централната власт, со поттикнување на локалните можности, во Струмица се отворени 28 нови фабрики со околу 3.000 вработени. До крајот на годината очекуваме уште 16 нови фабрики и 15 пункта со околу 2.000 работни места и пак без помош од централната власт и само со локални сили“, го пренесе Заев искуството од општината што ја раководи. На

трибината во Тетово тој ја афирмираше определбата на СДСМ за решителност кон нови резултати, за елиминирање на пропустите што ги правела оваа

партија кога била на власт, но и за реформи во јавната администрација,

„која треба да се исчисти од баластот и неквалитетот“. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 1469 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 10.11.2010 13:12:01
Па што да прават младите?.Да одат и се слкат во Скопје кај спомениците.
Од: Itar Pejo
Датум: 10.11.2010 13:27:50
Na vlasta i odgovara obrazovanite, onie sto imaat intelektualno nivo na izvesna visina, da si odat. So drugite ce moze da vladee uste sto godini.
Од: економист
Датум: 10.11.2010 14:06:50
жалосно но вистинито
Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 10.11.2010 14:36:26
Etnickoto cistenje na Makedoncite vo Makedonija prodolzuva, sega i niz cela Republika Makedonija a ne samo "otode Grupcin" kade sto se blizi do genocid!
Од: Trpe
Датум: 10.11.2010 17:22:39
ne e problem sto se iseluvat mladi, ne e problem sto se iseluvat visokoobrazuvani, problem e sto se iseluvaat S p o s o b n i t e , a ostanuvaat tie sto gi kupile diplomite od privatni fakulteti i so pomosh na tate i mama ke se napikaat vo drzavna administracija ili telekom i slicno..
Од: Viktor
Датум: 10.11.2010 18:13:14
Jas sum diplomiran prof. po preducilisno vospitanie, sega sum na posdiplomski, seto toa go postignav vo MKD, bidejki rabota tuka nemam samo se nerviram i go gubam vremeto pa zatoa pred eden mesec apliocirav za BG pasos i da vi kazam koga otidov na intervju vo BG i koga go vidoa moeto obrazovanie vednas mi ponudija rabota i site beneficii koi gi nudu edna drzava, navistina e cudno NO barem ke mozam cesno da rabotam za ona za koe sto sum osposoben a ke razmislam za MKD drzavjanstvo, mozebi i ke se otkazam od nego Pozdrav
Од: jas
Датум: 10.11.2010 18:34:14
A kolku od niv zaminaa vo vremeto na SDSM, toa ne go kazuvate? Poveke od polovinata sigurno. Taka da ne se samo VMRO krivi. Nie znaeme samo od kogo sme zaminati.
Од: Vesna
Датум: 10.11.2010 19:01:27
Si odat posto nemaat poln frizider....nemozat da si gi nahranat decata, a kamoli sebe....Ako Makedonija vsusnost establira socijalni programi kako food stamps, cash for families, unemployment assistance, i vsusnost dava sumi od koi moze da se zivee, togas mozebi lugeto ke razmislat dali ke ostanat. Ne deka se pomalku patrioti od onie sto ostanale.....tie sto ostanale nemaat nikakov izbor i nemale kade da odat.
Од: istok
Датум: 10.11.2010 19:10:35
tocno e..jas i mazot sme visoko obrazovani ..so prethodno iskustvo vo mkd vo vladini institucii...poradi nikakva idnina vo mkd, ziveeme i fala mu na boga , sega dobro etablirani vo bliskiot istok...nemame namera da s evratime, a i kade da dojdeme?so nas se mozebi povle od 10 familii mladi luge site strucnjaci vo soodvetna oblast...uste poveke vo okolnite zemji...do sega nikoj nisto ne prasal za bilo koj nas, kaj sme veke poveke od 5 godini...nema sto da zalime za mkd, koga ona ne zali za nas, i koga ne natera da si odime od rodnata zemja!!! kako i da e se spasivme, neka gospod gi cuva ostanatite tamu>pozd
Од: koki
Датум: 11.11.2010 04:05:07
Ziveam i rabotam vo stranstvo i da vi kazam ne sum zaminat od ovaa vlada tuku sum zaminat od proslata ili potocno sum zaminat od Makedonija. Pricina mozete da vidite vo tekstot. Site politicari kazuvaat kako momentalnata vlada ne cini ( ne znaci samo segasnava) i se so cel oni da si dojdat na vlast. Ne cuv od djabelebarive kako ke go smenat toa osven sto kritikuvaat. Inaku do nekoj sto potencirase diploma da mu kazam deka do sega nikoj mi nema pobarano (imam fakultetsko obrazovanie) sto e i ispravno zosto toj sto te vrabotuva mu e bitno ti da ja zavrsis rabotata sto ti e dadena a toa dali si postdiplomec ili doktor ne te pravi sposoben so drugi zborovi mozda te bivalo za ucenje ama za odredena rabota mozda ne.
Од: Jone
Датум: 11.11.2010 07:03:04
Oportunizmot vo Makedonija viznata liberalizacija kako najopasno i najloso za drzavata ja smetase za uspeh

Најди! во Утрински
Македонија
Во светот јавно се бакнуваат, нашите никаде ги нема
РЕК „Битола“ ќе стане и топлификација
Мозаик за Тоше од мермер и гранит






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'