Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името

И според претседателот на ЕУ, време е да се донесе одлука за спорот

Брисел - Шефот на државата, Ѓорге Иванов, се сретна вчера во Брисел со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, кој исто како и претседателот на ЕК му испорача едно главно барање - да се реши спорот околу името, и тоа што е мо��но побргу.

„ЕУ целосно стои зад определбата за евроинтеграција на земјата. Ние како Унија силно ги поддржуваме напорите што водат кон заедничко прифатливо решение за спорот околу името, што е можно побрзо. Го охрабрувам претседателот да го поттурне напред решението и верувам дека постои голема можност да се постигне тоа. Време е двете страни да донесат одлука“, изјави Ромпуј на прес-конференцијата со Иванов. За да биде поубедлив, претседателот на ЕК посочи дека приклучувањето кон ЕУ е суштинско за иднината на Македонија, оти тоа ќе помогне да се зголемат инвестициите и да се намали невработеноста, а ќе биде и столб на мултиетничкото општество што е многу битно за земјата. Овие важни цели, рече тој, одат рака под рака со реформите во земјата, па го охрабри Иванов и таму да вложи што повеќе напори, бидејќи Европската унија од нас го очекува тоа.

Претседателот Иванов овој пат не ја спомна 1995 година, но наведе дека Белгија и Македонија имаат специфичен политички модел на демократија, па посака токму во време на претседателствувањето на оваа земја Брисел да ни даде преговори за членство со ЕУ. „ Останува наша заедничка цел да работиме граѓаните на Македонија да го именуваат претседателот на ЕК како свој“, рече Иванов. Околу спорот за името Иванов соопшти дека го информирал Ромпуј за „активностите за надминување на оваа ирационална блокада“, со очекување дека оваа пречка што побрзо ќе биде оставена зад нас и оти ќе надвладее европскиот дух. На Ромпуј, со кој се сретна веднаш откако беше именуван за претседател и додека тој беше белгиски премиер, Иванов им го пренел силниот евроентузијазам на граѓаните во Македонија, секако, без да каже дека е помал од претходно.

Зборовите на Ромпуј, практично, беа рефрен на она што го порача вчера претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, кој изјави дека е време да се донесе одлука во врска со прашањето за името.„ Сега сум многу поуверен оти тоа ќе се случи, отколку што бев пред неколку години“, рече Баросо, ширејќи намерен оптимизам. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1500 пати.

Испрати коментар

Од: kavadarci
Датум: 11.09.2010 12:08:24
Зошто не го напишете насловот како што е реалноста ``Ромпуј го охрабри Иванов да го решава(смени) името``
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2010 12:31:13
Smenetego imeto a posle i EU ne ke mozi da ve spasi a ni Gospod .Zbogum Makedonijo a ovaj pat za sekogash ,zatoa shto dobro- volno ke se samounishtite.
Од: "vodolija"
Датум: 11.09.2010 13:01:35
Herman van Rompuj, Gjorge Ivanov i Egeecot Gruevski, RAKA POD RAKA i pravo vo Grcija, ako se dogovorat ZA OBESTETUVANJETO na Egejcite od 46/49god. Toa ke bide NEPOBITEN FAKT, za naj odlicne REFOFMA vo zejata !!! Potoa imeto na Makedonija ke si dojde SAMO PO SEBE !!!??? Inaku SE' DRUGO, E UDIRANJE VO PRAZNA SLAMA !!!>>> Da bideme zivi pa da vidime !!!
Од: 3G
Датум: 11.09.2010 13:07:18
Prasanjeto za imeto na Makedonija e vnatresno prasanje na Makedoncite za nivniot kulturen identitet i suverenitet koj e deklariran no treba so svoj referendum da bide formalno potvrden od narodot i oficijaliziran od drzavata. Baranjata na Eu pod diktat na V Britanija i SAD se sovinisticko-nihilisticki baranja za ponistuvanje na makedonskiot identitet i suverenitet i tretiranje na makedonskata teritorija oznacena so geografska odrednica kako geografski poim i del od celokupnata Makedonija kako grcka kulturna sopstvenost. Nekogas Grcija bila dominantna a Makedonija mokna no na plemensko nepismeno nivo. No denes e sramota i neodrzlivo takvoto poimanje na rabotite i od strana na vodacot na zapadot: Konan-varvarinot( V Britanija i SAD)-glavna uloga Arnold Svarceneger, i od strana na makedonskite vodaci koi nemaat sposobnost i hrabrost da izgradat megunarodna pozicija odnosno da ovozmozat referendum-respektivno. Vlezot vo EU ke imase smisla vo 90-te i pred varvarskata vojna na zapadot proti
Од: EU naredi promena na imeto
Датум: 11.09.2010 15:30:45
Posle Srpskata Rezolucija koja bese promeneta po zelba na EU, na red e Makedonija i promenata na imeto po zelba na EU.
Од: Bafomet Sekularski Manchevsky-dragon Fly
Датум: 11.09.2010 16:24:26
Не знам зошто толку помпезни наслови: Некој охрабрува некого?! Што има тука да се охрабри? Што има тука да се смени? Кој нешто дава? Зошто има да се преговара? По се изгледа дека имбецилизмот е длабоко насаден во коренот на популацијата што ја населува оваа земја - нема да ги наречам: Македонци - бидејки тоа подразбира и малку дигнитет и софистицираност. Значи воопште да не ве лажат никаквеци коекакви - само водете се по економската логика ( ако веќе немате никакви други чуства ) КОЈ ШТО ВИ НУДИ! Ништо,ви нудат ништо во замена за името - срам да ви е...
Од: Миле - Охрид
Датум: 11.09.2010 22:23:04
Би било професионално медиумите и експертите кои ја подржуваат идејата за „компромис„ да направат симулација за тоа како евентуалната промена на името ќе се одрази врз Охридскиот Рамковен Договор? Кои негови одредби ќе мора да се менуваат? Какви промени во Уставот ќе бидат потребни за „новиот“ да се имплементира? Кој ќе биде олеснувач во тој процес? Дали ќе мора повторно да се испровоцира војна за да се наметнат решенија? Можат на симулацијата да ги повикаат и оние предтставници на ЕУ кои постојано не убедуваат дека мора да има „компромис“ (кој неминовно значи промена на името). Тие треба да објаснат што не чека потоа? Дали повторно ќе треба пребројување по национална припадност? Дали процентите од клучевите за правична застапеност ќе останат исти? Што со територијалната поделба? Што со службените јазици ? И колку одговорите на овие прашања ( и многу други ) да изгледаат јасни, сметам дека заговарачите на идејата за „компромис“ имаат обврска јавно и јасно да ни ги дадат.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 12.09.2010 07:54:26
@3G, Neznam za shto zboruvash. SAD otvoreno i jasno go priznavaat Makedonskiot identitet, jazikot, crkvata,ustavnoto ime, itn. SAD zaedno so Kanada se najgolemite prijateli na Makedonija vo svetot. Vo SAD vekje 12 godini na site drzhavni doukmenti se izjasnuvam kako Makedonec,i deka doagjam od Republika Makedonija i nikoj nikogash vo ovaa zemja toa ne mi go osporil. Shto se odnesuva do Van Rompuj, toj vo SAD vazhi za politichar so karizma na "isrtoshena krpa za brishenje pod" (citat od Reuters), i kako takov sigurno 'mnogu uspeshno" go ubedil Pretsedatelot Ivanov vo potrebata za "kompromis" so Grcija.
Од: Трпе
Датум: 12.09.2010 08:09:10
Сите политичари во светот велат круша е.Нашите политичари на власт велат слива е.(сливата има трајност од неколку дена а крушата неколку месеци)
Од: Od mene
Датум: 12.09.2010 13:26:21
Van Rompuy neka si ja gleda Belgija kako se raspagja. 90 dena bez vlada !!! So pomosh na EU, neka go reshi problemot so "negoviot" Brisel kade shto zivaat 90% frankofoni zaokruzeni od flamanci...

Најди! во Утрински
Втора страница
Чита ли Владата?
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Вербатим
Груевски