„Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, нема доставено нов предлог околу спорот за името“, изјави премиерот Никола Груевски, отфрлајќи ги како шпекулации тврдењата на грчките медиуми за наводен предлог Република Вардарска Македонија и дека за него ќе разговараат за време на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк.
„Тоа е комплетно неточно. Нимиц нема доставено никаков пре��лог и тоа е една од редовните шпекулации на грчките медиуми, што очекувајте дека во наредниот период ќе се намножат затоа што во Грција веќе започнува кампањата за локалните избори закажани за ноември“, рече премиерот Груевски. (МИА)
Нема потреба од преговори.Ама ич не е важно под кое име ке биде погребана , ова мала земјичка без перспектива,водена од лажните патриоти.Кои сами се угушиле во својот смет.
Од: simbol
Датум: 12.09.2010 12:27:34
Edno ime imame, Makedonija, a nisto drugo ne e vazno!!!