Број 3317  сабота, 26 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Камион излета од мост на патот Велес-Скопје

Камионот „мерцедес“ излетал од мостот, најверојатно, поради дупната гума. За среќа, возачот В.Т. (28) од Скопје е жив и се наоѓа на лекување на скопските клиники

ВЕЛЕС - Камион излета од мостот кај Отовица на автопатот Велес -Скопјe, но, за среќа, возачот остана жив. Сообраќајната незгода се случила вчераутро околу 10,30 часот, кога В.Т.(28) од Скопје, управувајќи камион „мерцедес“ излетал од мостот, најверојатно, поради дупната гума.

Силна експлозија што се случила изутрината предизвикала страв и вознемиреност кај жителите на велешкото село Отовица. Кога жителите истрчале надвор за да видат што се случува, го нашле камионот превртен на пругата. Побрзале да му помогнат на возачот, кој се' уште бил во свесна состојба, но едната рака му била заглавена во воланот. Повикале Брза помош и противпожарна служба на кои им требало дури два часа да го извлечат возачот од камионот.

„Кога ја слушнав експлозијата, излегов надвор и овчарот почна да вика по мене. Помислив дека нему му се случило нешто, но потоа го видов камионот превртен на пругата. Сликата беше страшна. Истрчавме заедно со уште неколкумина соседи и го видовме возачот кој час беше во свесна состојба час се губеше. Левата рака му беше заглавена во воланот, но не знаевме дали му се заглавени нозете. Веднаш повикавме помош“, рече очевидец.

Трајковски веднаш бил пренесен во велешката болница, каде што му била укажана прва помош и му биле санирани повредите на главата, ’рбетот и раката, но поради недостиг од томографски апарат во Велес бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

„Пациентот е донесен во 12,30 часот со сериозни повреди на главата, повреда на ’рбетот и на зглобовите. Направена е примарна обработка на повредите и е испратен во Ургентен центар во Скопје. Пациентот е надвор од животна опасност“, вели д-р Влатко Вишинов.

Според жителите на Отовица, дваесет и осумгодишното момче успеало да го преживее излетувањето од мостот, најверојатно, бидејќи паднало на пругата Велес - Кочани, а не во амбисот длабок триесетина метри. (С.Ќ.Н.)


#
Статијата е прочитана 1605 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Милионски бизнис со историјата на Македонија
Апелација пак го одложи судењето на возачот на Тоше
Работник повреден во Скопје