Број 3317  сабота, 26 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Апелација пак го одложи судењето на возачот на Тоше

Судењето на Ѓорги Ѓорѓиевски, кое по жалба треба да се одржи во Апелациониот суд во Скопје, доживеа уште едно одложување. Во овој судски предмет требаше да постапува судијата Исмаил Лимани, но поради неговото суспендирање и на уште четворица негови колеги, случајот му беше одземен и привремено му беше предаден на друг Судски совет. Сега, кога судијата Лимани е вратен на своето работно место, предметот повторно е во неговите раце и Јавна седница ќе се одржи во почетокот на јули.

Судски кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 го осуди Ѓорги Ѓоргиевски на две години затвор за сообраќајната несреќа, која се случи на 16 октомври 2007 година, во близина на Нова Градишка, во која загина пејачот Тоше Проески. Критичниот ден Ѓоргиевски го управувал џипот „туарег“ што удрил во приколка на камион што го управувал српскиот држ��вјанин Славиша Кузмановиќ. На судењето во скопскиот Кривичен суд целиот тек на постапката, Ѓоргиевски негираше дека заспал зад воланот. Изразувајќи жал и каење за трагичниот настап, тој рече дека со заминувањето на Тоше Проески изгубил брат и пријател и со тоа веќе е казнет.

Пресудата за овој трагичен настан дојде по точно две години од настанот што се случи кај Нова Градишка. По само неколку месеци од објавувањето на првостепената пресуда, Ѓоргиевски, преку својот бранител, адвокатката Силвија Џилвиџиева поднесе жалба до повисокиот суд. Во жалбата, адвокатката останува на тврдењето дека одлуката на Кривичниот суд била донесена исклучиво врз основа на погрешна и нецелосна утврдена фактичка состојба, односно само врз база на сообраќајно-техничко вештачење. Со жалбата е оспорен и тахографот на камионот што го управувал сведокот Славиша Кузмановиќ, бидејќи не е во оригинал, туку во фотокопија. Адвокатката го потсетува повисокиот суд дека првостепениот суд најнапред го прифатил предлогот за непосреден распит на возачот на камионот, а потоа беше одбиен овој предлог.


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: Македонец
Датум: 26.06.2010 10:05:42
Тоше Проевски го имаше за најдобар пријател Ѓорѓи Ѓеорѓиевски. Кој на светот, а најмалку Тоше и Ѓорѓи посакуваше вакво нешто кое сите не трогна. А како ли се чувствува неговиот најдобар другар Ѓорѓи. Тоше остана вечното мило дете меѓу сите нас. А Ѓорѓи ја плаќа најмногу непредвидливата судбина, и родителите, и ние. Сите сме губитници. Дали е тоа малку?
Од: vvv
Датум: 26.06.2010 22:36:17
Apelacija-MITO I KORUPCIJA!!!!! Za soobrakajka, koja ja napravil nekoj se tamu neranimajko, so vozilo koe po nekoja slucajnost ostanalo neprevedeno i seuste glasi na moe ime -sega jas i samo jas treba da ja platam stetata!!!!!! Ajduci nevideni! Neka me kazni za toa sto voziloto ne bilo prevedeno na kupecot, neka kaze ti si vinoven za toa i toa i za takvo delo kaznata e tolku. A ne da bara jas da ja platam celata steta. LOPOVI!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Милионски бизнис со историјата на Македонија
Камион излета од мост на патот Велес-Скопје
Работник повреден во Скопје