Работник повреден во Скопје
Работник во скопската фирма „Коки Д компани“ завчера напладне се здоби со изгореници на двете раце кога на машина за изработка на термозвучна заштита избил пожар, извести скопската полиција.
Според информациите од полицијата, завчера околу 11 часот во производствениот погон на фирмата „Коки Д компани“ избил пожар на машината „екструдер“ за изработка на термозвучна фолија за ламинат, при што А.Д., кој ракувал со машината, се здобил со изгореници на двете раце. Неговите колеги веднаш му укажале помош, пожарот за кратко бил изгаснат, а повредениот работник е префрлен во Градска болница. (Нетпрес) |