И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен
Наши иселеници се чудат на (не) ажурноста на државата, која седум месеци не успеа да го санира лизгањето на магистралниот пат
БИТОЛА - Нервоза, револт, пцости, вулгарни коментари и невкусни шеги на сметка на Владата. Вакво расположение на возачите им предизвикува патешествието што го преживуваат по стариот пат Битола – Ресен, кој изминатата зима во еден дел пропадна од влага. За проблемите на патот ќе се раскажува дури во Австрали��а. Наши иселеници и' се чудат на (не) ажурноста на државата, која седум месеци не успеа да го санира лизгањето на магистралниот пат, кој од Битола води за Охрид. Уште повеќе што станува збор за пат што ја поврзува половина држава со најголемите туристички центри Охрид и Преспа.
На преслапот Ѓавато само пеш може да се преминат препреките на блокираната магистрала за да се види до каде е дојдено со реконструкцијата. На местото каде што има големото лизгање на земјиштето интензивно работат. Таму има прав и голема бучава од багерите што прават цемент. Шеесетметарската дупка се пополнува. Армирани кафези ќе се полнат со камења, а потоа како блокови ќе го зацврстуваат патот. Подземните води што беа причина за лизгањето на патот се дренирани. Водата тече и преку долот завршува во блиската река. Оперативците на „Бетон“ со задоволство пијат од изворчето уверени дека водата под патот е чиста. Ако послужи времето, за три недели патот ќе биде готов, прогнозираат градежниците. Само дождовите можат да го прекинат темпото, па оваа магистрала да остане затворена и во ноември.
„Од 8 август почнавме со работа. Ископавме десет илјади кубици земја. Се спуштивме десет метри под земја. Поставивме 28 слоеви насип, а планирани се 35 слоеви. Потоа следуваат асфалтирање, обележување и последна дренажа. Тоа значи дека до 10 октомври патот би требало да биде пуштен во промет“, објаснува Раско Ивановски, раководител во градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Изведувачот на работите смета дека успешно е изведена и дренажата на водата. „Со дренажата направивме добра работа. Водата, место да се задржува на патот, преку канали ќе истекува во долот. Од водата што се исцедува сега за две минути полниме шише од еден и пол литар“, вели Ивановски.
Додека дваесетина градежници го реконструираат новиот пат, возачите се престројуваат во колони. Само така можат да го минат стариот пат за Ресен. Нервозите почнуваат уште од преслапот Ѓавато. Возачите веќе знаат дека во поминувањето на петте километри преку стариот пат се губи половина час, а можеби и повеќе ако на чело на колоната има камион.
„Стариот пат преку Макази е катастрофа. Јас управувам возило тешко 40 тони, а само цементот што го превезувам тежи 25 тони. Се движам како мравка по дупките и во свијоците. И самиот си велам, тешко тој што е зад мене. Го сожалувам. А замислете, на овој пат поминувам секој ден. Цемент товарам од Прилеп и преку Ќафасан го носам за Албанија. Најкусиот пат е да минам тука. Три пати повеќе пат имам ако вртам од Тетово. Ова е невидено. Цела година мина, а патот не е направен“, реагира младиот Дејан Јолески, превозник од Прилеп.
Иселениците не можат да се изначудат на бавноста на надлежните во реконструкцијата на пат што води до Охрид и до Преспа.
„Многу време им трае поправката. Стариот пат е за никаде. Јас сум битолчанец, живеам во Австралија, а таму вакви патишта навистина не сум видел. Пред да дојдеме тука, слушавме и видовме на сателитските телевизии дека патот Битола - Ресен пропаднал од влагата. Си рековме февруари е, до лето ќе го направат. Еве летото мина, есен дојде, а патот се' уште не е готов“, се чуди Петар Јовановски, поранешен професор од Битола, кој долги години живее и работи во Мелбурн.
Сепак, крајно лошата сообраќајна поврзаност меѓу Битола - Ресен најтешко им паѓа на оние што секој ден ја минуваат оваа делница за да дојдат на работа. Се жалат дека патот може да ги остави и без работа.
„Состојбата на стариот патот е очајна, големи кривини, коцка, нерамнини, дупки како кратери што постојано се шират на секое поминување на тешки камиони. Верувам дека ако вака продолжи, не само што ќе ги искршиме автомобилите, туку ќе останеме и без работа. Постојано доцниме каде и да одиме. Особено е тешко овие денови, кога колони камиони носат грозје од Кавадарци за Охрид. Доволно е да застанат по два- три камиони и цел ден да се остане на пат. А замислете како ќе биде по еден месец. Колони камиони со јаболка од Преспа ќе треба да заминат за другите делови на Македонија преку Битола или во странство“, се жали Гоце Митревски, универзитетски професор по англиски јазик на Битолскиот универзитет, кој живее во Ресен. (А.Б.)
Patot moze da poceka sega biten e proektot na vladata Skopje 2014...Ovaa vlada neznam dali malku razmisluva za narodot ili samo za svojot dzeb...
Од: peo
Датум: 25.09.2010 12:16:25
proslava zima odev na skienje vo grcija Vigla. utroto koga odevme beshe propadnat patot isto kako nasiov. vecerta koga si odevme se beshe sredeno. epa sega videte kaj sme nie a kaj se tie
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 12:44:59
Во Австралија уште се зборува за импресиите од престојот на охридскиот татко кој во време на страотните поплави беше каде нив да бара инвестиции,додека граѓаните се ,,радуваа,, на надојденото езеро.Осебено беше импресионирано здружението на тамошни Охриѓани.
Од: vasil
Датум: 25.09.2010 14:19:27
Bravo Makedonijo koga vladata gleda vakvi ne azurnosti zosto gopusta Ivica Konevski da si se seta na turizam vo Avstralija? sto korist od vakvi poseti? koj mugoplajka patot i trosocite? aj ke ze zbreatimele so nekoj grad ama sto korist od setanje sonarodni pari po drugite gradovoina teret na Makedonskata ambasada?
Од: marjan.pp
Датум: 25.09.2010 16:37:19
za 11-oktomvri premierot ke seci lenta kako za uste eden useh na prerodbata od 100 cekori-rikverc
Од: kole
Датум: 25.09.2010 17:49:26
Sto da pravime??? Za patista ne ne biva, ama za SPOMENICI, bogami sme svetski prvaci??!
Feliks??? Na pustanjeto na patot kon Bitola odi so LOPATA, moze i pandelka da mu stavis............
Од: trpe original
Датум: 25.09.2010 17:59:42
Pa zarem treba komentar?Ocigledno e deka se pravi sekakov obid da se izolira regionot:losi patista preku Debar, Kicevo, Bitola...Nesposobnosta da se investira vo infrastruktura ne e od neznaenje ili nemanje pari.Toa se pravi za da se onevozmozi kontakt pomegu lugeto, stranci da ne doagaat (losi patista), da nema komuunikacija...Enver Ogja?
Од: skopjanciste
Датум: 25.09.2010 21:13:48
Da go napravat spomenikot na Skender-beg na patot taka sto vozacite ke mozat da gi spodelat ubavinite na novite spomenici.
Eve edna dobra idea za nov genijalen proekt na Vladata do 2014
Од: od ACE do feliks
Датум: 25.09.2010 21:57:58
Ovoj feliks ni na eden tekst ne iskomentiral za tekstot tuku si pishuva sosema neshto drugo ne znaeme ili ima nekoe rasipano CD vo nego pa se isto
te molam feliks otvori gi ocite i pogledni malku okolu a ne samo do nosot svoj
Од: Cento
Датум: 26.09.2010 10:10:37
Abe Peo! Daj ne treskaj zeleni i lazi nekoj drug. za 24 sati nemozi nitu edna zemja na svetov da napraj proppadnat pat a pa ic dane zboruvame za grcite, sto site ppatista im gi izgradi EU. Ne da gi branam oovie nasive so mu treba edna godina sto na germancite mu treba edna nedela. Pozdrav
Од: za Cento
Датум: 26.09.2010 14:36:16
Moze, moze komshija,vo nekoi zemji duri i onie koi ne i pripagjaat na EU; I ne samo za 24 casa, tuku i za pomalku. se popravaat!! Zieveevme vo eddna severnoafricka zemjam, mislejki deka e "srednivenovna".Ama, ni se slucuvase od mestoto na ziveenje, trebese da odime vo bliskiot pogolem grad, oddalecen poveke od 200km. Na odenje na utro, zabelezuvame dupka na patot. Isrtiot den na vrakjanje, se trudime na toaa mesto da vnimavae za da ja izbegneme dupkata; no nea veke ja NEMA. Mestoto e ispolneto, izravnato, cisto, bez da deluva kako krpenica.Vistna e Afrika, ama vrie od turisti i brojni tuginci koi kupuvaat ili gradat vili, a plasmani od sekakov vid, nemozat da se nabrojat. kaj nim na nekolku kimometri, postoi "patar" koj stalno se dvizi i zabelezuva ako ima nekoja dupka ili slicno, vednas javuva i dezurnata ekipat dovagja i poprava ekspresno .Nie sme daleku prijatele duri i od zemjite na Magreb! I da ne se cudime, zosto sme tamu, kade sme!!
Од: Jas
Датум: 26.09.2010 22:14:44
Patistata napraveni vo vremeto na Tito,ovie ne mozat nitu da gi odrzuvaat a,kamoli da napravat novi.