Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Отворен првиот Саем на жената

„Медиа Принт Македонија“ нуди интересни наслови на едициите „Руски класици“, „Избор од Петре М. Андреевски“ и „Бисери на светската книжевност“

Козметика, модерни парчиња облека и модни додатоци, коктел-бар за освежување, женска литература, руски класици, понуди за патувања и забава, совети за управување со финансиите, практични совети за убавина, шминка, накит и дружење, имаше вчера на „Скопски саем“ во „Метрополис арената“ на првиот Саем на жената. Годинава прв пат жената доби и свој саем и тој ќе биде отворен до 26 септември од 10 до 19 часот.

Многубројните изложувачи нудат разни перформанси, предавања, информативни работилници. Во „Метрополис арена“ има и интерактивни штандови, на кои посетителите можат да научат нешто повеќе за финансиите и за кредитирањето, за здравјето и убавината на жената. А во својство на истакнување на женската убавина, таму се и многуте стилисти, фризери, изложувачи...

На Саемот е присутна и медиумската куќа „Медиа Принт Македонија“, која на посетителите за нивните домашни библиотеки им нуди интересни наслови на едициите на „Руски класици“, кои претходно се продаваа со дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“. Вљубениците во убавата книга и овој пат на Саемот на жената ќе можат да си купат книги, како што се „Избор“ од Петре М. Андреевски и „Бисери на светската книжевност“. Ќе можат да ги набават и пропуштените неделни изданија на магазинот „Теа модерна“, „Теа кујна“, „Тин шема“ и „24 часа здравје“, како и ЦД и ДВД-изданијата.

Едицијата „Руски класици“, само во текот на деновите на Саемот има саемски попуст од 20 отсто. По Саемот, „Руските класици“ ќе се продаваат по цена од 249 денари.

На „Скопски саем“ во малиот театар на готвењето се претстави и пејачката Андријана Алачки, која го промовираше својот готвач со традиционални македонски јадења. Македонските врвни коктел-мајстори се задолжени за освежување, а за добра забава има и мејковер-сцена.


#
Статијата е прочитана 1138 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe