Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Инаетот на Владата

Слободан Најдовски

Со аргументите со кои Владата ги воведуваше економските директори во здравствените институции, сега ги укинува, а последиците ги трпи народот

Изминатите десетина дена три настани посебно го привлекоа вниманието: Законот за антидискриминација, намалувањето на партиципацијата на студентите и состојбите во здравството, т.е укинувањето на економските директори во здравствените институции. Заедничко што ги поврзува е што во основа го имаат инаетот и непочитувањето на мислење на друг, од Владата. Неколкумесечната расправа за сексуалната ориентираност како основ за дискриминација преминуваше од возбуда во задоволство. На една страна е власта, видно возбудена и вознемирена што јавноста од релевантни места во ЕУ дозна дека Брисел упатил неколку писма на различни адреси во кои укажале дека македонскиот антидискриминирачки закон не е во склад со европското законодавство. Наспроти нив, опозицијата очевидно расположена и задовол(е)на ликуваше дека се потврдија нивните кажувања дека има забелешки од Брисел и тие треба да се вградат во законот. Во моментот кога возбудата ги надмина дозволените граници, мораше да се најде виновникот за фалинките на законот. Како по обичај, тоа се пратениците, во случајов координаторот на пратеничката група на владеачката партија, Силвана Бонева. Тоа не е првпат и не е случај само со оваа влада.Тоа е практика која ја почувствувале сите координатори и пратеници. Секоја влада досега, кога ќе ја закашка работата и нема јасен став или нема коалициона усогласеност за одредено прашање, проблемот го префрла на пратениците. И во овој случај пратениците од парламентарното мнозинство се најдоа меѓу стегите на цврстиот став на партиската идеологија, како конзервативна партија, и барањето на ЕУ. Затоа беа невешти и во објаснувањата на нивниот став од парламентарната говорница. Затоа ја убедуваа македонската јавност дека иако експлицитно не е напишано во текстот, сепак, донесениот закон не ја исклучува заштитата на сексуалната ориентација како причина за дискриминација. Неколку пратеници тоа го изјавија и на говорницата, почнувајќи од „зелената“ Лилјана Поповска, па до пратениците од владејачката партија. Ако мислат така како што изјавуваат, зошто тогаш не ги почитуваат укажувањата на опозицијата и на претставниците на ЕУ. Дали е тоа од инает или мора строго да се почитува ставот на партијата и не е важно што мислат другите. Но, како и досега, Владата не дозволува пратениците да мислат. Намалувањето на партиципацијата што студентите ја плаќаат на факултетите и укинувањето на т.н. економски менаџери (директори) во институциите од здравството, уште еднаш потврдија дека Владата се соочува со крупен недостиг на финансиски средства во државната каса и фондовите. Во изминатите четири години се градеше имиџ на влада која може да ги задоволи сите финансиски барања на одредени групи. Истакнуваа дека со домаќинско и стручно менаџирање, има државните пари за секого. Така, на почетокот на мандатот на оваа влада, студентите во завршната година добиваа ваучери за набавка на компјутер. Имиџот на добродетелна влада го истакнуваа и таму каде што им беше законска обврска и тоа го прикажуваа како чин на добра волја на Владата. Усогласување��о на пензиите на секои шест месеци го преточија во закон со кој со одлука на владата, божем, ги наградуваат пензионерите. И усогласувањето на платите на оние чија основица е исплатената просечна плата во изминатата година, две години по ред го прикажуваа како зголемување на платите. Таквата политика на оваа влада во првите две години од мандатот беше можна, бидејќи наследија добро избалансиран буџет и финансиски стабилни фондови. Во прилог им одеше и поволната конјунктура во надворешната трговска размена, која се карактеризираше со високи цени на металите и на земјоделските производи. Секојдневно јавноста беше информирана за некоја поволност на одредена група. Многу брзо се увиде дека таквиот пристап на владата во првите две години бил насочен кон предвремени парламентарни избори. Но, секогаш цената што треба да се плати се испорачува, но прашањето е само кога ќе пристигне. Кај нас сега веќе се чувствуваат последиците на погрешната владина политика. Соочена со празна државна благајна, бара начин како да ги задржи целните групи и да не го наруши имиџот на влада која се грижи и има доволно за сите. Излезот го бара со префрлање на финансискиот товар кај други субјекти кои допрва ќе се соочат со проблемите. Така, не можејќи повеќе финансиски да ја издржи акцијата ваучер за компјутер за секој апсолвент, сега на студентите им се додворува со одлука за намалување на партиципацијата за студирање и префрлување на товарот на факултетите. Според кажувањата на ректорите на универзитетите во Битола, Штип и Тетово, одлуката на владата не значела ништо посебно, бидејќи и досега кај нив студентската партиципација не била поголема од четиристотини евра. Но, ректорот на првиот и најголем државен универзитет и деканите на поголемиот број факултети и други експерти од високото образование упорно повторуваат дека таквиот потег ќе ги доведе во незавидна финансиска ситуација голем број на факул��ети.Тоа особено се однесува на оние факултети кои во наставата имаат потреба од прирачни средства и користење на кабинетска настава со скапа опрема. Но, за Владата, а посебно за министерот за образование, нивното мислење не е релевантно. А за тоа дека ќе се одрази на квалитетот на наставата, воопшто не му е гајле. И во овој случај повторно дали од инает или од заробеност во сопствената политика, Владата не го почитува мислењето на најповиканите, а тоа е професорскиот кадар на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Доколку навистина им мисли добро на студентите, покрај можноста за студирање, неопходно е да се обезбеди и квалитетна настава. Затоа Владата ќе мора од некаде да ги надополни потребните средства за одредени факултети. Освен кај студентите, имиџот на дарежливост Владата го губи и во здравствениот сектор. Наместо декларираното бесплатно здравство за сите, состојбите се доведени до степен дека до лекови не може да се дојде и со плаќање партиципација. Единствен начин граѓаните да се снабдат со поскапи лекови е плаќање на целата продажна цена, попознато како купување на приватно. Како резултат на политиката на Владата и новиот начин на одредувањето на квотите и плаќање на услугите, аптеките повеќе немаат економски интерес да издаваат поскапи лекови на рецепт. Незнаејќи во Владата да најдат излез од негативната финансиска состојба во здравството, како нов реформски чекор го најавија укинувањето на вторите, таканаречени економски директори. Сами ги измислија, сами ги укинаа. На тој начин ќе се заштеделе значителни финансиски средства. Забораваат ли дека истото образложение беше изнесено и при поставувањето на тие директори. Владините претставници само пред две години не убедуваа дека преку врзаните потписи ќе се овозможи меѓусебна контрола и заштеда при набавките во здравствените институции. Но, колку повеќе меѓусебно се контролираа, толку повеќе растеше задолженоста во здравството и се намалуваше квалитетот на услугите. Наместо вистински реформи во здравството, Владата повторно прави шминка. Кога пред некоја година експертите предупредуваа за последиците од несоодветната реорганизација на клиниките и дополнителното финансиско оптоварување со нови непотребни кадри, Владата ги игнорираше или повторно тераше инает. Ова се само мал дел од примерите кои го покажуваат инаетот на владините претставници. Позитивно е кога луѓето ги спротивставуваат своите ставови и тоа доведува до посакуван резултат, но при тоа е потребно да се има заемно почитување и прифаќање на аргументите на другиот. Нашата Влада, пак, инсистира само на нејзините аргументи и тоа веќе не е ништо друго освен инает. Инаетот е штетен како за оние кои го водат така и за тие кои зависат од успехот на нивната работа. Од инаетот на владата последиците ќе ги трпи народот. (Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1360 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 20.04.2010 00:45:41
Поголемиот дел од народот би требало да го препознае овој неуспех на Владата на секое поле и би требала да каже стоп,доста е,време е за вистински промени се додека работава не е отидена предалеку .Подоцна ќе биде многу тешко работите да се стават на место.Но народот уште не реагира.После друг ќе ни биде крив.Не знаеме дека ние самите ја креираме иднината,дека судбината е во наши раце.Една поговорка вика"помогни си и господ ќе ти помогни".Но тоа изгледа не важи за нас.Ние работите ги учиме на потежок начин.
Од: Blue fighter: Prepoznatlivi po inaetot
Датум: 20.04.2010 01:25:45
Nivnite losi karakterni osobini se dopolnitelen tovar za narodot.Mnogu odluki za cinenje ili necinenje gi nosea od inaet za SDSM,opozicijata posiroko,onie sto ne se so niv ili za niv,kontra Fuere ili File,za inaet na nekoja si EU ili NATO.Sam(i) protiv site politikata ja naredi Makedonija vo redot na zemji koi izbrale da gi rakovodat lugje sto ne mu mislat dobro na nikogo,ako ne si gi ispolnat frustraciite so inaetenje.Najgolme del od vmrovskata struktura se poistovetuva so ovakov tabiet i mislat deka so toa uste se mnogu jaki i dobivaat poeni kaj tie sto gi glasale.Za srekja glasackoto telo ne im e samo od zakoravenite nemislecki vmrovci.Ostanatite progledaa i na slednite izbori kje im go pokazat patot ( vo istorijata,Idrizovo ili po korenite na Aceta) - zavisi od inaetot na glasacite.
Од: student
Датум: 20.04.2010 02:55:35
koga vladata ke se proiznese za podnesetite prigovori za dodeluvajne stipendija
Од: Stojance
Датум: 20.04.2010 07:34:05
Nema koj da gi zameni i lugeto sto sakaat ke si pravat.Drzavata ja custvuvaat kako svoja,mislat deka narodot gi saka-a se toa poradi nemoznosta da se osvesti opozicijata-da napravi koreniti kadrovski i organizacioni promeni.Vie opozicijata go drzite visokiot rejting na pozicijata,a ne taa samata?!!!
Од: Инаетот на Најдовски
Датум: 20.04.2010 07:39:31
Аман, г-не Најдовски, уште колку пати мислите да не тормозите со оваа бајата тема??? Милост!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 10:11:49
Како прво во земјава а што е најважно во Брисел имаме не двојни туку неколку кратни аршини.Тука не се почитуваат ( со ништо поткрепено)правата на една група со девијантна сексуална ореијентација,а за правата на нашите сонародници кај соседите кој се во поголем број се молчи.Пријатно ме изненадивте со опсервирањето на ,,подметнување на грб,, кај сите партии.Зошто негледате од аспект на родител кој има 1-2 студента,колкава е помошта за нив во намалувањето на партиципацијата.А за професорите ќе си скратат од шетање бесполезно по конгреси,опрема на нивните кабинети и да седнат да се бават со наука, на 2год. книга со научен труд.
Од: Dobronameren
Датум: 20.04.2010 11:40:43
Инаетењето е одлика на децата кога нешто не им е по ќеф.Политиката не дозволува инаетења, таа е остварување на можното но и лукавост во односите со останатите политичари.Дали личните интереси - читај парите - сакаат од Македонија да направат единствено ГЕТО во Европа.Немојте поради лични интереси и фрустрации да ја уништувате земјава.

Најди! во Утрински
Мислења