|
Хороскоп
Овен
Феноменално се чувствувате благодарение на успешно извршениот проект. Ве очекува напредок во работата со која се занимавате, но и успех врзан за склучување договори. Не се откажувате од нив , но не и од љубовта која цвета во овој период.
Бик
Вашата потреба од дружење и желбата за комуникација моментално се во прв план. Добро се чувствувате, бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Исклучително ви одговара дружење со Близнаци, бидејќи тие се динамични и поведри од вас.
Близнаци
Ќе ви одговара боемска атмосфера и спонтаност. Чувствувате потреба да се олабавите и уживате, а притоа никој критички да не ве набљудува. Сакате да се чувствувате пријатно и затоа го избирате друштвото. Ве олабавува добра храна.
Рак
Ве привлекуваат ексцентрични работи и случувања. Сето тоа е иницирано од желбата за слобода и меѓусебно уживање. Моментално најмногу ви одговара партнер во знакот на Водолија. Секој е необичен на свој начин.
Лав
Една личност на која заборавивте ве потсетува на своето присуство и на тоа дека се' уште не е избришана од вашето срце. Потребно ви е помош и совет. На материјален план се случуваат непријатности, денот може да ви го направат убав само ситници.
Девица
Здравствената состојба не ви е на завидно ниво. Пожелно е да не носите значајни одлуки и да не повлекувате професионални потези. Потрудете се да најдете слободно време и да отидете на прошетка со личност која едвај ја познавате.
Терезија
Пред вас е пријатен ден. Не морате многу да работите, а време имате на претек. Никој како припадниците на овој комуникативен знак не умее толку слатко да пренесува трачови. Партнерот по кој знае кој пат ви ја докажува љубовта, уживајте.
Скорпија
Вооружете се со трпеливост и бидете подготвени на соочување со клевети и навреди. Вие знаете како е во вакви ситуации, бидете внимателни. Вистински мајстор сте за задавање удари на противникот. Постигнувате професионален успех.
Стрелец
Чувствувате позитивна енергија , па ги прифаќате предизвиците што ви ги нуди една исклучителна личност. Ќе ви биде лудо и незаборавно.Поради изобилството на страсти, не пропуштате ниту еден професионален предизвик.
Јарец
Упорно и одлучно истрајувате на сите фронтови. Многу припадници на овој знак ќе се соочат со сериозни семејни проблеми. Поради некого сте незадоволни и немате храброст отворено да разговарате за тоа со партнерот.
Водолија
И покрај тоа што прилично сте намуртени, ве очекува пријатен ден, познанства и дружење. Некој близок е подготвен да ве сослуша и да ви даде рамо за плачење. Нервозата е последица на наглите временски промени или, пак, хронична болест.
Риби
Доколку прифатите предлог од близок роднина, ќе имате прилика да успеете. Она што ве спречува да остварите адекватна комуникација со околината се стравот и беспотребните комплекси. Се плашите да не бидете изиграни. Морате да се научите на ризик.
|
#
|
|
|