Што прават денеска
Милица Кузмановска
пејачка
По вчерашниот прекрасно поминат празничен ден, денес имам елан да работам на мојата нова песна за „Филиграни“. Веќе во попладневните часови треба да ги снимам вокалите, а вечерта - во исто темпо на жив настап во еден од скопските ресторани. Се надевам дека публиката ќе ужива во мојата песна.
Сашко Георгиевски
стилист
Во Охрид сезоната е во полн ек, што му дава на мојот град особен туристички шмек. Бидејќи ние со семејството веќе го користевме одморот, денот ќе го минам на работа во моето „Арс нова студио“. Приквечер една убава долга прошетка со Иво и Ане, лесна вечера и приказни за лека ноќ.
Лидија Милошевиќ
пејачка
Денот ќе ми биде преубав. Во Белград сме со фамилијата, што значи дека еден дел од денот ќе одиме на гости. Зоолошка градина ни е во агенда, пиење кафе на „Кнез Михајлова“, а приквечер ќе одвојам време и за себе. Ќе работам на нова песна, вистински хит, што ќе се чуе есенва. |