Медијаторот вели дека тоа ќе овозможи решавање на други прашања поврзани со него
Димитар Чулев
Централно прашање во преговарачкиот процес е името и тој спор е решлив. Тоа е многу тешко прашање кое, очигледно, досега не е решено, меѓутоа нема да давам никакви претпоставки, изјави посредникот во разговорите со името, Метју Нимиц, завчера во Њујорк по завршувањето на одделните средби со преговарачите и амбасадори Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Нимиц вели дека во суштина на преговарачкиот процес е името, бидејќи тоа е така предвидено и со Резолуцијата на Советот за безбедност и со Привремената спогодба.
„Мојот мандат е околу ова суштинско прашање и се обидувам да го решам, а неговото решавање ќе овозможи решавање на други прашања поврзани со него“, изјави Нимиц во интервју за грчки медиуми. Прашан за барањето во разговорите да биде вклучено прашањето за грчко признавање на Македонската православна црква, за кое премиерот Никола Груевски деновиве испрати писмо до него, медијаторот Нимиц вели: „Мој впечаток е дека односите се комплицирани, црковното прашање отсекогаш било проблем и тоа е комплицирано...“ Тој одново повтори дека проблемот со името е решлив и дека ќе го отвори патот за добри односи, како и дека во тој контекст ќе бидат решени многу други прашања.
По завршувањето на разговорите во Њујорк во средата вечерта по американско време, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер, кој го придружуваше амбасадорот Димитров во Њујорк, за „Нова Македонија“ изјави дека тоа била редовна средба во серијата разговори со Нимиц, при што биле разгледани идеи од повеќе аспекти за прашањето со името. „Беше потенцирано дека тоа се прашања кои се исклучително значајни за нас и дека за нив планираме да притискаме по сите основи и ќе ги употребиме сите можни правни механизми. Притоа, треба да се гледа на конструктивниот дел на напорите на македонската страна да се изнајде решение и да се подобрат односите меѓу двете земји“, изјави Протоѓер, нагласувајќи дека на разговорите биле реафирмирани позициите на македонската страна во врска со прашањата за имотите на Егејците, правата на македонското малцинство во Грција и за МПЦ.
Писмото на Груевски е контрапродуктивно, вели Црвенковски
Според шефот на државата, Бранко Црвенковски, писмото кое премиерот Никола Груевски го прати до медијаторот Метју Нимиц, во кое бара тој да се заложи за признавање на Македонската православна црква од страна на Грчката православна црква, е контрапродуктивно.
„Спорот, всушност, е меѓу МПЦ и Српската црква и секое инволвирање на трета страна не им оди во прилог на заложбите за негово поскоро решавање“, рече Црвенковски.
Претседателот се слушнал на телефон со преговарачот Никола Димитров, кој му рекол дека на завчерашната сесија во Њујорк Нимиц дал нови идеи и допрецизирал некои од старите идеи за надминување на спорот со името. „Очекувам по враќањето од Њујорк да одржиме заедничка средба со премиерот и со преговарачот за натамошните чекори“, изјави Црвенковски, одбивајќи да изнесе повеќе детали.
Прашан за изјавите на министерот за одбрана, Зоран Коњановски, дека Грција преку воени вежби близу границата врши притисок врз Македонија, Црвенковски рече дека не може да коментира додека шефот на одбраната лично не го информира. (С.К.)
Шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, вчера потсети дека мандатот на специјалниот посредник Метју Нимиц е „еден и конкретен“, а тоа е решавањето на спорот со името меѓу Атина и Скопје. „Раководството на ПЈРМ, како што вели Бакојани, треба да пријде кон преговорите сериозно и да не бега од суштината, а тоа е изнаоѓање решение за спорот со името“.
Грчките медиуми вчера на различен начин ја коментираа последната рунда преговори. Атински „Етнос“ пишува дека специјалниот посредник настојувал конечното решение за името да се базира на сложено име кое ќе ги содржи зборовите „Северна Македонија“. Според пишувањата на „Етнос“, кој се повикува на извори во Њујорк, Нимиц на средбите со Димитров, Протоѓер и Василакис ги предложил токму тие пет варијанти.
„Катимерини“ го прекорува Нимиц дека 12 години по потпишување на Привремената спогодба од 1995 не презел сериозна иницијатива за затворање на прашањето, туку сега наеднаш го интензивира целиот процес што, според весникот, се должи на интересот и притисокот на САД за прием на Македонија во НАТО. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за македонскиот сервис Војс оф Америка изјави дека „нашиот став е дека Македонците треба да бидат примени во НАТО“ и дека постои надеж спорот околу името сега да се разреши мошне брзо. Според Рајс, проблемот со името не треба да се испречи на патот за приемот на Македонија во Алијансата. „Работиме на тоа“, изјави Кондолиза Рајс.
„Од моментот кога за спорот се заинтересираа Вашингтон и големите држави во Европа, Нимиц почувствува дека има сериозни шанси да успее“, констатира „Катимерини“, според кој септември ќе бил клучниот месец за решавање на проблемот. Грчкиот весник „Пондики“, копајќи низ документи во Советот на Европа, открива дека на 1 мај Романија се приклучила кон европската карта на регионални или малцински јазици на Советот на Европа и притоа признала неопходност од заштита на македонскиот јазик на нејзина територија. Дотогаш, според весникот, Македонија немала можност да го постави прашањето за постоењето на македонското малцинство во државите-членки на Советот на Европа. Весникот е критичен кон ставот на Грција: „Ние во Грција може да тврдиме дека ниту постоело ниту постои прашање за признавање на македонскиот јазик и македонското малцинство, но откако тој беше признат како заштитен регионален малцински јазик во Романија, не е исклучено тоа да го направат и други држави-соседи на Македонија“. Според „Пондики“, Грција ќе остане единствена дека на нејзина територија нема ниту македонски јазик ниту македонско малцинство.
Treba da se razbere deka za problem so Imeto postoji samo Sudsko resenije. Politicko resenie preku SB na OON nee vidlivo, zimajki predvid pozicijata na francia i Britanija. Ottamu, samo preku sud vo moze da se resi problemot megu RM i OON ,za Imeto. Ako ovaa ne se razbere , sledat godini so izolacijata.
Se drugo osven pravna postapka, e gubenje pari, vreme i dostoinstvoto, kako i sansite i pridobivki vo i od integriranjeto vo EU odn. konkretni koristi. Namesto Sudska akcija nasite se bavat so izlezni temi , kako crkvata, aerodromite itn. Ova e prosta zamena tezi. Koga ne se znae kako da se resi problem, se pravi i diga magla i se zamagluvaat realni opcii. Problemot i so Pretsedatel i so Premierot e sto tie neznaat kako da si ja vrsat rabotata!
Од: Gospod
Датум: 15.08.2008 01:22:41
Makedonci ima vo Egejska Makedonija koi zboruvaat MAKEDONSKI i istite zaigraa oro posle pismenoto negiranje na Grckiot diktator. Evropskite slepci uste go negiraat postoenjeto na Makedoncite ama ce progledaat i toa brzo. Evropskite diktatori kako i Francuskiot ce propeat i na makedonski. Izvinete.
Од: Ilinden the Macedonian
Датум: 15.08.2008 01:30:58
Imeto Severna Makedonija ili nekoja druga dodavka, nie od Egejska Makedonija kako ke se vikame isto Severno- Makedontsi? A tie od Pirinska Makedonija I Mala Prespa Albanija kako ke se vikat isto Severno- Makedontsi. Ve molam nemojte da go smenite ustavnoto ime zaradi Nato I Evropskiot Sojuz. Ako imeto se reshi so Gorna Dolna Stredna Makedonija posle ke se reshat I drugite sporovi za Egejtsite, za imotite I za Makedonskata tsrkva toa ne e vistina, Gligorov se slizna pak zatoa 17 godini ushte se vikame Fyrom a toa beshe samo za dva mesetsi.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 15.08.2008 04:20:32
Crvenkovski zaedno so Timotej,Dvojakovski, Aleksandrov Avtamovski , Radin ,Cirevski.... se prodadoa odamna kaj Grcite. Zatoa Bakojani trese gluposti i se nadeva na uspeh. Gruevski e toa sto Makedonija oddamna go nema; prav, normalen, gordicesen Makedonec, sto tudjo ne saka, svoe ne dava
Од: jimmy1
Датум: 15.08.2008 04:24:07
Dokolku se prifati bilo kakva promena na ustavnoto ime nie nema da bidime toa sto sme denes. Ke go izgubime nasiot identitet, nasata kultura i nasata istorija, a neresenite prasanja (na pr: za proteranite makedonci i nivnite imoti, priznavanjeto na makedonskoto malcinstvo vo Grcija, priznavanjeto na crkvata, negiranjeto na Makedonija i Makedonskiot narod od strana na Grcija) ke ostanat nereseni zasekogas. Voopsto ne trebase da ima nekakvi pregovori za imeto, nie si imame ustavno ime toa e nase i nikoj nema pravo da ne osporuva vo toa. Se dodeka prafakame bilo kakvi pregovori za imeto, sostojbata ke bide ista, a dokolku se prekinat pregovorite za imeto veruvam deka pobrzo ke stigneme vo EU i NATO. Tie uvidoa deka pregovorite ni se edna vrsta slaba tocka i zatoa site zemaat nekakva sila i vrsat pritisok od site strani. Ne mislam deka pravdata moze da se bara samo preku megunarodnite sudovi, zosto i tamu ne postoi pravda, se donesuvaat presudi pod pritisok na drugi drzavi.
Од: pero
Датум: 15.08.2008 06:21:54
Gledam VMRO-vcinjava non stop pukaat po Gligorov za FYROM, a zarem toj go sakase toa... Eve sega tie neka go resat problemot so nivniot Grujica... ne mozat... uste poveke zaglavuvaat... edno da vi e jasno... zaradi nastanite so Gruzija imeto ke se resi ekspresno brzo, go sakale e toa i nasiot Grujica ili ne... najverojatno ke e Severna Makedonija... a patriotot Grujica pak ke se sokriva zad narodot... demek ne go dava bogati... i jas si sakam samo R.Makedonija, ama od nas ne zavisi...
Од: ace
Датум: 15.08.2008 06:29:19
Mora referendum pa sto ke bide ke vidime ,se zezna sds cim sednaa togas vejke izgubivme ZABORAIVTE LI ZNAMETO GO SMENIJ od sonce ventilator neka skratat nekoj krak da zastedime struja A ako se smeni imeto bez referendum
Sto ke napravi HRABRIOT? segasen Makedonski narod ?
Од: Логичен
Датум: 15.08.2008 08:16:50
Не знам како давате таков коментар дека би се викале СЕВЕРО-МАКЕДОЦИ....па доста ги лажевте народот не е тоа причината,причината е невлегување во НАТО и ЕУ,само да се нема контрола над буџетот,парите што се земаат од народот.Народот мора да излезе од Македонија да се движи како што тоа го прават политичарите,богаташите.Младите заслужуваат да живеат во модерна Европа , Албанија стана европска,а ние треба да станеме енверовска Албанија,па да изградиме и некој бункер на Меџитлија......Македонија ЕВРОПСКА....не ФИРОМСКА нација нова да се измислува.Позз.до утрински./.....
Од: pogled
Датум: 15.08.2008 08:29:34
1. Нашиот јужен сосед (НЈС), многу порано пред да почне да го решава спорот со името на нашата држава, најпрво “расчисти“ со изгледот на нашето државно знаме, со измени во нашиот Устав и со други условувања. Откако тоа го среди, сега бара да се разговара само за името. 2. И нашата политика НАЈПРВО треба да “расчисти“ со некои прашања со Грција (македонското малцинство, МПЦ, македонскиот јазик, македонското духовно наследство и сл.) а потоа да се бара решение за името. За жал тоа требаше да се направи многу порано. Но никогаш не доцна. 3. Додавката “Северна“ кон името претпоставува дека постои и “Јужна“. А “Јужна“ не постои. Што тогаш? Кои се последиците од такво име?
Од: Itar Pejo
Датум: 15.08.2008 09:38:06
Ne problem samo imeto. Treba pred Nimic da se stavat na masa site nereseni prasanja : osloboduvanje na Tarculovski, razoruzuvanje na Grcija, skopskite stokatnici, stote iljadi kompjuteri, Jordan Plevnes i ohridskata jagula. Istotaka treba da se bara od Nimic da ispece i izlupi edna vreca piperki, da go iscisti koritoto na Vardar, da i bakne raka na Borkica, da se kaci na krstot na Vodno i od tamu tri pati da izvika: “Sekoj petok urda jadam”.
Од: Ribentrop
Датум: 15.08.2008 10:13:11
Neznam zosto ama vo glava mi ide edna sentenca aktuelna vo vremeto na vojnata vo Bosnia.
Na eden dzid vo centarot na gradot bese napisan grafit so slednava sodrzina:
"POTPISI ALIJA, MAKAR JE KO AVLIJA"
Najdete resenie, ova veke predolgo trae.
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 15.08.2008 11:23:34
" PRAVDATA bez moc e nevozmozna. Mocta bez pravda e tiranska ! " Blaise Pascal 1623-1662g francuski filozof , pisatel i naucnik.
Од: kuku lele majko
Датум: 15.08.2008 12:48:58
ja neznam dali ovie politicari se glupi ili se praat ,neka se potpise ednas da se vikame i majmuni ako treba nema veze, koga ke vlezeme u evropska unija ke moze da se smeni i ime i prasanje na malcinstvo i sve sto treba,lugeto nemaat za jadenje oni za malcinsvo u grcija ,toa malcinsvo ako ska gi ima site prava u eu da se bori u strasburg ,stu kutat ,nego dobro im e so grci pasosi i rabota da patuvaat kaj sakaat ,a nie bednici ke se borime za niv