Правите мегаломански планови, имате намалено чувство за реалност, но пред вас е одличен период за сите работи кои вклучуваат инспирација и психоанализа. Ранливи сте и по малку несигурни во љубовта. Треба да избегнувате расправии со партнерот.
Бик
Голема сума пари е во игра, но нека не ве изненадува доколку малку задоцни. Бидејќи црпите премногу енергија, може да се случи на крајот од денот да бидете нервозни. Лошата концентрација може да доведе до невнимание, а со тоа и до можност за повреди.
Близнаци
Ова е одличен период за љубов и уживање во сите убави работи. Не сте најпаметни, затоа потрудете се така и да се однесувате. Потрудете се да се соберете и нормално да функционирате. Бидејќи тоа нема да биде лесно, побарајте помош од блиските.
Рак
Потрудете се да побарате совет од пријателите. Сакате нешто, но немате јасна претстава што би можело да биде тоа. Имате проблеми со финансиите, се расфрлате и трошите на глупости. Денес, по којзнае кој пат ќе се потврди тоа.
Лав
Не сакате околината да види дека сте лошо расположени. Размислувате за промена на местото на живеење или патување. Успех постигнувате бавно, но резултатите се видливи. Остварувате успешна соработка. Едно познанство може да биде позначајно отколку што очекувавте.
Девица
Пред вас е исклучително напнат и напорен ден. Се' што работите бара дополнителни вложувања, а тоа ја зголемува нервозата. Планирате професионално патување. На емотивен план можни се несогласувања настанати како последица на изневерени очекувања.
Терезија
Во елемент сте и одлично се чувствувате. Доколку покрај себе немате некого што го сакате, пријатели имате многу. Интуицијата ви говори како да се однесувате. Решавате важен финансиски проблем. Партнерот ви помага во тоа.
Водолија
Ќе бидете подготвени на разни лудости. Весели сте, затоа и влијаете заразно врз околината. Ве очекуваат многу убави моменти, интересни средби и активности. Искористете го вистинскиот момент за да ги завршите одамна започнатите обврски.
Риби
Потрудете се да се дружите само со лица што ви одговараат. Веќе забележавте дека извесни случувања ве оптоваруваат и исцрпуваат. Денот ќе го поминете во празни приказни и погрешни размислувања. Љубовниот проблем само е плод на вашето вообразување.
Соопштение Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.