Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска
Петар Ѓошев

- радиоводител

Утрото стандардно ми започнува во седум часот наутро, по што ги правам подготовките и веќе во девет часот сум во Метрополис радио, каде што ми започнува претпладневната емисија која трае до дванаесет часот. Потоа имам пауза која ќе ја поминам со пријателите на ручек и попладневно кафе, а веќе во седумнаесет часот одам во Сити радио, каде што ми започнува попладневната емисија. Бидејќи почнува викендот, по завршените обврски заминувам за Охрид.



Дани

- пејачка

Денот ми започнува со плановите што треба да ги завршам околу реновирањето на станот. Мајсторите се секаде околу мене и тоа навистина ми е проблем, но со оглед на фактот дека решив конечно да го средам станот ќе ги издржам сигурно. Вечерните часови ми се резервирани за настап во мојот Охрид, иако морам да признаам дека навистина ми недостига Мексико, каде што бев дел од кампањата за борба против сидата и каде што си поминав спектакуларно.



Влатко Смилев

- археолог

Во последно време деновите ми започнуваат со размислувањата што се' треба да подготвам за патувањето во Полска, кое ме очекува во септември. Утринското кафе со пријателите е неизбежно, а потоа следува и редовната посета на музејот во Велес. Во текот на вечерта - излегување со пријателите и забава до раните утрински часови. Впрочем, затоа и ни служи и летото!
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.