Маневски: Одлуките на Уставен мора да се извршуваат
Владата има служба што се грижи за законитоста на актите кои таа ги предлага, меѓутоа понекогаш не е во прашање само законитоста, туку во некои случаи се оди и подалеку од законитоста, да се проценува целисходноста или да се проценува определена политичка ситуација во определен момент, што практично се покажува како нецелесообразно.
Ова го изјави министерот за правда Михајло Маневски за Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали во Владата има служба што се грижи за законитоста на актите што се носат, со оглед на честите случаи на нивно поништување од страна на Уставен суд.
Одлуките на Уставен суд, вели Маневски, мора да се извршуваат, но не значи дека не може да се коментираат и критикуваат. Уште повеќе што повеќето одлуки Уставен суд ги носи со мнозинство гласови, а тоа значи дека и во самиот Уставен суд нема единство на гледањата во врска со решавањето на определени прашања, изјави министерот Михајло Маневски. (П.Р.) |