Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Колапс на „Гоце Делчев“

Снежана Калабакова

Скопје деновиве е во вистински сообраќаен колапс откако по десната страна на мостот „Гоце Делчев“ се вози само по една лента. На ужасни жештини и по спарно време секое утро нервозни возачи и патници стојат во колоните од возила, кои речиси лазат по мостот, на кој Топлификација реши да менува цевки стари четири децении.

Најпрвин од претпријатието тврдеа дека работат во две смени и ветуваа дека 15 дена порано од планирано работите ќе бидат завршени. Но, само два дена потоа, се испостави дека Топлификација не добила дозвола од Градот за изведување на планираната санација. За да ги изведува градежни работи на мостот, си побарала дозвола од Општина Центар и ја добила.

Во случајов сосема е неважно дали од Топлификација знаеле или не дека за мостот е надлежен Градот, но чудно е како не го знаеле тоа од Општина Центар. Ова ги натера градските власти да ги забранат градежните активности и работите на мостот беа стопирани. Дали сега тие ќе го санкционираат неодговорното однесување на општинарите, доправа ќе се види. Во Центар требало да знаат дека мостот е во надлежност на Градот и дека тој, исто така, не смее да дава согласност за изведување какви било зафати на него без претходни консултации и согласност од Градежниот факултет и од експертите од ИЗИИС.

Хаосот што беше предизвикан од Општина Центар и од Топлификација сега секојдневно им ги кине нервите на скопјани. Дополнителен проблем во нормалното одвивање на сообраќајот сега е и целосното затворање на булеварот „Илинденска“. За да се стигне до работното место, вртењето низ централното градско подрачје е уште понервозна варијанта. Едно е јасно, и сега по којзнае кој пат се покажа дека за вакви битни прашања надлежните имаат неодговорен однос, а жртви се граѓаните.


#
Статијата е прочитана 2489 пати.

Испрати коментар

Од: Tome
Датум: 26.07.2010 00:26:19
Ocigledmo deka reporterkata e lokalen reporter koj svoite informacii za slucuvanjata vo svetot gi gleda odnosno cita preku internet ili pak preku carsiski muabeti. Ocigleden e napisot deka celta na samiot napis e da se ocrni dali gradskata ili pak drzavnata vlast a ne grizata na gradzanite. Vo blizina Toronto se naodza avtopat 401 kade sto pominuvaat dnevno milioni vozila i kade sto gradezni raboti ima 24 casa 365 dena vo godinata no toa e toa gradeznite raboti morat da se izvrsat dali porano ili pokasno
Од: Dac
Датум: 26.07.2010 11:44:42
Е значи терсене народ сме и тоа е. Зимно време кога нема парно сите плукаат по Топлификација, а летно време кога се изведуваат реконструкции пак сите плукаат по нив бидејќи има застој во сообраќајот. Се нешто не ни чини!

Најди! во Утрински
Втора страница
Оптимизмот го хранат со 11 деца
Вербатим
На чекор до парламентарна криза