Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

На чекор до парламентарна криза

Неизвесно е кога и дали СДСМ ќе учествува во усвојувањето на Деловникот

Соња Крамарска


Македонија се наоѓа на чекор до парламентарна криза - неизвесно е дали СДСМ ќе учествува во усвојувањето на Деловникот. Брисел бара актот со кој се уредува работата на парламентот и правата што ги има опозицијата во тие рамки, да биде донесен со консензус. Во 2008 година, ова време, ВМРО-ДПМНЕ донесе Деловник заедно со уште 170 закони прескокнувајќи ја опозицијата, што произведе жестока опомена од амбасадорот на Брисел, Ерван Фуере. Опозицијата, пак, се жалеше дека со Деловникот донесен по мерка на владините пратеници е збришана од парламентарниот простор.

Утре во Брисел заседава Советот за стабилизација и асоцијација за Македонија, а владината машинерија во парламентот работи под полна пареа да добие пофалби од ЕУ. Вестите што пристигнаа оттаму не се поволни за власта, што доведе до растење на нервозата во парламентот, која кулминираше завчера.

Клучните играчи на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, Трајко Вељаноски, Силвана Бонева, Илија Димовски, буквално ги молеа пратениците на СДСМ, Нова социјалдемократска партија на Тито Петковски и Нова демократија на Имер Селмани, да дојдат во дебатната сала и заеднички да го изгласаат новиот Деловник. Но, попусто, бидејќи клупите од левата страна останаа празни.

Овој пат ВМРО-ДПМНЕ се воздржа од еднострано изгласување на Деловникот, меѓутоа молбите ги заменија со жестоки напади врз СДСМ и врз партнерите. „СДСМ не сака Европа да даде позитивен извештај за Македонија“, налутено изјави Илија Димовски. „Имајте предвид дека одговорноста за оваа состојба ни е заедничка“, и' порача на опозицијата шефот на парламентот, Вељановски.

Но, што се случува зад кулисите на парламентот кога на јавна сцена страстите се толку зовриени и што значи тоа за политичката атмосфера во земјата во пресрет на заседанието на Комитетот за стабилизација и асоцијација?

Трајко Вељаноски, очигледно, добро знаеше дека СДСМ нема да дојде на гласање на Деловникот. Неговиот напишан говор што го прочита во дебатната сала беше исполнет со апели за нивно доаѓање. Изненадување не се забележа ниту во настапите на другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, пак, може да значи само едно, а тоа е дека и покрај сознанието дека опозицијата ќе бојкотира, владиното мнозинство, сепак, ги вклучи камерите во парламентарниот дом за да го „осветлат“ отсуството на СДСМ во моментите кога Македонија ја бие битката за Европа.

Иако длабоката политичка криза во која се наоѓа Македонија се' уште не е поткрепена со официјални оцени, нејзините последици се' повеќе се видливи. Саботното фијаско на напорите на Владата да направи барем еден позитивен чекор пред состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, пропадна поради лошата комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Конфликтот не може да се реши ниту на лидерско ниво, бидејќи односите меѓу Груевски и Црвенковски се толку затегнати што е речиси невозможно тие двајцата да остварат ниту телефонска комуникација, а камоли да се сретнат и да се договорат.

По вестите дека СДСМ го бојкотира гласањето за Деловникот, Груевски во саботата бесно возврати: „Пратениците на СДСМ ја исполнуваат желбата на Црвенковски да и' наштети на државата“. Него��иот директор за партиски комуникации, Илија Димовски, уште при едностраната парламентарна расправа ќе им залепи етикета на пратениците од СДСМ дека заедно со грчките екстремисти ја сочинуваат групата на деструктивни елементи.

Целата владина машинерија е ставена во погон да извојува барем една битка пред утрешниот состанок во Брисел. Престрелките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во петокот во парламентот го вклучија алармот во Владата. Мартин Протоѓер, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на канцеларијата на премиерот Груевски, веднаш по прекинот на седницата му се јави на Илија Димовски за да даде натамошни инструкции. Но, овој пат без резултати, бидејќи влијанието треба да се употреби кон СДСМ.

„Додека имаа сила, ја игнорираа пратеничката група на СДСМ, ни ги скратија сите парламентарни инструменти, иако е јасно дека парламентот е единственото место каде што опозицијата може да влијае врз политичките текови“, вели партиски ветеран на СДСМ. Сега, велат пратеници од СДСМ, им требаат нашите гласови за да се претстават во Брисел како конструктивна власт, иако не се тоа.

Јани Макрадули, поранешен шеф на парламентарците од СДСМ и потпретседател на парламентот, вели дека судирот настанал поради политичките игри на Владата да одбегне парламентарна контрола над буџетските средства. „Доставивме предлог за формирање независно парламентарно тело за контрола на јавните финансии“, вели тој.

Според нашите информации, во заднина на таквиот потег на опозицијата е да се пресече дотекот на буџетските средства за рекламите што ги прави Владата глорифицирајќи ги својата политика и владеењето. Владата, пак, по се' изгледа никогаш нема да може да се откаже од скапите реклами што станаа препознатлив стил в�� нејзиното практикување на власта. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 2345 пати.

Испрати коментар

Од: gimi
Датум: 26.07.2010 00:55:44
Опструкција по секоја цена па макар да се работи и за иднината на Македонија. Само ова не е нешто ново кога е во прашање Бранко Црвенковски, се потврдил досега на ова поле многу пати. Добра вест е тоа што е прочитан од народот - доказ е неговиот рејтинг кој никако да помине 8%.
Од: Дарвин
Датум: 26.07.2010 01:16:53
Ај некој нека ја погоди оваа гатанка - Два чопора мајмуни сите не прават мајмуни.
Од: narodot
Датум: 26.07.2010 01:33:45
bez politicka kultrura, bez kontakti na pol.lideri nema progres. te gi povikuvaat na sorabotka pa odma ostro gi kritikuvaat, duri so predavnici idr. neka sednat vo imeto na toj so gi bira malku da trgnat od regresot.inaku se znae gubitnikot-makedonija i narodot vo nea. abogami i niv nema da im se prosti.
Од: Маријан од Велес
Датум: 26.07.2010 04:57:30
Г-ѓо Крамаркова ! Не ми е јасно дали с��е вие новинар или апологет на "идеалите" на СДС !Оваа не го кажувам од ракав , туку како реакција на вашиот наслов на текстот :"На чекор до парламентарна криза".Ве молам како поинаку да сватам дека во сегашната парламентарна конституција може да има ПАРЛАМЕНТАРНА КРИЗА ,кога соодносот на силите ПОЗИЦИЈА : ОПОЗИЦИЈА = 3 : 1.Ги сваќам вашите желби да дојде до парламентарна криза , но ако сте навистина новинар треба да сватите дека ,пред се и над се треба да постои барем мала нишка на реализам кога се прават опсервации за можности кој се далеку од здравиот разум и логика.Не велам дека сте неразумна , напротив , ги ценам вашите ставови и погледи , што е и ваше право.Но право е и на нас читателите да бидеме реално и објективно информирани.Ако за било какви баналии се бара консензус,тогаш барем објаснете ни зошто постојат избори?Па зарем во ЦК. на СКМ сите одлуки не се донесуваа со консензус,а и тогаш имаше "избори"(за делегати)!
Од: Реган
Датум: 26.07.2010 08:00:23
Добро,бре,луѓе!Може ли да се прдне,а да не се мисли на тоа како ќе реагира Брисел?
Од: Љупчо
Датум: 26.07.2010 08:44:39
Кој ке гласа на следните избори за СДСМ и ДПМНЕ си ја понижува својата интелегенција...
Од: bobi
Датум: 26.07.2010 09:32:29
Definitivno dobar poteg na SDSM.Neka ne se vadat na EVROPA.Stetata ja pravat veke cetri godini gospodata od dpmne a sega odednas se zasikiraa za taa Evropa.Posle tolku nedemokratski sredstva sto gi napravija gospodata od dpmne ocekuvaat izvestaj pozitiven..Eve im go nivnoto golemo parlamentarno mnozinstvo pa neka vladeeat kako sto i vladeea do sega.APSULUTISTICKI.Neli demokratijata ja razbiraa samo kako brojki.
Од: "vodolija"
Датум: 26.07.2010 09:39:31
Uste eden nepobite FAKT,deka ovaa Vlada e Ideolosko Teroristicka Vlada,koja so LAGI, KLEVETI, so izvitopereni relevantni elementi, pogresno pred narodot saka da go prikaze drzavnoto ureduvanje i unapreduvanje na drzavata !!!???Celo vreme na nivnoto vladenie,smetajki deka imaat mnozinstvo glasovi AROGANTNO SE ODNESUVAAT PREMA OPOZICIJATA !? I morase da sledi toa sto sega sledi. I ,ova i e posleden patokaz na ovaa Ideolosko Teroristicka Vlada, deka lokacijata i e kon naj bliskata grobista!?
Од: od mark do Gimi i slicni na nego
Датум: 26.07.2010 10:02:57
Gjimi i ostanati cudno e toa sto vo vasite glavi e samo ona sto pravi SDSM a sto pravese Grujo i DPMNE koga bevte vo opozicija zaboravate da ve potsetam.cija e izrekata VOZOT ZA EU KE CEKA DOLGO NA STANIC posle dobivanjeto na kandidatski status naj tuznata faca vo RM bese Grujo.Koj tropase i vadese karticki vo sobranie.Koj begase od sredbi za imeto koga vikase Bucko kako premier.Znaete li vie lani za pozitiven izvestaj sto dogovorija delovnikot da se izglasa so konsenzus do nova godina akoj mesec sme segaza glupostite najlesno vie da kazete BC e kriv i za denesnovo oblacno ako grujo kaze barajte krivec vie odma bez razmisluvanje BC e kriv.tesko e koga ke se izgubat patistata pa sega lupate g..... mislite deka nie ne pamtime stoe sto bilo pamtime Gjimi pamtis i ti no taka tie kazanoi sega se natprevaruvate vo plukanje i tresenje gluposti bez tronka sovest nese site DPMNE ima i drugi koj mislat so svoja glava i znat od dve losi da go izberat podobroto,DPMNE izneveri i ke bide kaznet
Од: Nikola-Germanija
Датум: 26.07.2010 10:04:02
Vidi gi niv,majkata.Trazat konstruktivnost od SDS,a istite permanentno gi narekuvaat "predavnici","5to kolonasi"?!Mozete da trazete samo konstruktivnost koga e vo prasanje izgradba nacionalen konsensuz za imeto i drugi prasanja od nacionalen i drzaven interes,a ne za delovnikot!Imate 2/3 mnozinstvo vo sobranieto,a gospodata od opozicijata pak vi se krivi sto ne ste sposobni da go koristete za vasata politika (se razbira vo polza na MK!)?Epa togas dragi gospoda od vlasta,ako ne ste sposobni,ve molam dostoinstveno i KOLEKTIVNO(!) da si podnesete ostavka i ostavete im go upravuvanjeto na Drzavata na tie sto mozat i sakat!Kako nekoj "od nadvor" gledav so relativni simpatii sprema Gruevski (bez razlika sto e od DPMNE!),mislejki deka konecno mlada MKska generacija ja prezede odgovornostta za MK i ke ja vodi na prav pat;no za zal,se pokaza kako zaludna nadez!Mislam deka NG nema veke ideji kako da ja zalazuva MKskata javnost so populizam,pa sega ke mora da stradat poedinci kako BTcot Ilievski.
Од: Hari
Датум: 26.07.2010 10:14:05
Kako stojat rabotite Felix voskresna vo Gjimi isti muabeti, propaganda, isti narcteli samo izostanuvanje na terminot pomodreni. Blokadta ja pravi DPMNE a ne Branko-nocnata mora, ako mislite deka Evropa ne ve posmatra se lazete. Moze da go lazete naselenieto na Rastak i Saramzlino ama Evropa jok.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 26.07.2010 10:14:42
Изгледа дека вмвовчињава не знаат што всушност значи зборот консензус. Тоа не е надгласување, туку, како што нашиот Хорхе Миноре љуби да каже - разумен компромис. Тоа што портокалите неможат да го разберат и прифатат е нивен проблем. Деловникот е донесен (без концензус) во 2008 година, со единствена цел да се замолчи опозицијата. Кога портокаливе ги притиснаа од Брисел, повторно вината сакаат да ја префрлат на опозицијата - но овој пат нема да им помине. Сега нормално ќе се јават корисиниците на нелегално потрошените буџетски пари (Гими, Кимов, Феликс и полуписмениот дедодимо), кои се логично против контрола на трошењето на државните пари, бидејќи ќе им секнат бедните хонорарчиња....
Од: valerija
Датум: 26.07.2010 11:27:20
neznam sto si mislea VMRO deka se glavni i nikoj nisto ne im moze ke go lazat narodot i ke mu perat mozok so reklami se sto si dobija i ke si dobijat si go zasluzija i neka ne placat kako se nekoj drug im e vinoven
Од: Професорка
Датум: 26.07.2010 11:42:07
Сега на ДПМНЕ му текна за извештајот и за Европа. Демек ако СДСМ не го подржи деловникот нема ништо од ЕУ. Приказни за мали деца. Што не мислеа кога вработуваа во јавната администрација на диво, што не мислеа кога ни измислија историја за срам пред целиот писмен свет, што не мислеа кога се обидуваа, онака простачки да го елиминираат Фуере, шт�� не мислеа кога си играат со судовите, што не мислеа кога Скопје го претворија во стоглаво чудовиште, економија тапа... Па сега, уште само Деловникот фали како дијамант на круната од тенеќе. Ако се блесави опозиционерите да им потпишат неконтролирано тршење на наши пари. Да истрајат.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 26.07.2010 11:47:14
Што знаат ДПМНЕ овци што �� тоа парламентарна криза а и демократија.Ако некој победи на избори тој според нив може и да биде деспот за време на мандатот...Племенските размисли...никако да ги сварам...
Од: apologet
Датум: 26.07.2010 11:52:17
do marijan od veles.ako sakas da bides реално и објективно информиран citaj go latas, mirka ili sitel.ne li si i ti zbunet od postapkite na vladata.vo site segmenti.mozno li e premierot da bide se i sesto, i sudija i ekspert po kanabisot i najgolem patriot.
Од: Ivica Vasev
Датум: 26.07.2010 11:57:33
Ona sto e ocebijno vo ovoj tekst e samo partiskata orijentacija na Kramarska - nisto drugo. Namesto da se osvrne na faktot deka bojkotot se pravi poradi ucena sto ne go zasega Delovnikot (a cij tekst e skroen konsensualno); namesto da go kritikuva faktot sto premierot se drznuva da komentira odnosi vo Parlamentot (a toj e izvrsna vlast i ne treba da se mesha); namesto da se zagrizi za loshata slika sto ja prakjame vo javnosta i pred megjunarodnite faktori, Kramarska likuva sto nekoj go molel SDSM da si ja vrsat rabotata za koja se izbrani - zalno i nedostojno za dneven vesnik koj treba da bide neutralen (so Erol i Kramarska, nikogas).

Најди! во Утрински
Втора страница
Оптимизмот го хранат со 11 деца
Колапс на „Гоце Делчев“
Вербатим