Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Меридијани

Појадокот на една свиња

Хауард Дејвис

Џорџ Сорос и' дава само 50 проценти шанси за опстанок на еврозоната во сегашната форма

Европските донесувачи на одлуки слабо се справија со грчкиот проблем со долгот. Шефовите на влади на ЕУ и Европската централна банка првично ја отфрлија идејата за инволвирање на ММФ, но без план за повлекување. Тешко може да се избегне заклучокот дека дел од мотивот за тоа беше спротивставувањето на Никола Саркози да се види со Доминик Штраус-Кан, управниот директор на ММФ. Веројатно Штраус-Кан ќе биде ривал на Саркози на следните претседателски избори во Франција.

Дали Грција е „канаринецот во јагленокопот“ - предупредување што ни кажува дека монетарната унија на Европа е на работ на распаѓање, додека други три членки од познатата кратенка ПИГС (свињи) - Португалија, Италија и Шпанија - се наредени како домино за паѓање? Џорџ Сорос смета дека станува збор токму за тоа и' дава само 50 отсто шанси за опстанок на еврозоната во сегашната форма. Секако, оваа епизода ги нагласи слабостите во начинот на кој се управува еврото - слабости што не се никакво изненадување за некои учесници во креирањето на заедничката валута. Хелмут Кол, еден од главните родители на еврото, во 1991 година изјави дека „идејата за одржување економска и монетарна унија, со текот на времето, без политичка унија, е заблуда“. Во своите мемоари Маргарет Тачер истакна: „Верувам дека европската единствена валута е предодредена да пропадне, економски, политички и, навистина, социјално, иако тајмингот, поводот и последиците се нејасни“. Сега можеби се отвора пазар за грчки превод на нејзината книга.

Иако можеби не се согласуваат со кое било од тие две апокалиптични предвидувања, многу европски лидери се согласуваат со мислењето дека постои потреба за промени и дека грчкиот случај откри недостаток во центарот на проектот. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шаубле, се фокусира на прашањето за погодените членки и изнесе предлог европски монетарен фонд да обезбедува помош за земјите што имаат тешкотии, како Грција, приближно според моделот на ММФ. Слаба страна е што ќе биде потребна промена во европските договори што, пак, бара едногласна одлука од 27 земји и позитивни референдумски гласања во некои од нив. Како последица од негативните референдуми во Франција, Холандија и во Ирска за европските уставни реформи, речиси е незамисливо дека шефовите на влади на ЕУ ќе се согласат да го изодат тој пат повторно. Така, во краткорочни рамки ќе треба да се искористи ММФ, доколку биде потребен таков вид поддршка, а Саркози ќе треба да ја проголта својата гордост. Но, дали еден ЕМФ е навистина она што е потребно во долгорочни рамки? Мислам дека не. Исто така, мислам дека не е строго потребна европска економска влада. Она што, сепак, е потребно, е колективен договор за фискална дисциплина и заживување на Пактот за стабилност.

Европските лидери треба да се упатат на делото од Отмар Исинг „Еврото - валута без држава“, пред да се случи кризата со долгот. Исинг, главен економист на ЕЦБ во нејзините развојни години, има поголеми познавања како функционира една монетарна унија во практика, отколку кој било друг. Тој смета дека „Пактот за стабилност и развој ги содржи сите правила што се потребни за да функционира монетарна унија. На Европа не и' е потребен францускиот план за координација на даночните политики, или друг ММФ, но потребна и' е фискална дисциплина за да се спречат други земји од слободно дејствување, како што се чини дека направија Грците“.

Оригиналниот Пакт предвидуваше горна граница на фискални дефицити од три отсто од БДП, заштеда во исклучителни околности. Инвеститорите ќе сфатат дека сега сме во такви околности, така што ќе биде потребно некое време да се вратиме на тоа ниво. Но, јасна цел треба да биде, со помош од ММФ по тој пат, да се обезбеди привремено финансирање таму каде што е потребно и политичко покривање за владите што се обврзани да донесат тешки одлуки за јавните трошоци и за оданочување. Фискалната дисциплина не звучи визионерски како „економска влада“. Но, ЕУ страдаше од презаситеност од „визија“ и дефицит од практични буџетски мерки. Време е да се поправи тој баланс или мрачната прогноза на Сорос ќе стане реалност.

(Авторот е поранешен заменик-гувернер на Банката на Англија и актуелен директор на Лондонската школа за економија. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдиејт“)


#
Статијата е прочитана 1305 пати.

Испрати коментар

Од: Лазо Стефанов
Датум: 19.04.2010 07:10:16
Го забораме она најважното ,,заштеди во исклучителни околности„ , а не само дефицит најмногу од 3%. Најотното најчесто и најбрзо се заборава и најмногу не се почитува.

Најди! во Утрински
Мислења
Хомо запиенс