Хороскоп
ОВЕН
Конечно, се смиривте. Шансата да ги средите недоразбирањата сега се на ваша страна. Се' уште се чувствуваат последици од незадоволството, но бидејќи сте упорни и енергични излегувате од криза. Само давате, а ништо не добивате за возврат.
БИК
Растргнати сте на повеќе страни, па последица на тоа е нервната раздразливост. Иако сакате да правите повеќе работи истовремено, малку претеравте. Слободните моменти ги користите на погрешен начин. Наместо да се одморите, не престанувате со правењето планови.
БЛИЗНАЦИ
Околината тешко може да сфати што ви се случува низ глава. Многу припадници на знакот воопшто не се трудат да ги решат проблемите. Знајте дека никој не е идеален. Претходно планирано патување е на повидок, потрудете се да уживате и да се релаксирате.
РАК
Реагирате многу бурно и постојано барате други да ви ја нахранат суетата. Немојте да сте нарцисоидни, тоа и' пречи на околината исто колку и вашата амбициозност. Внимавајте на исхраната, а време е и да почнете да се занимавате со некој спорт.
ЛАВ
Воопшто не сте практични, ситничави и перфекционисти. Што ви се случува? Бидејќи дефинитивно се изгубивте на љубовен план, најдобро би било да се дистанцирате од партнерот. Правите многу грешки, потрудете се да се приберете и да се смирите.
ДЕВИЦА
Полека закрепнувате од разни стресови. Емотивната бура поминува, но, сепак, мора да се прашате колкав е вашиот дел од одговорноста. Само со реални согледувања на ситуацијата можете да избегнете проблеми. Занимавајте се со спорт.
ТЕРЕЗИЈА
Професионалниот успех не ве прави задоволни. Потребно ви е нешто многу посилно за да најдете внатрешен мир. Сонувате за нешто премногу недостижно, особено за нова љубовна авантура. Некои размислуваат за создавање потомство, затоа бидете упорни.
СКОРПИЈА
Ве очекува успех, бидејќи сте креативни и исклучително способни. Ќе ја импресионирате околината со современи погледи. Лицата родени во знакот на Лав постојано ви контрираат, бидејќи не можат да се навикнат на вашето неконвенционално однесување.
СТРЕЛЕЦ
Си зададовте многу задачи, па фанатички се трудите да ги реализирате. Колку ќе успеете во тоа е дискутабилно, бидејќи повеќе ви одговара да зборувате отколку да работите. Партнерот ве поддржува во се' што правите, затоа ценете го тоа.
ЈАРЕЦ
Успехот е неминовен, но мора малку да се помачите. Штом го сфатите тоа, ќе ви биде полесно. Потрудете се да ја контролирате нетрпеливоста, ситуацијата бара повеќе флексибилност, а помалку нервоза. Љубовната идила трае, имате право да уживате.
ВОДОЛИЈА
Ситуацијата бара промена. Мора да се приспособите и да бидете модерни. Доколку не се смирите ќе имате проблеми, а вие до таа мера сте стабилни што тешко ви паѓа тоа. Правите многу грешки, насочете се кон партнерот и прифатете ја неговата поддршка.
РИБИ
Конечно, кризата помина. Слободното време користете го за да се средите, бидејќи претходните денови бевте растргнати на сите страни. Иако се трудите вината да ја најдете во другите, не сте во право. Направете промени , почнете да се дружите со нови луѓе.
|