Што прават денеска
Оливер Глигоров
пејач
Ден исполнет со особено силни емоции за промоцијата на мојот прв музички албум насловен „Да ја најдам Јана“, во мојот роден град Струмица. Промоцијата ќе се случи во хотелот „Студио ин“, со почеток во 12 часот. На албумот се сместени шест фестивалски песни во авторство на Миле Барбаровски и Огнен Неделковски и четири староградски песни во мој аранжман.
Сашко Коцев
актер
Првата главна обврска во денот ми е пробата во МНТ за новата претстава „Темпирана опера“. Вечерта повторно сум во МНТ, играм во репертоарската претстава „Сомнително лице“. Останатото време ќе го употребам за пишување на новиот материјал за стендап-комедиите, со кои продолжуваме од 3 ноември во „Џубокс“.
Кристијан Јованов
пејач
Денеска ме очекуваат неколку обврски во врска со моите студии на Економскиот факултет на ФОН. По факултетот им се посветувам на плановите за мојата музичка кариера. Всушност, конкретно, со продуцентот Роберт Саздов во студио работиме на нови песни, а подготвуваме нешто и за конкурсот за домашниот избор за „Евросонг“. |