Ние македонските граѓани сме уморни, понижени и навредени од бесконечните понижувачки, бескорисни, непотребни и јалови „преговори за името”, наметнати од фашистичката власт на геноцидната држава од лицемерната ЕУ - Република Грција. Тортурите што ги трпиме, енергијата што ни ја земаат, нервите кои ни ги ослабнаа со глупавите и фашизоидни идеи за промена на името на нашата македонска земја и држава, не не' оставаат да му се посветиме на подигнувањето на животниот стандард и на подобриот живот, туку не' трујат со нивните стерилни и глупави, но длабоко перфидни идеи за обезличување на македонската земја и држава, само со задача да и' се задоволат ирационалните каприци и желби на фашистичката власт на јужниот сосед, да не постојат Македонци и македонска земја, како да е тоа нивна волја, а не Божја!
Ве молам да ги имате предвид следниве факти при вашата конечна одлука и да им ставите крај на мачните, тегобни, понижувачки притисоци врз Македонија и македонските граѓани, непотребните преговори, со кои меѓународните државни службеници, ниту имаат морално, ниту законско право да се мешаат и да даваат срамни и крајно понижувачки предлози за постоењето на една независна земја, сакаат да го променат името, идентитетот, историјата, постоењето на македонскиот народ и државноста. 1. Македонската библиска земја, многу пати распарчувана од големите европски сили (Букурешт и др.), поробувана и ограбувана, ја доби својата државност по Втората светска војна, во рамките на ФНР Југославија, а од 1991 година се здоби со независност, која ја изгласаа граѓаните на референдум. Така, романтичниот сон на секој народ да има своја држава, се оствари и за македонскиот народ.
2. Република Македонија како независна држава, под нејзиното уставно име, ја признаа повеќе од 120 земји, меѓу кои се најголемите светски сили како Руската Федерација, САД, Народна Република Кина, Индија и многу други! Според тоа, може да се оствари желбата на нашиот јужен сосед да не' нарекува како што сака (а тие и денес не' нарекуваат: скопјани-мајмуни во нивните весници). Билатералното прашање на Република Грција да остане билатерално, а не меѓународно, како што сега се постави!
3. Сметам дека е крајно време да се прекинат неразумните „преговори”, бидејќи нема потреба од нив: Македонија е призната земја од половина и повеќе народи на Земјината топка! Дали треба малцинството да надвладее над мнозинството?!
4. Македонецот има право на живот и грчките националисти и фашисти тоа право нема да го одземат!
5. На грчките шовинисти да им порачаме да не' остават мирно и достоинствено да си ја градиме земјава и да живееме подобро, а не да се изживуваат на една економски слаба земја, со граѓани кои сакаат мир, просперитет и подобар живот.
6. Македонските граѓани на референдумот во 1991 година се изјаснија за независност на Република Македонија, па, според тоа, не е потребен друг референдум за изјаснување за името на државата. Ова и поради фактот, што ние, денешните македонски граѓани, немаме морално право, во име на нашите предци, прадедовци, борци, загинати во име на македонската држава и народ, да се изјаснуваме за промена на вековното име!
7. Членството во ЕУ е само пуста желба на земјава, а зависи од политичката волја на бирократијата од Брисел, исто како и членството во НАТО!
8. Затоа, да не дозволиме краткорочните цели да ги замаглат долгорочните цели и соништа за независна македонска држава за која со векови се пролевала македонска крв! Да не им овозможиме на домашните опортунисти, кои со голема леснотија се согласуваат да ги сменат името на својата земја, идентитетот и традицијата, само поради нивната алчност за брзи задоволства, кои, за жал, нема да бидат задоволства, туку страдања и понижувања без крај!
Mnogu patetika Marija. So imenuvanje na Grcite so gadni iminja nema nikade da stigneme. Ovaa zemja mora da vleze vo EU i NATO ili koga togas ke nestane.
Од: Janko Tomov, Avstralija
Датум: 21.07.2009 00:50:07
Pred se prijatno iznenaduvamje od Utrinski vesnik, shto dozvoluva statii so patriotski sodrzini vo koi se brani ne samo imeto na Makedonija i makedonskata nacionalnost, tuku se branat osnovite na svetskata demokratija, so cel za mir i progres na site narodi , a posebno na makedonskiot narod. Samo taka, kako shto e ovaa statija, og za mene golem patriot, moze da mu se povrati patriotskoto custvo na deneshniot Makedonec, od patriotski, suveren, politicki, demokratski i sl. karakteri. Voshiten sum od avtorot na statijata,a i se zgolemuva doverbata moja kon UTRINSKI. Doviduvanje vo Septemvri vo Makedonija posle 34 godini.
Од: flying-monaco
Датум: 21.07.2009 08:03:52
G. Marija.
Potpolno ste vo pravo i sigurno ja imate poddrshkata vo golem broj makedonci, no za zal kako i sekogash i denes imame,predavnici i ne nasitni, po cena na drzavata samo pusta VLAST im se vrti vo glavata,poglednigi izjavite na opozicijata ke zakljuchis shto se sluchuva. Kako tie najpametnite vo R.M. samo pamet da solat.Kako samo tie znaat pregovori. i tie prvi da doznaat shto se pregovaralo.Za srekja se kornat eden po eden, ke se spasi i drzavava, i narodot vo nea.
Од: citatelka2
Датум: 21.07.2009 08:23:56
Да, многу патетичен текст.Станавме и ние патриоти од грчки калибар.Тоа не води никаде.Не е тука ни Марија нити било кој од нас кадарен да каже што е тоа долгорочно што е подобро за Македонија, НАТО и ЕУ или името. Јас лично мислам дека е подобро да сме дел од светската и европска фамилија, ама кому ќе објасниш! А најсмешни ми се овие патриоти на далечинско! Навистина колку е лесно да делиш лекции а истовремено живееш по светски стандарди.
Од: Игор
Датум: 21.07.2009 08:24:01
И еве ќе ги прекинеме преговорите и после што?
Во сите организации не нарекуваат FYROM. Што тоа ќе добиеме со прекин на преговорите? Можноста да го задржиме FYROM?
Втора работа е дека со тоа се откажуваме од НАТО и ЕУ. Имате ли некој план за што потоа или тоа не е важно?
Од: Колега од факултет
Датум: 21.07.2009 09:08:24
Драга Марија,
Многу претера и нанесе зло на сопствениот народ. Твоето размислување не е европски, туку многу конзервативно со силни примеси на национал-социјалистички изливи. Марија, патот до Брисел води преку Атина, грчкиот народ е наш европски сосед и кога тогаш ќе биде заедно во ЕУ. Делиме исти вредности, исти очекувања. Да живееме подобро со повисоко културни вредности и да соработува��е како најдобри соседи. Проблемот ќе се реши, кога веќе нашите политичари не беа доволно мудри да го разрешат пред тој да се појави. Добрите норми на однесување не обврзуваат на почитување на другиот колку да е тој поразличен од нас и колку да има поразлични номентални интереси од нас. Длабоко сум убеден дека грците ќе ни бидат наши најдобри соседи.
Од: Donald Duck
Датум: 21.07.2009 09:25:41
Do: Janko Tomov, Avstralija
Gospodine Tomov, lesno e da bides golem makedonski patriot vo Avstralija. Sostojbata so patriotizmot mnogu kje vi se izmeni vo septemvri...koga kje vidite vo kakva fashisoidna drzava se pretvorivme. Jas ne znam sto za vas znaci patriotizam, za mene patriotizam e sakanje na pravna drzava (vo vistinska smisla na zborot), koja se grizi za svoite gragjani. Kade sudstvoto, zdravstvoto, obrazovanieto, policijata, administracijata i tn se nepartiski, kade ima standard za dostoinstven zivot i bez grizi za idninata na nasite deca, kade ne se progonuvaat politickite neistomislenici....se sto za zal go nema vo MKD.....vo ovie uslovi imeto na drzavata e od fakultativno znacenje......
Од: gt
Датум: 21.07.2009 10:22:07
Marija iskren pozdrav i blagodarnost za tekstot. Mora da bideme optimisti. Na dolg rok pobedata e nasa. Ne moze "oni" da sakaat poveke od nas da ne se vikame Makedonci otkolku sto nie sakame i znaeme deka se vikame Makedonci i Makedonija. Ednostavno igrata ne e "zero-sum". Mislam deka treba poignorantno da se odnesuvame kon toj odnos od edna arogantna zemja kako Grcija koja nikoj vo svetot ne ja respektira kako sto tie sakaat da se prikazat, pa "kompleksite gi lecat" na poslabi zemji kako Makedonija. Zamislete da mu kazete na eden Danec deka ne e Danec. Toj verojatno ke vi se iznasmee. Mislam deka Makedonija ke bide priznaena pod ustavnoto ime vo ON, NATO i EU. Samo treba da ja raskazeme vistinata i da se promovirame kako sto toa se obiduva da go pravi Vladata. Hrabro i so poveke optimizam ke stigneme do celta :).
Од: protiv PATRIOTIZMOTTTTTT
Датум: 21.07.2009 12:12:47
Marija,alal vera,patriotka vakva majka Makedonija ne rodila. Od vakvi kako tebe puknala pcenicata. To;no toa [to ti go promovira[ e najfasizoidnoto. Jasni se boite na tvojot intelekt,dokolku navistina go poseduvas. Pojasno ne moze da bidi deka nasiot rezim beskrajno si ja saka vlasta i samo zatoa go siri ovaj "патриотизам" za koj se lepat mnogu naivni ,to;no kako tebe. Ovaa vlast ,poveke od sigurno ne e za NATO i EU,oti vo sprotivno bi ja izgubila vlasta. No si uspeva da si manipulira so naivnite makedoncina ,a koi ke ja dovedat drzavata do ;ista propast. Zalosno e samo sto cel narod ke se bori za egzistenc minimum,samo zaradi nasite samobendisani patrioti. Svesni li sme deka nemozeme do beskonecno da kradime istorija?No docna ke bidi............
Од: Trajanka
Датум: 21.07.2009 13:06:53
Do DONALD DUCK go delam tvoeto mislenje , mnogu ubavo realno videno , toa e najgolemata kocnica za sovremeno dostojno ziveenje ...Pozeluvam site patrioti koi vistinski ja sakat svojata zemja neka se vratat doma so sreka!!!
Од: Православна Македонија
Датум: 21.07.2009 13:29:56
Лага е ставот дека сме во безизлезна ситуација. Со над 120 земји кои не признаваат како Македонија и со мнозинство од постојаните членки во советот за безбедност, ние просто треба да ги прекинеме преговорите. Што ќе ни прават европјаните. После 3-4 години ќе се помират со тоа и тоа нема да биде никаков услов за влез во ЕУ и НАТО. Вреди за 3-4 години, па и 10 години да се реши за трајно еден ваков клучен спор. Во спротивно барањата ќе продолжат од Бугарите, па Србите, Албанциате, после некое време пак од Грците се до наше целосно уништување.
Од: Jon Ohrid
Датум: 21.07.2009 13:39:16
Jas ke go zamolam Donald Duck ,vo nekolku recenici da objasni,zosto bara Grcija da go smenime imeto,odnosno koja e nejzinata cel, za da vidam dali i jastreba da mislam kako nego ,utrinski ve molam ovozmozetemu ama vo kratko
Од: алчен опортунист
Датум: 21.07.2009 13:59:04
Писмово не е патетично; писмово е фашистичко! Ние стоиме на страната на „Божјата волја“ оти сме библиска земја (додуша, од пред Библијата); крвта пролеана од претците ни бие по дамарите и морално не насочува; куп навреди за Грците; Брисел е олицетворение на злобна бирократија; оние (од нашите) што мислат различно се „алчни опортунисти“, згора и малку глупави... Наравоучение: прво да ги „суредиме“ опортунистите по дома, па после единствени и обединети ќе го „суредиме“ светот токму по наше - за да биде подобар (за сите)! Да не звучи малку познато, професорке? Инаку, заложбата за прекин на преговорите ја сметам за легитимен став. Но, тогаш ќе треба да се понудат алтернативи за напредокот и развојот на државата и соодветни аргументи. Писанија од типот „светот бил лош, клетите Грци полоши, а домашните предавници - најлоши, убеден сум, не водат никаде. Освен можеби кон дното!
Од: Hari od Stokholm
Датум: 21.07.2009 16:36:05
Marija da se zasrami za pismoto sto go pisuva, i na grckiot fasizam zar trebe da iodgovorime so fasizam. Vladata na Gruevski vece 3 godini ja vodi zemjata vo bezdna, fasizmot se razgoruva vo Makedionija(tepanjto na studenti na plostad, nasilstvoto vo Struga vrz neistomislenicite i red drugi raboti). Nie trebe da se vborime protiv fasizmot vo nasata zemja a ne da go pothranuvame!!! Sramota Marija!