Број 3041  вторник, 21 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Забраната за алкохол по 19 часот

Рената Хуиќ, Скопје

Имам мала продавница - колонијал во Скопје. Револтирана сум од односот на инспекторите, како се однесуваат кога спроведуваат инспекција само во одредени продавници. Постои очигледна етничка селекција. Инспекцијата не е видена да оди во контрола на Кванташки пазар. Значи, законот и казните (астрономски) што ги плаќаме важат само за мнозинскиот народ?!

Еве, конкретно за пијалакот што не смее да се продава по 19 часот. Постои забрана и се' е в ред. Го донесоа Законот, некој го почитуваше, некој зеде лиценци за продавање алкохол, што како цена беше превисока. Ама ајде, само да не ги оставиме соседите без пиво и да не шетаат по Скопје. Е, сега инспекцијата масовно се раздвижила низ сите продавници во Скопје и ги казнуваат сопствениците кај кои, и покрај тоа што се' е в ред, секако, наоѓаат мала грешка, на пример, не било истакнато дека „не се продава алкохол по 19 часот“ и слично. И за таа мала грешка сопственикот треба да плати 1.000 евра! Уште еден апсурд: по 19 часот пијалакот треба да биде соодветно заклучен и тоа со катанец. Па, ако има забрана што е битно како е заклучен и каде се наоѓа клучот? А и тука може да се добие казна до 5.000 евра! Поради тоа, многу мали продавници се затвораат, а никој не се загрижил за ова.

 


Статијата е прочитана 681 пати.

Испрати коментар

Од: mitko ja opservira okolinata
Датум: 21.07.2009 00:36:03
Spored moite skromni opservacii denes ima mnogu poveke pijani mladi luge otkolku pred 20-30 godini. Togas mladite imaa pari da sedat vo kafana i tegavea po edno pivo cela vecer. Sega tie masovno se butaat vo temni prostori i pijat mnogu poveke. Duri i vkusot im e polos, mnogu cesto tie mesaat coca-cola so vino ili pivo-odvratno.
Од: Alek
Датум: 21.07.2009 09:17:10
Ова потсетува на играта „пронајди ги грешките во сликата“. Само овде е „пронајди ги глупостите во законот“. Дополнети со безобразните инспектори кои просто се чудат со што да ја наполнат државната каса од гранапчињата. Притоа, големите ѕверки поминуваат ни видени ни казнети. И, да не се залажуваме-младината не е потрезна поради небулозниот закон.
Од: mene
Датум: 21.07.2009 14:38:41
zakonot e ednakov za site i site treba da go pocituvaat. ako mozat golemite marketi da go pocituvaat a pritoa redovno plkaat danok na drzavata plati za vrabotenite i pridonesi, izdavaat fiskalni smetki zasto togas se bunat malite dukandjii, se prosirile na drzavno zemjiste bez da platat danok,nitu davaat fiskalni smetki nitu pak go pocituvaat zakonot za prodazba na alkohol a da ne zborime pak za cenite vo nivnite dukani kade sto se povisoki za razlika od golemite marketi

Најди! во Утр��нски
Писма
Уморни од бесконечните преговори