Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Македонија и Бугарија се поврзаа со нов далновод

Кај трафостаницата „Дуброво“, во близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера свечено беше пуштен во работа новиот 400- киловолтен далновод Дуброво - Црвена Могила , што ги поврзува Македонија и Бугарија.

Далноводот е првата 400 -киловолтна врска меѓу енергетските системи на Македонија и на Бугарија. Тој е изграден во согласност со Договорот за енергетска соработка меѓу двете земји, со средства на МЕПСО и на бугарскиот НЕК- преносен оператор, како и со заем од ЕБОР, за кој државна гаранција даде Владата. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 32 милиони евра, од кои 19 милиони се за далноводот. Тој е долг 150 километри, од кои 70 се на територијата на Македонија. Предвидено е НЕК да исплати средства во износ од 9,5 милиони евра, што МЕПСО ги инвестира за изградба на далноводот на бугарска територија, со доставување на електрична енергија за Македонија. На вчерашната свеченост присуствуваа премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Сергеј Станишев.

Со пуштањето во работа на овој далновод, започнува реализацијата на Коридорот 8. Премиерот Груевски посочи дека тој е од исклучително значење за Македонија и за Бугарија, но и за целиот регион, бидејќи ќе обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична енергија. „Во последните години енергетскиот дефицит станува предизвик на Македонија и за регионот поради што е неопходен оптимален пристап за зголемување на производните капацитети со дополнителни инвестиции за изнаоѓање нови извори на енергија и за енергетско поврзување со регионот“, рече Груевски.

Тој додаде дека Владата иницира сериозен инвестициски циклус од 1,5 милијарда евра во следните четири-пет години во делот на хидроцентрали, термо и гасни централи, како и во обновливи извори на енергија. Груевски потсети дека неодамна се склучени договорите за концесија за изградба на 400 мали хидроцентрали, деновиве ќе се објави јавниот повик за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ и дека во завршна фаза е постапката за избор на стратегиски партнер за хидроцентралата „Бошков мост“. (МИА)


Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 16.12.2008 10:02:29
На ЕПП владата им одговара само трговијата.Таму се далаверите,провизите за личен интерес.Тие не осекат потреба од купуванје на акции за изградбата на нуклеарната централа Белене.Добро си ја познават работата,колку повеке инвестици во помали проекти толку повеке црни бизниси.Тоа се гледа и со големите увози на електрична енергија и кога нема потреба.А ги уништуват домашните капацитети под изговор дека се во дефекти.
Од: commanddevil
Датум: 16.12.2008 15:18:50
cudni slucki ni se slucuvaat....nesto mnogu ,,makedonija(odnosno sanstefanskiot dpmne) se ,,povrzuva.. SO GANJOVA BLGARIJA?... mozebi stanisev im ja peel onaa chakam te da doijdesh?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Странските банки може да ја загрозат Источна Европа
Млечната криза тропа на врата - фармерите го колат добитокот
РЕК ќе го кастри бројот на фирмите-изведувачи
„Космофон“ нуди 3-Г за при-пејд корисниците
Во Прилепско започна откупот на тутунот
Оризот, кашкавалот и јајцата поскапи
„Електролукс“ укинува 3.000 работни места
Заразено ирско говедско месо и во Грција
Од „Пролукс“ бараат плати, им нудат лустери