Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Ви импонираат различните пофалби, но почекајте на конечниот коментар или на нечие стручно мислење. Нема потреба да ја фаворизирате ситуацијата која не одлучува за крајниот исход на работа. На вашето расположение позитивно влијаат само оние кои добро ве познаваат вас, вашите емотивни афинитети или вкус.



Бик

Се обидувате да ја анимирате својата околина, но соработниците не покажуваат доволно слух за заеднички интерес. Постојат работи за кои непотребно се расправа и тоа не по ваша волја. Партнерот ви поставува различни прашања, а од вас ја очекува вистината со аргументирани докази. Ќе ви одговара нечија доверба или разговор со блиско лице.



Близнаци

Соработниците имаат добри намери, затоа прифатете нечија сугестија што води кон позитивни резултати. Важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате заедничките работни договори во предвидениот рок. Ви недостасува нечие присуство или емотивно влијание.



Рак

Некој ве доведува во непријатна ситуација и почнува да ви досадува со своето однесување. Нема потреба да се правдате пред соработниците, кои не го почитуваат дадениот збор или заедничкиот договор. Потрудете се да ги остварите своите намери. На средбата со саканото лице се' може да се промени на едноставен начин, покажете само добра волја.



Лав

Сакате да ја претставите вашата нова идеја или план пред соработниците. Немојте да дозволите да ви недостасува оптимизам и јака волја во одлучувачките моменти. Проблемите што ги имате можете да ги решавате во одење. Планирајте некоја несекојдневна забава во друштво со саканото лице.



Девица

Имате лошо претчувство, затоа избегнувајте ги интригантните ситуации или лицето што ви досадува со своето однесување. Сепак, во обид да се решат проблемите, и тоа на мирен начин, не го постигнувате очекуваниот ефект. Вознемирени сте.



Вага

Ве очекува позитивна информација со некоја ваша креативна улога или размислување за работна соработка. Со нетрпеливост очекувате средба со лицето што треба да го потврди вашиот успех или можноста за понатамошна соработка. Присуството на партнерот и приврзаноста влијае охрабрувачки во различните ситуации, особено во моментите на лична слабост.



Скорпија

Околината покажува големо интересирање за вашите идеи. Потребно е да ги усогласите заедничките работни интереси и термините. Вашите резултати на најдобар начин го илустрира знаењето или способноста што ја поседувате. Добро би било да заборавите на гласот на разумот и да ги следите своите чувства. Одговорете на пораките што ви ги праќа саканото лице.



Стрелец

Се наоѓате во добра психофизичка форма и верувате во своите способности, така што не грижите се поради различните проблеми што ве оптоваруваат вашите соработници. Успехот може да се оствари во комбинација со професионалните манири, искуства и скриените адути. Планирајте интересна забава во одбрано друштво.



Јарец

Понекогаш работите не се така едноставни како што изгледа на прв поглед, затоа немојте да дозволите некој да ве употреби за своите скриени намери. Претпазливо анализирајте ги случувањата на работната сцена или нечии реакции. Загрижени сте. Ви недостасува нечие емотивно внимание и присуство, но партнерот нема доволно волја за да ви се доближи.



Водолија

Информациите што ги добивате ги потврдуваат вашите очекувања за понатамошниот развој на случувањата на работната сцена. Прифатете нечија идеја за заедничката соработка, ќе ви се исплати. Покажете повеќе смисла за практичните аспекти што се однесуваат за долгорочните решенија. Немојте да ги потиснувате своите емотивни желби, постои лице што може да ви угоди или да ви овозможи добар љубовен третман.



Риби

Лицето што има други интереси нема да ви дозволи да ги остварите своите работни намери. Бидете претпазливи на средбата со соработниците, постојат ситуации што треба да ги одложите за подобри моменти. Понекогаш упорноста и големите зборови не се доволни пред блиското лице.





Најди! во Утрински
Барај со НАБУ