Се уриваат привремените објекти кај Рампа
Повеќе киосци, трафики и друг вид монтажни бараки кај Стара рампа деновиве беа урнати. Причина за уривањето на привремените објекти, кое го спроведе општината Кисела Вода, е реализација на ДУП и подготовка на теренот за градежни зафати околу проширувањето на улицата „Првомајска“. Овие објекти на самиот влез на Кисела Вода егзистираа неколку децении и беа белег на населбата, па од мали трафики, со текот на времето некои од нив прераснаа во сосема солидни монтажни објекти во кои се извршуваа разни услужни дејности. (С.Р.)
|